Author: kamenica.mk marketing

Во петок, во ресторан „Москва“ во Свети Николе, новинарите од Истокот, во состав на ЗНМ, ќе го изберат „Најдоброто во Источна Македонија“. На овој настан, каменичанецот Јанче Стојковски и официјално ќе го добие признанието – најдоброто во областа на трудот, за својата работа во Рудник „Саса“. Меѓу прогласените победници во повеќе категории се и новинарите Даниела Такева, која колегите ја избраа за најдобар новинар-репортер и Горан Лефков, кој доби оскар за истражувачко новинарство. Генерален спонзор на настанот е Рудник „Саса“ од Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

Тој секој понеделник вечера со своите деца и нивните семејства, а секоја среда ја поминува со своите внуци. Генијален инвеститор, бизнис магнат и филантроп – Карлос Слим Елу (77) е најбогатиот човек во Мексико и еден од најбогатите луѓе на светот. Овој скромен милијардер поседува над 200 компании во Мексико, познати и како „Слимландија“, а неговото богатство се проценува на 35,4 милијарди долари. Што е тоа што го водело овој човек, кој потекнува од една од најсиромашните земји, да изгради деловна империја? Ова е неговата животна приказна. Родителите на Слим се емигранти од Либан, кои се преселиле во Мексико пред…

ПОВЕЌЕ ...

Се повеќе семејства одбираат вакви алтернативи на куќи – колиби. Тие се многу едноставни за изградба, а не чинат премногу. Компанијата archedcabins.com од Соединети Американски Држави, ја праќа комплетната куќа на ваша адреса во основен пакет кој содржи и кат, скелет на структурата, тип на изолација R13 за да куќата биде топла и плафони во облик на панели. Овие куќи се совршени затоа што се евтини, брзо се монтираат и имаат се што е потребно да се задоволат основните потреби на станување. Цените се движат од 1000 евра за најевтиниот модел, до најскапиот кој чини 12 000 евра. Со оглед дека…

ПОВЕЌЕ ...

Рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица ги продолжува активностите за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Како докажана компанија со голема општествена одговорност, Рудникот уште еднаш излегува во пресрет на потребите на жителите од Каменица. Овој пат, ќе бидат инвестирани финансиски средства за опремување на Фитнес центар кој ќе биде сместен во новоизградената „Куќа на спортот“ на Градскиот стадион во Македонска Каменица. По опремувањето, овој Фитнес центар ќе биде на располагање на сите заинтересирани граѓани, а овој проект се реализира во насока на промоција на здрав живот и поттикнување на спортскиот дух кај Каменичани. Од раководството…

ПОВЕЌЕ ...

Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во два часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува…

ПОВЕЌЕ ...

Наспроти скромните почетоци, Пабло Ескобар станал лидер на картелот Меделин, кој држел под контрола 80 отсто од светскиот пазар на кокаинот. „Ел Патрон” неделно инкасирал околу 420 милиони долари, што го прави еден од најбогатите наркодилери на сите времиња. Иако точната проценка на неговото богатство е невозможна, поради природата на неговата „работа”, се проценува дека во текот на животот заработил околу 30 милијарди долари. Ова се неколку факти за неговото големо богатство. 1. Кон средина на 1980-те години на минатиот век картелот на Ескобар заработувал 420 милиони долари неделно, односно 22 милијарди долари годишно. 2. Ескобар бил на меѓународната листа…

ПОВЕЌЕ ...

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ од Македонска Каменица уште еднаш убедливо победи, во генерацијата М-16. Вчера, на домашен терен беше совладана екипата на „Ролинг“ од Струмица, со конечен резултат 93:71. Очекувано, најдобар на теренот беше Кире Блажевски кој постигна 30 поени, а огромен придонес во новата победа дадоа и Дамјан Тодосиев со 20 поени и Никола Орлов, кој постигна 16 поени.

ПОВЕЌЕ ...

За сите граѓани на РМ 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар 1 Мај (понеделник), Ден на Трудот 24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители 27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам 2 Август (среда), Ден на Републиката 8 Септември (петок), Ден на независноста 11 Октомври (среда), Ден на народното востание 23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба 8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски” ***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен. За граѓаните од православна вероисповед 6 јануари (петок), Бадник, ден…

ПОВЕЌЕ ...

КК Баскет Кам (генерација М-16) извојува нова убедлива победа на гостински терен. Совладана е екипата на УГД Штип, со конечен резултат 58:114. Маестралниот Кире Блажевски, кој е и потенцијален репрезентативец на македонската кошаркарска репрезентација, постигна 42 поени, речиси исто колку целиот тим на УГД. Во високата победа на каменичката екипа, одличен придонес дадоа и Дамјан Тодосиев со 22 поени и Ангел Јовановски со 14 постигнати поени. [iframe-popup id=”3″]

ПОВЕЌЕ ...

Нова победа на почетокот на пролетната полусезона. ФК Каменица Саса го продолжува „патувањето“ кон Втората македонска фудбалска лига. Денес, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, ФК Каменица Саса го совлада тимот на ФК Василево со резултат 3:0. [iframe-popup id=”3″] Стрелци на головите за ФК Каменица-САСА: 1:0 Сашо Велиновски 2:0 Жан Манов 3:0 Бране Глигоров https://www.youtube.com/watch?v=L9tTstYrzPQ&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...