Author: kamenica.mk marketing
В О З Е Н Р Е Д За превоз на патници на подрачјето на општина Македонска Каменица ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ДО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: Релација: Саса 2 – Македонска Каменица Време на поаѓање: 07:00 часот Релација: Саса 1 – Македонска Каменица Време на поаѓање: 08:00 часот Релација: Моштица – Македонска Каменица Време на поаѓање: 08:45 часот Релација: Дулица – Македонска Каменица Време на поаѓање: 09:45 часот Релација: Костин Дол – Македонска Каменица Време на поаѓање: 07:00 часот Релација: Луковица – Македонска Каменица Време на поаѓање: 07:20 часот Релација: Косевица – Македонска Каменица Време на поаѓање: 08:15 часот Релација: Тодоровци – Македонска Каменица Време на поаѓање: 09:00 часот…
27-годишната Кејси де Пекол е првата жена којашто ги посети сите земји во светот. Таа за 18 месеци и 26 дена ги посети сите 196 земји и е личноста којашто најбрзо успеала да го направи тоа. Нејзината авантура која е наречена Експедиција196, започна на 24 јули 2015, а ја заврши на 2 февруари 2017. Ова нејзино патување низ целиот свет ја чинеше 198.000 долари, а поголемиот дел беше обезбеден од спонзори. Таа на својот Фејсбук профил напиша дека иако сите мислат дека Експедицијата била лесна, напротив, воопшто не било така. Во текот на својата експедиција, Кејси постојано објавуваше фотографии на…
Со решение бр.17-3787/2016 од 01.02.2017 година од Министерството за култура, Берово и официјално е прогласено за „Град на културата“ за 2017 година. Пријавата на Општина Берово, доставена на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за оваа културна манифестација, е прифатена, и согласно тоа, Општина Берово и Министерството за култура ќе склучат договор за финансирање, при што заеднички ќе бидат организирани мноштво културни настани. Во рамки на програмата, планирано е да се одржат голем број на концерти, театарски претстави, ликовни изложби и неколку фестивали. На Конкурсот на Министерството за култура, меѓу неколку други општини, аплицираше и општина Македонска Каменица.
Со денешните први осминафинални натпревари стартува елиминациската фаза од фудбалската Лига на шампиони. Осминафиналната фаза започнува со денешните два натпревари: ПСЖ – Барселона и Бенфика – Борусија Дортмунд. ПСЖ и Барселона веќе стана класика кога се работи за натпреварите од Лигата на шампионите. Овие два тима многу често се среќаваат, а засега Каталонците излегуваат како победници. Интересен се очекува да биде и дуелот помеѓу Бенфика и Борусија Дортмунд. Португалците се одлични на домашен терен, каде имаат само еден пораз во последната година. Утрешниот ден носи две големи дерби пресметки. Главниот дуел се игра во Минхен, каде Баерн го пречекува Арсенал,…
Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица, на 18.02.2017 година (сабота), со почеток од 14 часот, организира предавање на следниве теми : 1. Медот и неговото значење во исхраната кај луѓето 2. Размножување на пчелните семејства – најсовремени методи. Предавањето ќе се оддржи во Салата за состаноци во општина Македонска Каменица, а предавач ќе биде професор Ице Китанчев од Охрид. Во текот на предавањето, присутните пчелари ќе може да поставуваат прашања од областа на пчеларството. Со ова предавање, Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ ја започнува сезоната на советувања, обуки и проекти за сегашните и идни пчелари во Македонска Каменица.…
Осоговските Планини се втора по површина (1100 километри квадратни), а девета по височина (2252 м) планина во Република Македонија. Се одликува со долги, заоблени планински била и врвови меѓу кои се длабоко всечени речни долини. Неколку врвови се повисоки од 2000 метри, како: Руен (2252 м), Мал Руен (2205 м), Царев Врв (2085 м) и други. На највисоките делови од планината има интересни релјефни појави кои се создале главно во плеистоценото време како резултат на ниските температури и покриеноста со снег во зимската половина од годината. Тоа се снежнички циркови, мориња од распаднати карпи, камени блокови што се лизгаат, мразни…
Во текот на 2013 година, на почетокот на вториот мандат на градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, беше пуштен во употреба нов Градски пазар во Македонска Каменица. Овој модерен објект е изграден од специјални огно-отпотни материјални, составен е од покриенo-отворен дел и од покриено-затворен дел и ги исполнува НАССР-стандардите. Градскиот пазар се простира на површина од околу 2500 метри квадратни и е еден од најзначајните објекти изградени во Македонска Каменица во последниве триесетина години. [iframe-popup id=”3″] Покрај значителното подобрување на условите за трговците и за потрошувачите, и покрај естетските придобивки за Општината, новиот Градски пазар се покажува и како…
Погледнете го забавното видео со Борис Ангелов – интернет сензација од Саса, Македонска Каменица. [iframe-popup id=”3″] https://www.youtube.com/watch?v=BP8L5kwyCsU&feature=youtu.be
Во саботата (11 февруари 2017 година), во ресторан „Саса“, во Македонска Каменица се оддржа традиционалната „Ловечка вечер“. Организатор беше Ловното друштво „М.Каменица-Саса“, а присутните можеа да уживаат во неколкучасовната забава со Даниела Темелкова и Актив бенд. Главната награда на лотаријата, ловечката пушка, се падна кај градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, кој веднаш ја донираше за Ловното друштво. Од Л.Д. „М.Каменица-Саса“ му се заблагодарија на градоначалникот, а новата ловечка пушка ќе биде користена за потребите на ловочуварската служба.
Италијанската полиција запленила рекордни осум тони марихана, што ја шверцувала нарко банда предводена од македонски државјани. Дрогата била запленета во заедничка акција на полициите од Анкона и Венеција, но од каде таа потекнува не се наведува во соопштението. Истата пристигала на пристаништето во Анкона, но полицијата му дозволила на камионот во кој била натоварен да го продолжи патот, по што успеала да ги уапси и сороботниците. Возачот, македонски државјанин, бил запрен од страна на полицијата кај еден сервис во непосредна близина на Венеција. Со соппштение се јави албанската полиција, која деманира дека дрогата тргнала од албанскот брег. – Во овој…
