Author: kamenica.mk marketing

Во последниве неколку месеци, до kamenica.mk пристигнаа десетина поплаки од „лудото“ возење на возачите кои ги управуваат цистерните на Лукоил.  [iframe-popup id=”3″] Иако патот Кочани-Македонска Каменица-Делчево е во лоша состојба, а во последниов период се вршат градежни активности на истиот, тоа не е пречка за возачите на Лукоил да возат со брзина поголема и од 90 км на час. Според локалните возачи, неприлагодената брзина и честото преминување на другата коловозна лента од цистерните на Лукоил им задава многу проблеми во сообраќајот. Според неколку поплаки, токму цистерните на Лукоил се причина и за неколку сообраќајни незгоди кои се случиле на овој…

ПОВЕЌЕ ...

ЕВН, преку својот портпарол Атанас Ковачевски се заканила дека ќе ја тужи Телевизија Стар и дека ќе ја прекине соработката со штипската телевизија заради објавени прилози. Во првиот прилог, ТВ Стар објави дека семејство од Штип го добило спорот против ЕВН и за истиот имаше огромен интерес во јавноста. Во вѕориот, револтиран и оштетен корисник на услугите на ЕВН, сам отишол во редакцијата на телевизијата, каде презентирал документи за спор со австриската фирма, а тврдел дека целото семејство му е во депресија и со нарушено здравје поради неколкукратна наплата на еден ист долг. И покрај тоа што ТВ Стар објавила…

ПОВЕЌЕ ...

Двегодишно девојче исчезнало во селото Кленоец откако роднина го оставил покрај патот, бидејќи не можело повеќе да оди пеш. Настанот се случил во четвртокот, кога В.Ј. (32) од село Карбуница пријавил дека вчера, заедно со неговите две внуки на возраст од шест и две години, се движел по локалниот пат од Кленоец кон село Извор. Во близина на јарболот во Кленоец, двегодишното девојче кажало дека не може да оди понатаму и останала покрај патот, а тој со шестгодишната внука се упатил во селото Извор. По еден час, кога се вратил на местото таа не била таму. Се вратил во куќата во…

ПОВЕЌЕ ...

„Viber“, една од водечките апликации за размена на пораки, најави дека на почетокот на март ќе претстави нови функции од областа на електронска трговија која на неговите корисници ќе им овозможи купување на бараните производи и брендови – непосредно додека разговарате со пријателите. Во создавањето на оваа револуционерна функција, „Viber“ се потпре на експертските знаења на нејзиниот сопственик – компанијата „Rakuten“, светски гигант во областа на електронската трговија. Шопингот е една од омилените активности за корисниците на мобилни уреди. Последните истражувања покажуваат дека повеќе од половина сопственици на паметни телефони ги користат истите за набавка и слични активности, а 66%…

ПОВЕЌЕ ...

Новооткриените „егзопланети“ може да имаат течна вода неопходна за живот при одредени атмосферски услови, соопшти НАСА, но шансите за наоѓање вода во течна состојба се најголеми кај три кои се наоѓаат во „златната зона“ на нивната ѕвезда. НАСА ги објави своите откритија за планетите на специјална прес конференција во Вашингтон. „Едноставно сум восхитен од длабочината и ширината на науката која ја работиме тука… За првпат најдовме толку планети слични на Земјата кои кружат околу една ѕвезда. Исто така за првпат успеавме да ги измериме и масите на планетите кои се со слична големина на нашата“, изјави шефот на Директоратот на…

ПОВЕЌЕ ...

Пчеларското Здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица, на ден 24.02.2017 год. (петок) во 18 часот, во Салата за состаноци во зградата на општина Македонска Каменица, организира предавање за сите свои членови и оние кои сакаат да се придружат кон здружението. Тема на предавњето е – Болести кај пчелите, нивно препознавање, дијагностицирање и лечење, со посебен осврт на ноземоза и вароза. Предавач ќе биде проф. д-р Мишо Христовски, шеф на кадедрата за пчеларство при Ветеринарниот факулте во Скопје. Реализацијата на предавањето е со поддршка од општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Оска-Пром од Виница е една од најдобрите компании во Источниот дел на Македонија, која работи во областа на трговија со керамика и санитарија. Продажниот салон се наоѓа на улица „Страшо Пинџур“ во централното подрачје на Виница. Оска-Пром ја одликува висока репутација, квалитетни производи, одлична услуга и брза достава. Во овој продажен салон можете да најдете уникатни производи за Вашиот дом, по прифатливи цени, имајќи во предвид дека голем дел од асортиманот се продава по акциски цени. За повеќе информации придружете се на официјалната фан страна на Оска-Пром Виница – https://www.facebook.com/Oska-Prom-950479581704435/

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во официјална работна посета на општина Македонска Каменица беше амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, г-ѓа Лепа Бабиќ. На средбата со градоначалникот, д-р Дарко Митевски, се разговараше на повеќе теми од политичката и економската сфера, за можноста за размена на искуства и продлабочување на соработката, преку заедничко аплицирање на општина Македонска Каменица и општини од Босна и Херцеговина на повиците на различни европски финансиски фондови. https://www.youtube.com/watch?v=Hp6S4PdzPOQ&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...

kamenica.mk стартуваше со петиција за повторно оддржување на музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica во Македонска Каменица. Инаку TSOK е open air музички фестивал, кој се оддржа во 2014 и 2015 година. Негова цел e урбано будење, градење на улична култура и промовирање на вистински музички вредности, наспроти секојдневниот кич, шунд и турбо-фолк кои не опкружуваат насекаде. На првото издание на True Sound Of Kamenica кое се оддржа на 11 Јули 2014 година настапија: Vladimir Acic и Loco Baby од Србија, Christian Craken, Momo Dobrev и Miss Party од Бугарија и македонските диџеи Даркман, Абраш, ЗокиПоки и Борче Панов. Дел…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на пензионери и општина Македонска Каменица, денес, ја започнаа традиционалната акција за доделување социјални пакети за стари и изнемоштени лица.  Пакетите се обезбедени преку заедничка соработка помеѓу пензионерите и локалната самоуправа. Оваа мерка е дел од низата кои се реализираат на подрачјето на општина Македонска Каменица. Сите активности се насочени кон обезбедување на подостоинствен живот и унапредување на положбата на сите социјално-агрозени категории на граѓани. https://www.youtube.com/watch?v=OUoR2rmJGM4&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...