Author: kamenica.mk marketing

Општина Македонска Каменица, годишно, одвојува по повеќе од милион денари за директна помош на граѓаните. Овие средства се доделуваат како еднократна парична помош за новороденчиња, еднократна финансиска помош за ранливи категории на граѓани или лица погодени од елементарни непогоди. Во текот на 2016 година, доделени се повеќе од 400.000 денари како еднократна помош за околу 70 новододенчиња, а околу 700.000 денари се исплатени на социјално-загрозени лица, лица со ниски примања, лица со тешки здравствени проблеми и лица погодени од елементарни непогоди. Покрај овие финансиски средства, а во насока на создавање услови за инклузија  и подобрување на положбата на лицата во…

ПОВЕЌЕ ...

Карпош Соколи вечерва ја испиша клупската историја, откако во Кавадарци на теренот на противникот Фени Индустри, во финалето од Купот на Македонија славеше со резултат од 80-69 и на тој начин дојде до првата куп-титула. Карпош Соколи дефинитивно ја игра најдобрата сезона во сопствената историја. Клубот е на чекор во деби сезоната во АБА лигата да избори опстанок, а денес на супериорен начин преку Фени Индустри стигна до првата титула во историјата, освојувајќи го Купот на Македонија. „Соколите“ предводени од тренерот Драган Николиќ, кој ги препороди по неговото доаѓање, практично направија исчекор напред во однос на минатата година, кога играа…

ПОВЕЌЕ ...

Никол Бар има само 13 години и живее како чергар. Малата Ромка патувала од едно до друго место и едвај одела во училиште. Нејзините способности случајно ги откриле во училиште во Есекс, Велика Британија. Иако девојчето делувало незаинтересирано за сите работи околу себе, сепак, нејзините учители забележале дека е талентирано. И дале да полага тест и откриле дека има поголем IQ од двајцата генијалци Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Всушност, научниците тврдат дека спаѓа во групата од 1% најинтелигентни луѓе на планетата земја. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 162, за два поени поголем од на Ајнштајн. „Нејзината интелигенција од секогаш…

ПОВЕЌЕ ...

Две силувања во Источниот регион. Во првиот случај, радовишанец уценувал кочанчанка со видео снимки. За да не ги објави во јавноста 24-годишникот, 18-годишната девојка повеќепати ја присилил на полови дејствија. На овој начин, уцената функционирала од ноември 2014-та година до октомври лани. Но, храброст девојката да пријави што се доживеала, собрала дури вчера. По целосно расчистување на случајот, радовишанецот ќе добие соодветна пријава. Во вториот случај пак, жртва било 13-годишно девојче од Штип. Неколку месеци на Фејсбук, таа се допишувала со 23-годишник од Радовиш. По долгиот виртуелен разговор, тие се договориле да се сретнат во живо. Средбата се случила вчера…

ПОВЕЌЕ ...

Со наградна игра до подобра наплата на комуналните услуги. Ова е рецептот кој веќе неколку години го практикува  ЈП „Камена Река“ за да ја подобри наплатата. Во моментов, наплатата на вода е над 95 % од корисниците, што е најмногу во регионов: „Целта е преку оваа наградна игра да ги мотивираме сите корисници кои нередовно ја плаќаат водата. Процентот на наплата оваа година е зголемен за 3-4% за разлика пред воведување на наградната игра“ – изјава Влатко Димитровски, технички директор ЈП „Камена Река“. Инаку, годинава ЈП ќе започне со дигитализација на водомерите што треба да донесе и порационално користење на водата…

ПОВЕЌЕ ...

Моментално, под брендот „Панорама“ работат два угостителски објекта – „Пица Панорама“ која се наоѓа во централното градско подрачје во Делчево и Мотел-ресторан „Парк Панорама“, објект кој е на патот Делчево-Македонска Каменица, на месноста наречена Кај Лестаро. Определбата во двата угостителски објекти е да се работи со прифатливи цени, квалитетна храна и добра услуга. „Пица Панорама“ во текот на целата година работи со редовно работно време, додека „Парк Панорама“ во моментов работи од 10.00-18.00 часот, а веќе од март ќе започне со полно работно време. Во рамки на Мотел-ресторан „Парк Панорама“ има и соби за сместување, кои се идеални за опуштен…

ПОВЕЌЕ ...

Реномираниот инди-рок бенд, Зостер, го претстави новиот видео спот, за последниот сингл од нивниот албум „Срце узаврело“ – „Осјечам се“. Во песната станува збор за недостаток на оригиналност во современото општество и кризата на индентитет која денешните луѓе често ја чувствуваат. Видеото го сними и монтираше Miki Olabarri Powell, фотограф и режисер, а вооедно и пријател и надворешен соработник на бендот Зостер. Спотот е снимен за време на неговиот престој во Руанда, а главен протагонист е локален руандски танчер. Инаку, Зостер последниот настап во Македонија го имаа во Македонска Каменица, на True Sound Of Kamenica Festival 2016. https://www.youtube.com/watch?v=tBXpDNLAlG0

ПОВЕЌЕ ...

Васко Симоновски од Македонска Каменица свири на изворни народни инструменти и ја негува македонската изворна музика. Погледнете го неговото гостување на Телевизија „Канал Плус“. https://www.youtube.com/watch?v=gtFtkFYdKZ0&feature=share

ПОВЕЌЕ ...

Девојките од „Шербет“ стануваат препознатливи низ Македонија по нивните музички видеа снимени на тетовските улици. И покрај студените зимски денови, тие продолжуваат да снимаат на задоволство на нивните фанови, кои се во се поголем број. Доколку сакате да ги слушате „Шербет“, следете ги на нивната официјална фејсбук страна – https://www.facebook.com/sherbeti/?fref=ts . Според многумина, концептот на „Шербет“ потсетува на веќе популарните „Trio Mandili“, а македонските девојки велат дека ќе продолжат со развивање на нивната идеја и дека ќе пеат низ цела Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=pgvngsPHekw Во подолното видео може да слушнете како звучат и грузиското „Trio Mandili“. https://www.youtube.com/watch?v=M0l6UJdp0uM

ПОВЕЌЕ ...

„Рудник Саса“ го совлада кумановски „Илирет“ во рамките на 15-тото коло од Првата македонска футсал лига. На натпреварот кој се одигра во Македонска Каменица, каменичкиот футсал тим славеше со конечни 13 : 9. Со оваа победа „Рудник Саса“ се помести од последното место и сега има еден бод предност пред последнопласираниот „Илирет“.

ПОВЕЌЕ ...