Author: kamenica.mk marketing
Денес, со стартот на Турнирот во тенис и официјално започнува Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Турнирот во тенис ќе се игра по систем на елиминации, а најдобриот каменички тенисер ќе добие наградно патување кое е обезбедено од општина Македонска Каменица. Распоредот и термините за другите турнири кои се играат во рамки на Меморијалниот турнир дополнително ќе бидат објавени.
Изминатиот викенд, во Македонска Каменица свечено беше пуштен во употреба новиот Дом на култура. Објектот има површина од околу 900 метри квадратни, располага со сала за кинопроекции и други културни настани, сала за проби на културно-уметничкото друштво, библиотека, читална, изложбен простор, гардероби и канцелариски и помошни простории. За отварањето се оддржа тридневна културна програма на која настапија локални бендови, КУД „Вера Јоциќ“, дечињата од локалното талент шоу „Јас имам талент“, „Пламенка Трајковска гудачки квартет“, театар „Колозов“ и „Бајса Арифовска и пријателите“. Очекувано, најголем интерес кај локалната публика предизвика настапот на македонското музичко чудо, каменичанката Бајса Арифовска. За периодот што претстои,…
Македонска Каменица денеска му оддаде почит на бранителот Миле Јаневски-Џингар, кој заедно со уште седум припадници на единицата Волци во 2001 на денешен ден беа масакрирани кај Вејце. Пред спомен-обележјата на Јаневски се поклонија и цвеќе положија членовите на семејството Јаневски, неговите пријатели, колегите од едницата Волци, претставници од општина Македонска Каменица, од институции и здруженија на граѓани. Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски истакна дека Македонска Каменица никогаш нема да го заборави Јаневски. – Жалам што поради актуелната состојба во Собранието на Република Македонија откажани се активностите кои традиционално се одвиваа на овој ден со презентација на…
Во петок (28-ми април), средното општинско училиште го слави името и делото на херојот од Македонска Каменица, Миле Јаневски Џингар. Миле Јаневски Џингар беше припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“, а загина во војната од 2001 година, во заседа кај Вејце. Средното општинско училиште во Македонска Каменица го носи неговото име, а по повод патронатот организира пригодна програма. Во 11.30 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјата во Македонска Каменица, по што ќе започне методско-показна вежба на колегите на Миле од БСН „Волци“. Во 12.30 часот ќе име прием во СОУ „Миле јаневски Џингар“ каде ќе биде поставена…
ПОЧИТУВАНИ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО СОГЛАСНО ЧЛЕН 99 И 99-Б ОД ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010; 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16 , 120/16 и 163/16) и Уредбата за начинот на утврдување на неповолниот климатски настан, настаната штета, пресметување на загубата на приходот, пресметката на штетата, постапката за исплата на помошта („Службен весник на Република Македонија“ бр43/13), А ВО ВРСКА СО ДОБИЕНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА НАСТАНАТ КЛИМАТСКИ НЕПОВОЛЕН НАСТАН – ДОЦНИ ПРОЛЕТНИ МРАЗЕВИ НА ДЕН 21 И 22 АПРИЛ 2017 ГОДИНА ОД УПРАВАТА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ…
Помеѓу Ким Кардашиан и обичните луѓе има неколку значајни разлики, меѓутоа една е навистина посебна. Ким користи специфична тоалетна хартија 🙂
Девојчињата на КК „Баскет Кам“, генерација М-16, ги победија кумановските врснички од тимот на „Бал фор лајф“. Тие победија убедливо, со конечен резултат 28 : 79. Најдобри во екипата на КК „Баскет Кам“ беа: Стефанија Георгиева со 17 поени, Стефани Колева, исто така постигна 17 поени, а Евгенија Пауновска додаде 12 поени. Женската екипа на „Баскет Кам“ сеуште е во врвот на табелата и во тесна борба за еден од медалите.
Во сабота (29.04.2017), театар „Колозов“ од Скопје ќе одигра две претстави во новиот Дом на култура во Македонска Каменица. Во 17.00 часот ќе биде прикажана детската театарска претстава „Љубопитната принцеза“, а веднаш потоа, во 19.00 часот ќе се одигра и хит-претставата „Женско царство“. https://www.youtube.com/watch?v=2CGdL3Z8dK0 Театар „Колозов“ веќе неколку пати гостуваше во Македонска Каменица и ужива огромна популарност кај локалната публика. Ова гостување е дел од тридневната програма која се реализира по повод отворањето на новиот Дом на култура.
Во петок (28 април 2017), во 19.00 часот, во новиот Дом на култура во Македонска Каменица ќе се оддржи концерт на класична музика во изведба на „Пламенка Трајковска гудачки квартет“. Дел од овој квартет покрај Пламенка Трајковска се и Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Ени Вучидолова. На концертот ќе бидат изведени врвни музички дела, а целта на овој настан е да се промовира и доближи класичната музика пред локалната публика. Инаку, новиот Дом на култура во Македонска Каменица ќе биде отворен во петок, во 13.00 часот, а дел од дневната програма се дечињата од „Јас имам талент“, КУД „Вера Јоциќ“…
Бајса Арифовска е уникатна македонска музичка појава. Од Македонска Каменица, преку Штип, стигнува во Скопје за да го комплетира своето музичко образование и да стане еден од најреспектираните македонски музичари. Свири на повеќе од 15 инструменти, а има оддржано стотици концерти со врвни музичари. По повод отворањето на новиот Дом на култура во Македонска Каменица, Бајса ќе настапи во родниот град на концерт наречен „Бајса и пријателите“. Во недела (30.04.2017), Бајса придружувана од Душко Георгиевски, Орце Лазаров, Ратко Даутовски и Емил Адамски, ќе оддржа целовечерен етно концерт, а локалната публика ќе има можност за неповторливо уживање во македонската традиционална музика.…
