Author: kamenica.mk marketing
Рудник Саса ќе инвестира во ново јаловиште по сите стандарди. Каменица и регионот ќе бидат безбедни.
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградбата на новото јаловиште на Рудникот Саса беше ставена на увид на граѓаните. Експертите тврдат дека новото јаловиште ќе се гради по сите стандарди и ќе биде безбедно, како за жителите на Македонска Каменица, така и за регинот. Во изработката на студијата се користени 35 технички документи, но и меѓународни научни трудови. Јаловиштето кое ќе го гради рудникот е четврто по ред во 50-годишното постоење на Саса. Во трите јаловишта досега се депонирани 19 милиони тони јаловина, а новото јаловиште ќе биде со зафатнина од околу 3, 170 милиони метри кубни…
Повеќератниот турски кошаркарски шампион Анадолу Ефес (порано Ефес Пилсен) вчера го повлече дресот со број седум во чест на славниот македонски кошаркар Петар Наумоски. Тој неколку сезони го носеше дресот на оваа турска екипа и притоа освои четири шампионски титули во Турција, исто толку трофеи во турскиот куп и во „Претседателскиот куп“ на Турција, како и еден европски трофеј во Купот Радивое Кораќ. Дресот ќе биде дел од Арената „Абди Ипекчи“, каде досега има обележје, единствено тренерот на оваа екипа, од времето кога настапуваше Наумоски, Ајдин Орс. Ова е прв случај кога странски клуб повлекува од употреба дрес на еден Македонец,…
Иницијативата Friends2Friends (Пријателите за пријателите), со поддршка на граѓанската иницијатива Мрдни со прст / Lëviz me gisht , огранизира хуманитарен концерт за поддршка на музичарите, на кои неодамна им изгоре студиото и музичката опрема во зградата на „Макотекс“ во Скопје. Настанот ќе се одржи на 26 февруари во МКЦ, со почеток од 20 часот. На концертот ќе настапат бендовите Темпера, Мугер Фугер, Фолтин, Сетстат, Алтер Виво, Милко, Јаничари и Конкверинг Лајон. Картите во претпродажба чинат 100 денари, а цената на билетот на самиот влез ќе биде 200 денари. Покрај средствата кои ќе се соберат од продажбата на картите, во долниот дел на МКЦ…
Девојка од Скопје заврши во штипската болница откако брутално била претепана од нејзиното момче од Турција, инаку студент на УГД. Без да претпостави дека средбата за неа ќе заврши многу лошо, скопјанката, како и многу пати до сега со момчето се сретнала на Градскиот плоштад во Штип. Дестинацијата потоа била како и секогаш кога двајцата се среќавале – изнајмениот стан на турскиот студент. Но, текот на настаните бил многу поразличен од претходните, па по заклучувањето на вратата, наместо љубовна прегратка, скопјанката добила жесток ќотек. Мажот од соништата безмилосно ја удирал со тупаници секаде каде што ќе стигнел. Спасот на девојката…
Пет лица повредени, од кои двајца со тешки телесни повреди е билансот од синоќешната сообраќајна несреќа пред Делчево во која учествувале три возила. Во несреќата учествувале два голфа и една хонда, а се случила околу 22 часот на магистралниот пат Делчево -Каменица кај месноста Лештаро во атарот на селото Драмче. Во трите возила имало 7 патници од кои две деца. Повредените биле префрлени во штипската клиничка болница. Според нашите информации, при разминување дошло до судир помеѓу хондата управувана од 27-годишниот В.Ч од Разловци, со еден сопатник и голфот со штипски регистерски таблички управуван од 46-годишниот Т.Т, каде имало 4 сопатници…
Женската екипа на КК „Баскет Кам“ оствари две нови победи. Најпрвин беше совладана екипата на „Јуниор“, на гостински терен во Скопје, со резултат 33:58. Најдобра на овој натпревар беше Моника Зафировска со 15 постигнати поени. Во домашната сала, пак, беше извојувана убедлива победа против екипата на „Гостивар“, а конечниот резултат беше 83 -38. Оваа средба најдобро ја одигра Евгенија Пауновска која постигна 20 поени, а Моника Зафировска и Стефанија Георгиева постигнаа 15, односно 11 поени. Се поизвесно е дека женската екипа на „Баскет Кам“ и годинава ќе се бори за највисок пласман и за еден од медалите. Машката екипа-М-18 ја совлада…
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Новата социјална програма која ја креираше општина Македонска Каменица започнува да функционира од утре (петок, 10.02.2017 година). Имено, Општината воведе бесплатен јавен превоз за пензионери и за лица од социјално ранливи категории и за таа цел беа набавени две нови комби возила. Утврдениот возен ред и постојките се објавени и се поставени на повеќе видни локации во централното градско подрачје и во руралните средини. [iframe-popup id=”3″] Според досегашните пријави за користење на услугата, општина Македонска Каменица ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за повеќе од 500 жители, а во насока на надминување на социјалните разлики меѓу населението,…
Најголем хит на македонските социјални медиуми е Светлана, вработена во Sport Life обложувалници. Таа денес објави СЕРФИ фотографија – односно позира седната на wc шолја. Оваа фотографија веќе има илјадници лајкови, споделувања и коментари. [iframe-popup id=”3″] Дали Светлана го создаде новиот светски хит на социјалните медиуми?
Во рамки на проектот „Развивање на соработката помеѓу високообразовните институциии, приватниот сектор и релевантните органи“, денес на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се оддржа работилница на тема „Одбори за доверба и соработка со јавноста на факултетите/универзитетите“. Утврдено е дека преквалификацијата и доквалификацијата е еден од начините за борба против невработеноста, а и дека мора да се влијае врз младите да одбираат дефицитарни струки кои се барани на пазарот на труд и се подобро платени. Со вакви и слични мерки се планира намалување на невработеноста која во Македонија е нешто над 24 проценти, при што алармантно е дека најголем број невработени се…
Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, од јули годинава се очекува ново поскапување на цигарите. Законот предвидува зголемување на цигарите секоја година за најмалку 4 денари до 2023 година, што би значело дека една кутија цигари може да достигне и цена близу до 200 денари по кутија до крајот на циклусот. [iframe-popup id=”3″] Цигарите во текот на минатата година поскапуваа и повеќе отколку што тоа го наложуваше Законот за акцизи, па одредени брендови веќе до крајот на годината ќе надминат цена од 150 денари по кутија.
