Author: kamenica.mk marketing
Мотел ресторан „Парк Панорама“ организира велигденски музички викенд. За претстојните велигденски празници се потврдени настапите на „Дикато“ и „Национал бенд“, а гостите ќе можат да се релаксираат во преубавиот амбиент на Ресторанот или во сместувачките капацитети на „Парк Панорама“. Сите дополнителни информации можете да ги побарате на официјалната фејсбук фан страна на Мотел ресторан „Парк Панорама“.
Дека учесниците во македонските квизови можат да ги изговорат најголемите глупости е одамна познато. Ова е уште еден урнебесен одговор на учесничка во македонски квиз. Погледнете! https://www.youtube.com/watch?v=D7gJzdig66s&feature=youtu.be
Пред точно два месеци општина Македонска Каменица ја стартуваше најновата социјална програма – бесплатен јавен превоз за пензионери и за лица во социјален ризик. За таа цел беа набавени две нови комби возила кои ги превезуваат патниците од руралните средини до општинскиот центар и назад. „Во првите два месеци превезени се околу 2000 лица и интересот кај граѓаните е огромен. Во најголем дел жителите на руралните средини се задоволни од воведувањето на оваа социјална програма. Покрај пензионерите и социјално загрозените граѓани, комби возилата се користат и од другите општински установи и институции, согласно донесениот Правилник од Советот на ЕЛС Македонска…
Во вчерашниот натпревар што се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, екипата на ФК Каменица-Саса извојува победа во дерби натпреварот против Овче Поле. Конечниот резултат на натпреварот е 4:0. Со оваа победа Саса сеуште е во игра за пласман во Втората македонска фудбалска лига, и за освојување на добитното трето место. Засега, третопласирана е екипата на Осогово која има предност од 6 бодови, но и изиграни два натпревари повеќе. Веројатно патникот во Втора лига ќе го решат овие две екипи, во нивниот меѓусебен дуел.
Дека информацијата за постоењето на мечка, која шета низ каменичките села, е точна добивме потврда од Ловното друштво. Имено, камерите кои ЛД „Каменица-Саса“ ги има поставено ја снимиле мечката. Претходно, мечката е видена и во атарот на Вратиславци и Косевица, а во атарот на село Моштица била забележана од жител на маалата „Каменаре“, за што потврда добивме од локален жител. Дали и колку мечката може да биде опасна, може да ги прашате членовите на Ловното Друштво, кои се запознаени со случајот.
Во текот на денешниот ден, до нашиот портал стигна информација дека во атарот на каменичкото село Моштица е видена мечка. Според нашиот извор, дека информацијата за мечката е точна, може да се провери и во Граничната полиција. Во моментов, kamenica.mk ја проверува веродостојноста на информацијата дека возрасна мечка навистина влегла во селото.
Од денес започнува пријавувањето на учесниците на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“ и ќе трае до 28 април 2017, кога турнирот ќе биде отворен со традиционален натпревар во мал фудбал. Годинава. во рамки на Турнирот ќе се играат натпревари во следниве спортски дисциплини: МАЛ ФУДБАЛ (МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА) Услови: Право на учество имаат спортски екипи од Македонска Каменица кои во својот состав нема да вклучат повеќе од два натпреварувачи од другите општини. Екипи кои професионално се натпреваруваат во било која државна лига немаат право на учество на турнирот. Пријавувањето на екипите трае до 28 април 2017 година. Котизацијата за учество…
Годинава, беровскиот Mayday Festival се враќа во полн сјај. Урбаниот музички звук ќе го примиме во двојна доза, и со многу повеќе задоволство. По извонредниот фестивалски старт во минатата година, во 2017 Mayday Festival се враќа се два фестивалски термина. На 16 април, викендот за Велигден, под насловот „Mayday Easter“, а на најжешката сцена во Источна Македонија ќе настапат: Стефан Попов од Бугарија и македонските диџеј атракции Никифор и Articulatee. На 30 април, на „Mayday Spring Sensation“ фестивалското лудило ќе продолжи со еден од најдобрите тек-хаус млади артисти во Европа, Franz Costa од Италија и Македонците Флудер, Мицајков и DJ Ерик.…
Културно-информативен центар „Романса“ од Македонска Каменица во партнерство со Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, Бугарија ќе реализираат проект финансиран преку INTERREG-IPA CBC Програмата на Европската Унија. Со околу 60.000 евра КИЦ „Романса“ ќе набавува нова кино-опрема и компјутери со што значително ќе се подобри функционирањето на Центарот, а локалните жители ќе можат да ги следат најновите светски филмски остварувања. Инаку, Домот на култура во Македонска Каменица веќе целосно е реконструиран и набавена е нова аудио опрема и ново осветлување.
Општина Македонска Каменица во текот на 2016 година обезбеди ЕУ грант во износ од 260.000 евра. Со овие средства покрај патот до Перчачка маала, се гради и патот во Сарафска маала во село Саса. Овие неповратни средства се обезбедени од Европската Унија, програмата се имплементира преку Министерството за финансии на РМ, а истите се администрираат од страна на Светска банка. Крајната цел е да се подобри инфраструктурата во руралните области. Инаку, патот до Сарафска маала е со вкупна должина од околу 2 километри, ширина на коловозот од 3,5 метри, а фирма-изведувач е Жикол од Струмица.
