Author: kamenica.mk marketing
Стотина жители од руралните средини на општина Македонска Каменица веќе се пријавија за користење на бесплатен јавен превоз. Пријавувањето трае до 20 јануари 2017 година и се очекува бројот на корисници најмалку да се дуплира до крајот на рокот. Право на користење на бесплатен јавен превоз може да остварат слeдниве категории на граѓани: пензионери, лица корисници на социјална парична помош, лица корисници на постојана парична помош и хендикепирани лица. [iframe-popup id=”3″] За реализација на оваа социјална програма, општина Македонска Каменица набави две нови комби возила. Локацијата, времето на поаѓање и на враќање за секое населено место ќе бидат дополнително утврдени во…
Жената низ векови и векови мачно се борела за своето место под сонцето. Омаловажена и обесправена, таа жестоко ги барала своите, не женски, туку човекови права и слободи. Сега сме во период на историјата кога можеби и најсилно се слуша женскиот глас и феминиските ширум светот застануваат зад своите идеали. Но треба да им одадеме почит и на жените кои успеале да кренат глас во време кога општеството им ги шиело усните. 1. Сафо (околу 570 г. п.н.е.) била една од првите женски литературни уметници кои успеале да објават дело. Нејзината поезија не е во целост сочувана, но сочувана е…
Чинар Енгин од Анкара од самото раѓање е посебен и неодолив. Тој има белег на челото, во облик на срце. Мајката Сејда (28) и таткото Мурат (30) не можеле да поверуваат кога нивното дете се родило со црвен белег на главата. [iframe-popup id=”3″] Новороденчето уште во породилиштето било хит откако бабиците се фотографирале со него. Родителите велат дека како што старее има се повеќе фанови и сите кога ќе го видат го застануваат и се сликаат со „љубовното дете“ како што милуваат да го наречат.
Само пишаната кинески историја е стара 3.500 години. Во текот на многуте години кинескиот народ собирал изреки и мудрости. Нивната мудрост се одликува по посебниот поглед кон светот и местото на човекот во него. Иако овие зборови кои ќе ги прочитате се напишани пред многу години сепак и сега можат да помогнат на секого од нас. 1. Искушението да се откажете секогаш е најсилно, непосредно пред победата. 2. Цел во животот е да се умре млад, но што е можно подоцна. 3. Не зборувајте, ако тоа не ја менува тишината на подобро. 4. Патот од илјада милји почнува со само…
Арбаб Кизер Хајат (25) дневно јаде 36 јајца, повеќе од три килограми месо и пие пет литри млеко. Висок е 186 сантиметри. Тој кренал четири и пол тони на натпреварување во Јапонија. [iframe-popup id=”3″] Арбаб Кизер Хајат (25) кого го нарекуваат пакистанскиот Хулк има неверојатни 432 килограми. Арбаб дневно внесува 10.000 калории. Неодамна е снимен како запира трактор и автомобили. Ги држел за јаже додека тие се обидувале да стартуваат. Тој сака да стане кечер, а во неговата држава е ѕвезда и го сметаат за најсилниот маж во Пакистан. https://www.youtube.com/watch?v=E8-hrSIfTnA
Македонскиот капитен Кирил Лазаров е сопственик на најдобриот ефект од ракометните светски првенства (СП), со 92 гола на СП пред осум години во Хрватска. За Македонија деветтото место од СП 2015 во Катар е најдобар пласман, а капитенот Лазаров на сите СП на кои учествувала Македонија високо котира на листите на стрелци на шампионатите. Според типувањата на некои обложувачници данскиот бек Микел Хансен е прв фаворит да биде на врвот на листата за најдобар стрелец на СП 2017 во Франција, шпанското лево крило Валеро Ривера е втор, а македонскиот капитен, десниот бек Лазаров, е на третата позиција. Младата надеж на…
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на чекор до влез во главната ждрепка на Австралија опен, откако и во вториот меч од квалификациите во Мелбурн демонстрираше во каква форма се наоѓа. Ѓорческа си поигра со Унгарката Далма Галфи, 160. тенисерка на светот и ја совлада за експресен еден час игра со 2-0 во сетови (6-1, 6-1). Со втората победа во Мелбурн, тетовчанката уште еднаш покажа дека местото ѝ е меѓу најдобрите тенисерки на Грен-слем турнирите. Во првиот сет Ѓорческа за само 26 минути ја декласира некогашната јуниорска победничка на УС Опен, Галфи, одземајќи и го сервисот во два наврати. Со…
Американски тенкови и оклопни возила, со повеќе од 3000 војници, се распоредуваат во Полска, како последица од загриженоста на НАТО поради Русија. Претходно НАТО потврди дека ќе распореди тенкови и опрема по целата своја североисточна граница, а генералниот секретар Јенс Столтенберг ја нарече ваквата мерка „потег за уверување“ на источните земји-членки дека НАТО е подготвен да ги брани. [iframe-popup id=”3″] Плановите се неколку илјади војници да бидат распоредени во Полска, Литванија, Летонија и Естонија, а оваа одлука е донесена на Самитот на НАТО кој се оддржа минатото лето, во Варшава. https://www.youtube.com/watch?v=mR6iEIJiTb4
За два дена цената на биткоинот забележа пад за повеќе од 30 отсто, откако Централната банка на Кина започна истрага за работата на најголемата платформа за тргување со биткоинот. Моменталната вредност на биткоинот е околу 760 долари, што е пад од околу 18 отсто во текот на неделата. [iframe-popup id=”3″] Како што објавија на интернет страницата на Централната банка на Кина, проверката на најголемата бизнис платформа, вклучувајќи ги и „BTC China“, „Huobi“ и „OKCoin“, е започната се со цел да се спречи манипулација на пазарот, перење пари и неовластено финансирање. Во исто време, кинеските монетарни власти истакнаа дека биткоинот е стока,…
Според американскиот сајт „Beautiful Woman Pedia“ трите најубави жени од Македонија се Марјана Станојкоска, Катарина Ивановска и Сузана Ал Салкини. [iframe-popup id=”3″] Денес Ви ја претставуваме Марјана Станојковска, македонската лото девојка. Иако наполни 30 години, Марјана Станојковска сеуште важи за една од најжешките македонки. Постојано е ангажирана како водителка, манекенка и модел, а каменичката публика имаше можност во живо да ја види на прославата по повод 10 години од рестартирањето на Рудник „Саса“.
