Author: kamenica.mk marketing
Уште 13 дена до четвртиот роденден на Cliff of Moher Pub – Македонска Каменица. Роденденската прослава започнува веќе овој викенд со еден од најбараните македонски диџеи-DJ Mats (петок, 09.12) и Replay Bend кои ќе настапат во сабота. Лудилото продолжува на 16.12 (петок) со настап на маестралните SheXpeare Band, додека за 17.12 (сабота) е планиран настап на Никола Илиев. Прославата на четвртиот роденден на Cliff of Moher е на 22.12 (четврток), а за петок (23.12) и сабота (24.12) се подготвува специјална роденденска програма. 2016 година Cliff of Moher ќе ја заврши со ексклузивен диџеј сет на атрактивната Marga Sol. Cliff of…
Александар Тодоровски и Кире Блажевски најдобри во новите победи на М-18 и М-16. Баскет Кам ја продолжува фуриозната сезона. М-18 екипата ја порази екипата на Баскет Академија со резултат 94:75. Брилјираше Александар Тодоровски со 34 поени, Борјан Панов постигна 15, а Димитар Стоименов додаде 9 поени. Баскет Кам М-16 го совлада Кожув со 93:70. Најдобар беше Кире Блажевски со 23 постигнати поени, Дамјан Тодосиев постигна 17, а Ангел Јовановски 13 поени. Девојчињата на Баскет Кам настапија на пријателски меѓународен кошаркарски турнир во Скопје на кој беа поразени од гостинските екипи од Словенија.
Lions Club од Скопје донираше 100.000 денари за Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Донацијата е преку Здружението ЦПЛИП „Порака“ од Македонска Каменица, а ќе биде наменета за доопремување на Дневниот центар. Донацијата е добиена по изработени новогодишни честитки од страна на лицата со посебни потреби, кои потоа се преработени од Lions Club, а во собирањето на финансиските средства учествуваа NLB, Lynx Resources, Рудник за олово и цинк „Саса“, мобилниот оператор VIP, Раде Кончар, АгроТехна, Хаус Мајстор, FMS, Rule Turs, Copin Sardich, odmori.mk и други. На денешниот настан присуствуваа и г-дин Максим Прохоров, директор за развој…
Мотел ресторан „Парк Панорама“ организира дочек на најлудата ноќ во годината. Годинава овој ексклузивен ресторан понуди специјално мени по супер-пристојна цена од само 900 денари. За повеќе информации околу дочекот на Нова година посетете ја официјалната фејсбук фан страна на Мотел ресторан „Парк Панорама“ или резервирајте на следниов телефонски броеви: 077 657 373 071 940 302 линк од официјалната фејсбук фан страна на мотел ресторан „Парк Панорама“ https://www facebook.com/Motel-Restoran-PARK-Panorama-870143529782908/ [iframe-popup id=”3″]
Игорчо Илиевски од Македонска Каменица поради здравствени проблеми мора да биде подложен на оперативен зафат во Република Бугарија. Кај него е утврдена хернија на дисковите C3-C4 и C4-C5, по што од стручен медицински тим е посочено дека е потребен оперативен зафат, кој со предоперативниот и постоперативниот третма чини околу 8.000 евра. Операцијата ќе биде извршена во Република Бугарија, од страна на д-р Валентин Пелинков, во јануари 2017 година. Со оглед на тоа дека Игор Илиевски не е во можност сам да ги плати сите трошоци, потребно е да се сплотиме и заеднички да донираме. Донациите се вршат на следниве телефонски…
Ова е само втор гол на капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев на официјален натпревар сезонава. Тој го зголеми водството на Џенова за 2-0 во дуелот против Перуџа во шеснаесеттина финалето од Купот на Италија. http://www.dailymotion.com/video/x545x9q_goran-pandev-goal-hd-genoa-2-0-perugia-01-12-2016_sport
Тимот на Баскет Кам (м-16) останува непоразен во годинашнава сезона. Во вчерашниот натпревар убедливо е совладана екипата на УГД Штип, со резултат 40:95. Најдобри поединци кај нашиот тим беа: Никола Орлов со 20 поени, Кире Блажевски со 15 и Дамјан Тодосиев со 14 постигнати поени. Баскет Каме предводен од тренерите Горан Даниловски и Јордан Цветановски сеуште е непоразен во сите конкуренции во кои се натпреварува.
ФК Каменица Саса, денес, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, ја совлада екипата на Рудар од Пробиштип. Иако потешко од очекувањата и со минимален резултат од 1:0, сепак победата е од огромно значење за остварување на зацртаната цел-пласман во Втората македонска фудбалска лига. Со новата победа, ФК Каменица Саса го завршува есенскиот дел од сезоната на третата позиција која води во повисок ранг на натпреварување. Каменичката публика се надева дека добрите игри на локалниот фудбалски клуб ќе продолжат во наредниот период и конечно Саса ќе заигра во Втора лига. [iframe-popup id=”3″]
Женската екипа на КК Баскет Кам (М-16) ја победи Струга на гостински терен. Конечниот резултат на семафорот беше 34:52. Најдобри во тимот на Баскет Кам беа Стефанија Георгиева со 15 постигнати поени, Моника Зафировска со 13, а Сандра Раневска постигна 8 поени. Трендот на добри игри и победи во сите категории во кои се натпреварува Баскет Кам продолжува и очекувањата се дека ова ќе биде најуспешна сезона на клубот од Македонска Каменица. [iframe-popup id=”3″]
Каменичката гордост, кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ извојува нова првенствена победа во генерацијата М-18. Совладана е екипата на Фени од Кавадарци со резултат 56:65. Повторно брилијантна игра прикажа супер-талентираниот Александар Тодоровски кој постигна 28 поени. Кире Блажевски постигна 17, а Никола Орлов 10 поени со што придонесоа за денешната победа. Баскет Кам сезонава има четири победи во четири одиграни натпревари и ја потврдува најавата за освојување на еден од медалите. [iframe-popup id=”3″]
