Author: kamenica.mk marketing
Годинава, Exit Festival ќе слави 50 години од прочуеното „Лето на љубовта“ (Summer of love). Ќе се одбележуваат пеесет години од случувањата во 1967 година, кога настана револуционерното хипи движење, кое засекогаш го промени светот. Exit Festival, традиционално, се оддржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а годинашното издание е од 6-ти до 9-ти јули. [iframe-popup id=”3″] Уште со првиот бран објавени изведувачи, едно е сигурно – Exit ќе го урне минатогодишниот рекорд по број на посетители. Веќе се потврдени настапите на: Liam Gallagher, Jake Bugg, Paul Kalkbrenner, Hardwell, Solomun, Dixon, Faithless, Alan Walker, Duke Dumont, Jamie Jones, Hot Since 82, Black Coffee, Recondite, Robin Schulz, Kungs, Foreign Beggars, Destruction, Discharge и многу други, а од…
Челничката на француската крајна десница Национален фронт (FN), Марин Ле Пен, во неделата на партискиот конгрес во Лион започнувајќи ја својата кампања за претседателските избори со преставување на програмата од 144 точки, остро ја критикуваше Европската унија, и им вети на илјадниците приврзаници дека доколку биде избрана за претседателка, ќе ја одбрани земјата од исламскиот фундаментализам и глобализацијата, и земјата одбранбено ќе ја зајакне. Претседателката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, оцени дека Европската унија е неуспешен проект кој ѝ нанел многу штети на Франција. Нејзината влада ќе ја извлече Франција од еврозоната и ќе го врати франкот, поранешната национална…
Денес, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалникот д-р Дарко Митевски даде Отчет за реализираните проекти, за периодот 2013-2017 година. Пред присутните новинари беа истакнати најзначајните проекти кои беа реализирани во овој период: Нов Дневен центар за лица со посебни потреби Нов Дом на култура [iframe-popup id=”3″] Градска капела и уредување на градските гробишта Нова секундарна водоводна мрежа Реконструкцијата на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера Нови тениски терени Нов Дом за стари лица во село Саса Нови детски игралишта „Куќа на спортот“ која е во завршна фаза Изградба на типски мостови на река Каменичка Реконструкција на простории на Градски базен…
Измина една седмица откако се спушти завесата на 25-то издание на Светското првенство во ракомет за мажи, каде Франција доминантно дојде до шестата мундијалска титулата. Започна од групата А, на патот до златото ги помина Исланд, Шведска, Словенија и Норвешка, па токму затоа најголемиот дел од погодоците кои го одбележаа овој турнир ги вклучуваат француските ракометари. [iframe-popup id=”3″] Меѓу плејадата ракометни ѕвезди кои го одбележаа ова првенство на највисокото прво место се најде капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, кој со погодокот од цепелин на натпреварот против Шпанија ја понесе титулата најубав гол на светскиот шампионат. Македонскиот десен бек го заврши натпреварувањето и како најдобар…
Илија Несторoвски го постигна својот деветти гол за Палермо. Во 27 минута од натpреварот Палермо – Кротоне во рамките на 23. коло на Серија А, Емболо додаде до прилепчанецот, а овој во манир на голем стрелец ја пласира топката во мрежата на новиот прволигаш за 1-0. [iframe-popup id=”3″] Само една минута по водечкиот гол Несторовски имаше зицер за 2-0, но среќата не го посака да погоди за комотно водство на сицилијанците. На овој натпревар во формација 4-3-3- покрај Илија Несторовски, од првата минута игра и Александар Трајковски. Ако победи тимот на Диего Лопез, конечно ќе го прекине малерот и ќе ја забележи…
Злато и пари се украдени синоќа од куќа на улицата „Сутјеска“ во Штип. Засега непознати сторители, кај 57-годишниот Л.С. влегле разбивајќи еден од прозорците на куќата, а оттаму излегле побогати за 500.000 денари. Во својот дом, штипјанецот чувал 20 златни лири и 5.000 евра. Но освен нив, за крадците интересни биле и музички систем, плазма телевизор и дигитален ресивер. Тешката кражба од синоќа веќе е предмет на полициска истрага, но детали околу тоа дали крадците зад себе оставиле траги или не, не се соопштуваат. [iframe-popup id=”3″] извор: Телевизија Стар
Иако „Viber“ доцни со претставувањето на новата опција, сигурно таа брзо ќе стане популарна меѓу милионите корисници на овој сервис за комуникација. Корисниците на „Viber“ имаат можност да разменуваат фотографии и видео записи кои по гледањето ќе бидат избришани. Ваквите пораки пред неколку години ги популаризираше „Snapchat“, па опцијата е особено позната меѓу тинејџерите. Сега ваквата можност е достапна и на „Viber“. [iframe-popup id=”3″] По снимањето на фотографијата или видео записот во горниот десен или долен лев агол ќе се појави икона со часовник преку која корисниците можат да го изберат времето по кое фотографијата или видеото ќе се избрише од телефонот…
Убиство денеска ја потресе Македонија. Полицијата информира дека 33-годишната М.П. утринава во 9 часот, во крушрвското село Светомитрани, со ловечка пушка го застрелала познаникот и соселанецот, 43-годишниот Н.Д. кој влегол во селската продавница. По кратка банална расправија, продавачката ја зела пушката и со два истрела во градите го усмртила Н.Д. Несреќниот маж починал во продавницата на лице место. Полицијата извести дека ја уапсиле продавачката, а засега не се познати повеќе детали. извор: http://press24.mk/ [iframe-popup id=”3″]
Наместо стариот Идавер, кој живее од социјална помош од 1600 денари, решение за плаќање на заостанати сметки за вода, стигнале на име на еден од неговите синови кој работи во странство. Неговата снаа Хулија, не знае како се нашло името на нејзиниот сопруг Ѓунеј, на решението со кое треба да плати околу 10 илјади денари за вода, бидејќи куќата и водомерот се на име на незјиниот свекор. Броилото е на свекорот, а тужен е мојот сопруг. Тој е сега должен да плаќа и заостанати фактури и нови, изјава Хулија, снаа на Идавер. Ова создава револт кај семејството на синот Ѓунеј.…
Студентка на Природно-математички факултет во Скопје, со иницијали Т.О., сместена во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, по водење љубов со нејзиното момче, сама си наплатила. Момчето Л.Р., студент на Македонски јазик и книжевност, бурната ноќ го чинела цели 4.000 денари. Дека му ги нема парите сфатил дури кога отишол во продавница, да си купи намирници. [iframe-popup id=”3″] Младиот студент сега вели дека не му се потребни парите, доволно е што дознал дека е со погрешна девојка.
