Author: kamenica.mk marketing
Тројцата храбри планинари Дамјан Карловски, Сенад А. Идризи, и Божидар Прањиќ му го спасија животот на 17-годишното момче што вчера падна во бездна и удри во карпа на Шар Планина, кај Титов Врв. Со натчовечки напори тие дадоа се од себе да му го спасат животот на Кико на -25 степени целзиусови. [iframe-popup id=”3″]
Очајно и соочено со безизлез, семејството Трајановски од Делчево бара помош од хуманите за лекување на 36-годишнот син Аце, кој има редок тип дијабет и компликации кои му го загрозуваат животот. Аце кој три години се бори со високото ниво на шеќер во крвта, ја отвори душата пред ТВ Стар и раскажа како го живее својот млад живот со шеќер над 20. [iframe-popup id=”3″] Тоа е тип на дијабет модифициран и го има 0,03% од популацијата, а во Македонија и на Балканот изгледа го имам само јас, изјави Аце Трајановски. Типот дијабет кој го има не се регулира, па полека…
Македонското дуо Илија Несторовски- Александар Трајковски му донесе многу важна победа на Палермо на гостувањето кај Џенова на Горан Пандев. Сицилијанскиот тим славеше победа од неверојатни 4:3, иако домаќинот Џенова имаше предност од 3:1 и ретко кој веруваше дека Палермо може да дојде до ваков подвиг. Победоносниот гол за Палермо го постигна Александар Трајковски во 90-тата минута, на асистенција на уште еден Македонец, Илија Несторовски кој натпреварот го заврши со две асистенции. [iframe-popup id=”3″]
Женската екипа на Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ (М-16) ја извојува втората победа во вториот натпревар сезонава. Девојчињата од Македонска Каменица ја совладаа екипата на „Бал фор лајф“ од Куманово со убедлив резултат 57:17. Најдобри во домашниот тим беа Стефанија Георгиева со 13 поени, Моника Зафировска со 12 и Стефани Колева која постигна 9 поени. [iframe-popup id=”3″]
Оваа убавица има 20 години и неверојатни 11 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, па можеби е една од најпопуларните убавици за кои воопшто се пишувало. Љубителката на фитнес навистина знае како да ја наплати својата популарност, па покрај тоа што рекламира разни производи на својот профил, неодамна објави и календар кој е составен со некои од нејзините најпровокативни фотографии. [iframe-popup id=”3″] Доколку сакате да ја следите Сомер Реј на инстаграм ова е линк кој води до нејзиниот профил: https://www.instagram.com/sommerray/
Денес, учениците од IV одделение, под менторство на своите одделенски раководители организираа „Новогодишен базар“ во холовите на ООУ „Св, Кирил и Методиј“. На „тезгите“ беа понудени најразлични новогодишни производи изработени од вештите раце на четвртоодделенците, надополнето со вредните родителски раце, а секако најголемата мотивација доаѓа од наставниците. Пазарот предизвика голема заинтересираност и за кратко време сите производи беа распродадени. Купуваа ученици, родители, наставници, технички персонал и службите од нашето училиште. Ова е дел од традицијата во ООУ „Св, Кирил и Методиј“ за сорабoтката помеѓу учениците, наставниците и родителите. Денешната активност ќе биде мотив и поттик за натамошни активности. [iframe-popup id=”3″]
Социјалната мрежа Фејсбук (Facebook), во петокот, најави воведување на нови функции за борба против ширењето на дезинформации. Овие нови функции корисниците ќе и им овозможват сами да означат кои информации ги сметаат за лажни. Фејсбук минатиот месец беше критикуван дека преку оваа социјална мрежа биле пласирани лажни вести кои влијаеле на претседателските избори во САД, а таква практика се рашири и низ останатите земји. Оваа социјална мрежа започна со ограничен број на корисници да ја тестира новата команда која овозможува некоја порака да се означи како лажна информација. Тоа ќе може да се направи со кликнување во горниот десен агол…
Сексуалните работници, стриптизерите, хот-лајн оператори, ескорт девојки и момци, нивните поддржувачи и секако, активистите за човекови права, утре на пладне ќе парадираат низ улиците на Скопје. Со црвени чадори во рацете, познатиот „Марш на црвените чадори“ ќе започне во 12 часот, на улицата „Македонија“, а поворката ќе оди се до плоштадот „Филип Втори“. Маршот се одржува традиционално по повод 17-ти декември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Маршот го организира Граѓанската иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје. Настанот се организира во рамки на приклучување на Глобалното одбележување на Меѓународниот ден…
Натпреварувачите во новото руско реално шоу, опремени со ножеви, ќе бидат фрлени на девет месеци во сибирската сурова дивина во борба со мечки, волци и екстремно ниски температури. 30 натпреварувачи од различни држави ќе се натпреваруваат за 1,55 милиони евра тешка награда, а правилата се толку брутални што уште пред да почне да се емитува шоуто, различни здруженија од разни страни на светот се јавуваат и се бунат за правилата и условите во истото. Шоуто дозволува „тепање, убивање и силување“ и тоа е она кое ги шокира добар дел од луѓето. Иако на прв поглед не се разликува од дистописката…
“Кој е Дедо Мраз, тато? И дали тој навистина патува низ целиот свет?” Ќе прашав љубопитно со очи силно вперени во мојот херој. Навистина патува ќерко, патува заради децата, за тебе. Желби. Весела и искрена детска насмевка која веруваше во постоењето на Дедо Мраз. Ах, не можев да го дочекам новото утро и со радост да го отворам подарокот од Дедо Мраз. Мојот заслужен подарок. А сега патувам низ тунелот од спомени. Се враќам во безгрижното детство. Пред очите ми заискрува неговиот лик и светлината во неговите очи додека со восхит го отварав подарокот од Дедо Мраз. Еве веќе две…
