Author: kamenica.mk marketing

Нова студија објавена во журналот Nature Medicine вели дека постарите луѓе со ниски нивоа на воспаленија (кои се причина за повеќето болести) имаат нешто заедничко – сите тие консумирале кафе. Дејвид Фурман од Институтот за имунитет, трансплантација и инфекции од Стенфорд универзитетот, кој е и автор на студијата, вели дека колку повеќе кофеин луѓето внесувале, толку биле позаштитени од хроничните состојби на воспаленијата. За потребите на студијата, Фурман и неговиот тим анализирале примероци крв од 100 стари и млади луѓе. Постарата група, во споредба со помладата, имала повеќе активност во неколку гени поврзани со разни воспалувања – хроничните болести кои…

ПОВЕЌЕ ...

Озлогласениот мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман им е предаден на Соединетите Американски Држави, потврдија американските власти.  Американците го презеле еден од најмоќните луѓе во наркоподземјето во Сиудад Хуарез, а потоа со авион го префрлиле во Њујорк. Озлогласениот наркобос бил екстрадиран пред почетокот на денешната инаугурација на Доналд Трамп за нов американски претседател, јавува Си-ен-ен. Гузман беше уапсен во февруари 2014 во Мазатлан, по 13 години во бегство. Меѓутоа, јуни 2015 „Ел Чапо“ (кускуле) избега од затворот во Алтиплано низ тунел долг 1,5 километри на мотоцикл прицврстен на шини кои завршуваа под куќа во изградба. Лидерот на картелот Синалоа се…

ПОВЕЌЕ ...

Годинава, првото новороденче во Македонска Каменица е женско. Јована Десподовска е родена на 4 јануари и е второ дете на Марјан и Валентина Десподовски. Со оглед на тоа дека првото новороденче во Македонска Каменица, во 2017 година е женско, се очекува годината да биде плодна и бериќетна. [iframe-popup id=”3″] Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, на среќното семејство му додели решение за исплата на еднократен паричен надомест.

ПОВЕЌЕ ...

Ракометната репрезентација на Македонија уште еднаш покажа дека во спортот се игра до крај. Во еден неизвесен меч, црвено-жолтите се изборија за бод со Исланд (27-27), кој на Светското првенство во Франција, во осминафиналето ни ја донесе Норвешка. Осминафиналето ќе се игра утре (21 јануари 2017), а целата македонска јавност очекува добра игра на македонските ракометари и пласман во четвртфинале. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Денес е големиот христијански празник Богојавление Водици, ден кој случајно или не – на ракометарите им носи среќа и на кој репрезентацијата не знае за пораз. Традицијата вели дека на овој празник нашиот ракометен колектив никогаш не загубил. Попладнево не чека дуел со Исланд, кој ќе биде петти на Водици, а досега, на четири средби нашата најдобра селекција не знае за неуспех. Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра од 17.45 часот. Со евентуална победа или нерешен резултат, Македонија ќе го заземе третото место во групата. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Бобан Павловски од Охрид го фати Светиот крст во реката Вардар, што денес напладне го положи Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Павловски на сите им посака среќа, здравје и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби и пригодни подароци. Но, фактот што Охриѓанец го фатил крстот во Скопје , ги изнервирал Скопјани, па посакале да го тепаат денешниот фаќач на крстот. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Традиционално, Светиот крст за Водици, во Македонска Каменица се спушта во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Мирко Манасиев од село Цера, Македонска Каменица. Стотици граѓани од Македонска Каменица го проследија овој чин, а за најсреќниот, градоначалникот на општина Македонска Каменица д-р Дарко Митевски додели пригодни подароци. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

24-годишна девојка со умерена ментална попреченост,  од општина Пласница, вчера во полициската станица во Кичево пријавила дека нејзиниот 55-годишен татко неколкупати и извршил обљуба. Осомничениот е приведен и против него по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен. Според пријавата, таткото ја силувал ќерката во нивниот дом во последните два месеца, а последен пат завчера околу 06:40 часот. По увидот од екипите на надворешната канцеларија за кривични работи Кичево за случајот е известен кичевскиот Центар за социјални работи, извршен е разговор со девојката и е однесена на…

ПОВЕЌЕ ...

Милиони ширум светот секојдневно следат временска прогноза, а на Мексиканците тоа им е омилена програма. Не толку за да видат какво време ги очекува, туку заради водителката Џенет Гарсија, убавица со раскошни облини. Оваа 25-годишна девојка секојдневно им го разведрува денот на сите кои ја следат „временската прогноза“. Џенет на социјалните медиуми ја следат милиони луѓе. https://www.youtube.com/watch?v=n8OrfFJXq98

ПОВЕЌЕ ...