Author: kamenica.mk marketing
28-годишен жител на Вирче ја запалил куќата на мајка му. Огнот кој тргнал од куќата, бил директна закана за повеќе грла добиток, кој негов соселанец ги чувал во куќата, но и за голем број куќи и помошни објекти, кои биле во непосредна близина на запалениот објект. Само среќата и присебноста на останатите соселани спречиле селото да не изгори. Сопствениците на другите објекти сами почнале да го гасат огнот, но и тим од делчевската противпожарна единица стигнал бргу и пожарот бил локализиран. [iframe-popup id=”3″] Причините поради кои младиот пироман ја запалил старата куќа на мајка му, сеуште не се познати. Пироманот се…
Седумгодишно момче со кујнски нож го прободел постариот 14-годишен брат во грбот, по расправија за игра на компјутер. „Вчера околу 9 часот во Дебар, во домот сопственост на Б.А. на улицата „Ибраим Колари“ во дневната соба настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче–браќа по мајка, поради игра на компјутер. Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка“, соопшти денеска МВР. [iframe-popup id=”3″] Соседка го однела повреденото момче во Клинички центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош, со возило на итна медицинска помош бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.…
На 11-ти февруари (сабота, 19.00 часот), во ресторан „Саса“-Македонска Каменица, ќе се оддржи традиционалната „Ловечка вечер“. Организатор е Ловното друштво „М.Каменица-Саса“, а цената на влезницата е 600 денари. Во рамки на оваа „Ловечка вечер“ ќе оддржи и лотарија, на која главна награда е ловечка пушка. Сите присутни гости ќе ги забавува локалниот Aktive Bend и популарната Македонка Даниела Темелкова.
Првиот месец по изборите новоизбраните пратеници си го поминаа по своите домови. Чекајќи нова седница, на нивните сметки треба да легнат по најмалку 1.000 евра. Поради тоа, на социјалните медиуми веќе кружат барања од граѓаните, пратениците да ги донираат платите во добротворни цели. Дали тоа и навистина ќе се случи, останува да се почека одговор од партиите кои имаат освоено пратенички мандати. [iframe-popup id=”3″]
Вчера, во 17 часот и 30 минути во Штип, татко пријавил дека му исчезнала малолетната ќерка. Се работи за 44-годишниот М.М. од селото Шашаварлија кој се јавил во полиција и пријавил дека исчезнала неговата тринаесетгодишна ќерка. [iframe-popup id=”3″] Полицијата информира дека девојчето во 06 часот и 30 минути заминало на училиште и по враќањето на возилото со учениците, не се вратило дома. Од МВР велат дека се преземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање на малолетното девојче
По завршувањето на четвртфиналните натпревари од Светското првенство во ракомет кое се одржува во Франција, нашиот капитен Кире Лазаров и понатаму е лидер на листата на стрелците со 50 постигнати голови. [iframe-popup id=”3″] На второто место е Лопез од Ангола со 47, па следи Банур од Тунис со 45 гола, но и од двата нема никаква опасност кон нашиот ракометар, со оглед дека и двете репрезентации веќе ги завршија настапите на Мундијалот. Во моментот најголема опасност по Кире Лазаров се ракометарите на Норвешка, Бјорнсен и Сагосен кои имаат по 36 погодоци, но и сигурни два натпревари до крајот. извор: http://www.gol.mk/
Популарното скопско Радио Бубамара најавува: Сè е подготвено за празнување на големиот јубилеј – 20 години Златна бубамара на популарноста. На 20-ти февруари во Метрополис-арената ќе се одржи јубилејното 20. издание од нашата најпопуларна и најгледана манифестација – Златна бубамара на популарноста. Публиката со нетрпение го очекува годинашново специјално издание на Златна бубамара, манифестација што на хумористично-сатиричен музички начин ја раскажува изминатата година, придружено со аплаузи и овации за наградените. Специјалниот штаб за добра забава предводен од јавниот обединител Ранко Петровиќ гордо најавува неповторливо шоу во кое публиката првпат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет.…
Непознат рзбојник нападнал девојче и момче во Скопје, при што им украл мобилни телефони и 770 денари. Според полицискиот извештај, во понеделникот околу 15.30 часот во Скопје на булевар „Партизански Одреди“ непознат сторител извршил разбојништво над шеснаесетгодишно девојче и нејзин петнаесетгодишен другар. Сторителот им пришол од зад грб во влез од зграда каде го удрил девојчето со тупаница по лицето, а потоа со закана со нож им одзел два мобилни телефони и 770 денари по што истиот заминал во непознат правец. [iframe-popup id=”3″] Полицијата од Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Сите знаеме дека правилното функционирање на срцето е многу важно, зошто од него главно зависи здравјето на човекот. Многу од болестите, настануваат како резултат на несоодветна функција на срцевиот систем, што е уште еден индикатор дека треба да му посветуваме посебно внимание. Имено, тоа го направила монахињата Хилдегард фон Бинген во 13-ти век. Таа измислила неверојатен рецепт, чудо од лекарство за срцето. Со години овој лек успеале да го сочуваат, но не е заборавен до ден денес! Во прилог го споделуваме рецептот: Ставете во еден голем сад 10 пресни стебла магдонос, но без корен, залијте ги со еден литар домашно…
Скопјанката В.П. (52) вчера била нападната од нејзиниот поранешен љубовник и оставена полугола во близина на последната автобуска постојка во населбата „Железара“, според информации од Министерството за внатрешни работи. Жртвата, претходно била пресретната од нејзиниот поранешен пријател, со кого била во љубовна врска, кој со возило ја однел во населбата „Железара“, каде и го соблекол долниот дел од гардеробата, ја нападнал и ја оставил. Жената, која имала повреди на главата и на телото, потоа дошла на улицата „Аминта Трети“ со такси, по што случајот бил пријавен во полиција. В.П. била пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде што и биле констатирани…
