Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ го организираа традиционалниот избор на најубаво украсено велигденско јајце во Македонска Каменица. Годинава, најубавото велигденско јајце го креираше Марија Витановска, второто место го освои Дарко Јовановски, а третото им припадна на Бранка Стојчева и Јованка Стојковска.
Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ на победниците, учесниците и на сите граѓани им посакуваат среќни велигденски празници.

