Author: kamenica.mk marketing
Се гледа крајот на исклучително студеното време. Со завршувањето на оваа недела конечно ќе почнеме да се одмрзнуваме. Не во буквална смисла на зборот бидејќи и во текот на наредната недела максималните температури ќе бидат во негатива, но сепак, студот ќе попушти. „Најтопло“ ќе биде во сабота кога максимумот ќе отиде до 4 степени заедно со врнежи од дожд а на повисоките места снег. [iframe-popup id=”3″] Од идната недела, температурите ќе се качуваат до минус 1 а минималните нема да одат под минус 9. Во последната недела од јануари, дневните температури ќе биде постојано во позитива а минималните утрински температури…
На патниот правец Кочани-Македонска Каменица-граничен премин Делчево е воведена забрана за тешки товарни возила, информираат од АМСМ. [iframe-popup id=”3″] Забраната важи и за патниот правец Виница-Берово и Виница-Кочани, а кога ќе престане ќе информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Интересна е животната приказна на младиот 20-годишен англиски фудбалер, Коен Брамал, кој од седмата по ранг англиска лига стигна до тимот на Арсенал. За приказната да биде уште поубава, левиот бек на Хеднесфорд пред само 10 дена доби отказ во фабриката за автомобили каде што работел. „Работев во Кру, за Бентли Моторс. Така, секој ден од 06 до 17.00 часот ја заработував мојата дневница, а фудбал тренирав трипати неделно и само во сабота играв натпревари. Пред крајот на 2016 година ми беше кажано дека сум вишок и дека работа за мене во оваа фабрика повеќе нема. Навистина бев многу разочаран. Но,…
Подобра година за рударството – се очекувањата на надлежните од оваа индустрија, со оглед на годината зад нас, која претстави рекорден пад на цените на металитите во последните 10 години. Од Aсоцијацијата на рударството побараа од властите да се зајакнат контролите со што би се намалило нелегалното вадење на песок од речните корита. „Изминатава 2016 година беше прилично тешка, со многу ниски цени на металите, најниски во последната деценија, Злетово и Тораница не работеа. Но, и во вака тешки услови, рударскиот сектор ја заврши успешно. Очекуваме и 2017-та да биде исто така успешна, уште повеќе ако имаме доволно разбирање и соработка…
Роберт Мугабе, претседателот на Зимбабве решил да затвори двајца мажи кои јавно ја демонстрирале нивната сексуална определба и наводно сакале да се венчаат. Како што известува изворот, Мугабе ветил дека ќе ги ослободи веднаш штом едниот од нив ќе забремени. Во Зимбабме било каква пројава на хомосексуалност се смета за незаконско дело. [iframe-popup id=”3″] Имено, тој им порачал дека доколку не му донесат уверение од квалификуван лекар дека едниот од нив успеал да забремени, нема да ги пушти на слобода. преземено од: http://www.motika.com.mk/
(Анти)култура, зашто нема ни „к“ од култура. А, го убива човекот, полека, но сигурно. Станавме нација во која добри девеесет проценти никогаш не биле на балет, на опера, не посетиле музеј, не отишле на изложба, на промоција на нова книга. Повеќе од шеесет проценти не гледале театарска претстава, не биле на некој позначаен музички фестивал, не биле на концерт на некоја голема светска музичка ѕвезда. Станавме нација чии идоли се полуписмени старлети, голи турбо-фолк пеачки, гангстери со златни ланци, будалетинки со скапи куќи и автомобили. Станавме нација која се „пали“ само на „Хабиби“, „Истина је друже“, „Лична карта“, „Седишта се…
Рудник „Саса“ и општина Македонска Каменица уште еднаш го потврдија силниот партнерски однос и силна општествена одговорност. Најавите дека сите категории на социјално загрозените групи на граѓани ќе добијат новогодишни социјални пакети се остваруваат, благодарение на долгогодишната соработка помеѓу Општината и Рудникот. [iframe-popup id=”3″] Во пресрет на Нова Година лицата со посебни потреби добија подароци во сорабортка со Рудникот Саса, а денес, пред Божиќните празници беа поделени пакети на оние кои живеат во тешки економски и финансиски услови.
Ј.П ,,Камена Река” од Македонска Каменица организира НАГРАДНА ИГРА за сите свои корисници кои редовно си ја плаќаат комуналната такса. Во наградната игра ќе учествуваат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со месец Декември 2016 година и тоа најдоцна до 31.01.2017 година. Доделувањето на наградите ќе се изврши на 16.02.2017 година во кругот на Ј.П ,,Камена Река”, во 12:00 часот, со извлекување на ливче со шифра. Шифрите ке бидат исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка. [iframe-popup id=”3″] Годинешни награди во наградната игра на Ј.П. „Камена Река“ се: Прва награда………………….ТЕЛЕВИЗОР Втора награда…………………ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА…
Во македонскиот Бадник и Божиќ со векови има мистика, традицијата, паганизам, културен култ… [iframe-popup id=”3″] Што вели Македонската Православна Црква за празнувањето… Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември.…
Александар Тодоровски и Кире Блажевски повторно се најзаслужни за новите победи на КК „Баскет Кам“ во генерациите М-18, односно М-16. Постарата генерација на „Баскет Кам“ го совлада тимот на „Михајловски“ од Куманово со резултат 53:34. Најмногу поени постигна Александар Тодоровски (20 поени), а по него следеа Димитар Стоименов со 14 и Дамјан Тодосиев со 7 поени. Помладите (М-16), беа подобри од составот на „Борец Еуробрик“ и победија со 90:70. Кире Блажевски постигни одлични 36 пеони, Никола Орлов додаде 20, а Дамјан Тодосиев 19 поени. Момчињата и во двете генерации имаат скор од седум победи од исто толку одиграни натпревари, а…
