Author: kamenica.mk marketing

Општина Македонска Каменица е позитивен пример за тоа како локалната самоуправа и граѓанскиот сектор можат заеднички да дејствуваат во насока на развој на општината. „Со финансиска поддршка на Општината се доуредува манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, се поддржува Риболовното и Ловното здружение, како и редица други невладини организации. Особено се значајни успесите на спортските клубови, пред се на ФК „Каменица Саса“, кој е на чекор до пласман во Втора Македонска лига и на КК „Баскет Кам“ кој постигнува одлични резултати веќе неколку сезони по ред“ – истакнува градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски https://www.youtube.com/watch?v=7liInZAlrgo

ПОВЕЌЕ ...

Ако барате тивко место опколено со природа и чист воздух, на самиот пат од Македонска Каменица кон Делчево, кон планината Голак, тогаш не пропуштајте да уживате во спокојот на Мотел ресторан „Парк Панорама“ Тука може да уживате во тивка природа и вкусна храна во прекрасниот простран двор на мотелот. Собите се нови и реновирани со сопствен тоалет, тв и интернет. Во периодот до 30 април, Мотел ресторан „Парк Панорама“ Ви нуди ексклузивно можност за ноќевање со вклучен појадок, по промотивна цена од 800 денари.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица гради асфалтен пат до Перчачка маала во селото Моштица. Средствата се обезбедени како неповратен грант од ЕУ ИПА фондот, во вкупна висина од 260.000 евра. Покрај овој пат, со овие средства се гради и патот да Сарафска маала во село Саса. Асфалтниот пат до Перчаците е со должина од 2,7 км, ширина на коловозот од 3,5 метри, со банкини од двете страна со ширина од 0,75 метри и решено атмосферско одводнување. Овој проект ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на живот на локалните жители.

ПОВЕЌЕ ...

ЕВН денеска испрати известување дека заради градежни работи, Македонска Каменица во текот на утрешниот ден ќе биде без електрична енергија. Поради зафати кои се изведуваат на мостот на Каменичка река, на влезот во градот, ЕВН ќе врши премостување на своите инсталации кои се поставени во овој дел. Од овие причини, најголем дел од Македонска Каменица ќе нема електрична енергија во неколку периоди од 11.00 до 17.00 часот. ЕВН известува дека овие зафати се неопходни и ги предупредува корисниците да внимаваат на уредите во нивните домови, за да не дојде до предизвикување на штети.

ПОВЕЌЕ ...

Во изминатиот период, во Македонска Каменица се случува невиден вандализам. Неодговорни лица ги уништуваат канделабрите во градот, ги корнат декоративните садници и ги уништуваат цветните насади, ги нагрдуваат поставените експонати во „Паркот на рударите“, сечат млади дрвца во централното градско подрачје и ја уништуваат урбаната опрема. Цел на вандалите е и Градскиот плоштад каде е причинета значителна материјална штета. Од овие причини, општина Македонска Каменица ќе го засили присуството на општинското обезбедување, а ќе бидат известени и сите надлежни органи. Сторителите кои ќе бидат фатени ќе одговараат за причинетата материјална штета. Општина Македонска Каменица веќе започна со активности за санирање…

ПОВЕЌЕ ...

Снежана Анокич Рогало е образован овчар во Хрватска. Таа е Магистер по право, зборува италијански и е професионален возач на А, Б, Ц и Д категорија. Сепак, со сопругот Дарко во последните неколку години се посветени на овците и својата фарма во Доброгошче, село со пет куќи и тринаесет жители, на десет километри од Чаглин. “Јас можам да изберам каде да живеам и што ќе правам во животот. Сакам да уживам во природата и да бидам свој шеф”, вели Снежана. Таа по завршувањето на војната како 19-годишно девојче доаѓа во Италија, додека семејството е во областа Ѓаково. Во годините кои…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, во село Костин дол-Македонска Каменица се оддржа средба на членовите вклучени во мониторингот на крупни цицачи на Осоговските Планини. Пред учесниците беа претставени и можностите за аплицирање на Европските фондови со проекти за зголемување на фондот на дивеч, како и за развој на ловниот туризам. На средбата учествуваа членови од ловните друштва „Про-лов“ од Пробиштип, „Острец“ од Делчево, „Полаки“ од Кочани, „Буковац“ од Кратово, „Осогово“ од Крива Паланка, како и подружниците на Македонски шуми од Кочани, Делчево, Крива Паланка и Кратово. Организатор на оваа средба беше Ловното друштво „М.Каменица-Саса“ од Македонска Каменица, а настанот се оддржа со поддршка од…

ПОВЕЌЕ ...

Познати се четвртфиналните двојки во фудбалската Лига на шампиони. Атлетико Мадрид го доби Лестер, Борусија Дортмунд ќе игра со Монако, Јувентус налета на Барселона, а најинтересен ќе биде дуелот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид. Кои се Вашите фаворити?

ПОВЕЌЕ ...

Две девојчиња на возраст од 13 и 16 години се пријавени за исчезнати во полиција во текот на изминатиот ден. Во СВР Струмица, В.Б. (39) од с. Баница пријавила дека вчера околу 07.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината тринаесетгодишна ќерка. Ноќта, пак, во 04.20 часот во тетовската полиција од страна на С.Б. (46) од Тетово било пријавено дека во понеделникот, на 13 март, околу 18.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината шеснаесетгодишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.

ПОВЕЌЕ ...

Писмо до ЕУ од Западен Балкан Драга тетка Европо, Пишувам од името на твоите сиромашни роднини од Западен Балкан: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово и Албанија. Знаеш – оние непослушните. Помина долго време. Треба да разговараме. Пред четиринаесет години, во Солун, ни беше свечено ветено дека еден ден, не премногу далеку во иднината, на сите треба да ни биде дозволено да се вселиме во твојата голема куќа во Брисел и да седнеме како рамноправни на твојата маса. Сè што треба да направиме, рече ти, е да се упристоиме: да бидеме фини со тебе, и едни со други,…

ПОВЕЌЕ ...