Author: kamenica.mk marketing

Викендов. во Македонска Каменица се одиграа два финални натпревари од турнирите во тенис и пинг понг кои се играат во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Со тоа, познати се и првите шампиони. Турнирот во пинг понг го освои Антонио Димитровски, кој во финалето го победи Адријан Мицевски, со 3:0 ве сетови. Најдобар на турнирот во тенис беше Дарио Стојковски, кој во тежок и исцрпувачки меч го победи Кире Малчовски со 2:1 во сетови.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, Саса го играше еден од најзначајните натпревари во последните десетина години. Победа против Брегалница ќе значеше задржување во игра за трето место до последното коло, а пласманот во Втора лига многу веројатен. Но, Саса не изигра ништо и ја разочара публиката која беше дојдена да види квалитетна второлигашка екипа. Во првото полувреме речиси и да немаше шанса за гол, а потегот на мечот го направи Жежовски од делчевска Брегалница во вториот дел од натпреварот. Како „брз воз“ помина низ одбраната на Саса и го постигна единствениот гол на натпреварот. Домашните фудбалери се обидоа…

ПОВЕЌЕ ...

Денес продолжуваат натпреварите од Турнирот во мал фудбал кој се игра во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Ќе се одиграат следниве три натпревари: 16.30 Џафер – Фемили медика 17.30 Го пласт – Рудник Саса 18.30 Делириум – Де пласт Вчера се одигра и второто полуфинале од Турнирот во тенис, во кое Кире Малчовски беше подобар од Драган Јовановски со 2:0 во сетови. Во тениското финале ќе се сретнат Дарио Стојковски и Кире Малчовски, а тоа ќе се одигра во сабота (20.05.2017), во 17 часот и 30 минути.

ПОВЕЌЕ ...

ЈП „Камена Река“ веќе започна со цветно-декоративно уредување на централното градско подрачје. Се засадуваат цвеќиња од сопствените расадници, се уредуваат зелените површини и континуирано се врши оддржување на урбаната опрема. Последниве неколку години, најинтересен цветен аранжман е „цветната куќичка“ која повторно е поставена деновиве, во дворот на СОУ „Миле Јаневски Џингар“.

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на пензионери од Македонска Каменица, со поддршка на Општината, Културно-информативниот центар „Романса“ и Здружението на граѓани „Еленец Цера“ ја организираат традиционалната манифестација „Бабина баница“, која ќе се оддржи на 11-ти јуни. Годинава, „Бабина баница“ ќе се оддржи по шести пат, а од организаторите е најавено уривање на минатогодишниот рекорд и присуство на околу 10.000 посетители на преубавиот манастирско-туристички комплекс „Еленец“ во село Цера. Покрај натпреварот во подготвување на баница под вршник, на традиционален македонски начин, ќе има и богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат секции од здруженијата на пензионери. За гостите ќе биде подготвена и селска манџа по…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера беше комплетирано и третото коло од турнирот во мал фудбал кој се игра во рамки на „Миле Јаневски Џингар 2017“. Ова се постигнатите резултати: Го Пласт – Делириум 2:5 Џафер – Де Пласт 4:5 и Рудник Саса – Фемили медика 2:1 Веќе е познат и првиот финалист на Турнирот во тенис. Во првото полуфинале, Дарио Стојковски беше подобар од Марјан Велиновски со 2:1 во сетови (6-3; 4-6; 6-3). Второто полуфинале се игра денес, во 18.00 часот, а место во финалето ќе бараат Кире Малчовски и Драган Јовановски.

ПОВЕЌЕ ...

Матеј Митревски има само 10 години и е член на Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ од Македонска Каменица. Тренира кошарка веќе пет години и за него велат дека е еден од најголемите, ако не и најголемиот кошаркарски талент на Балканот и дека пред него претстои блескава кариера. Погледнете како изгледа мал дел од тренинзите на Матеј: https://www.youtube.com/watch?v=nk0_vzEwz9E&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...

Во изјава за ТВ Стар, Максим Прохоров – директор за развој и инвестиции на Рудник „Саса“ најави дека компанијата ќе инвестира 10 милиони евра во набавка на нова опрема и подобрување на безбедноста при работа. Тој изјави дека покрај ова, во Програмата за работа на новиот директор Нил Роберт Стевенсон е предвидена и поголема соработка со институциите на локално и државно ниво, како и продолжување на поддршката за проекти од општ интерес за граѓаните. Рудникот веќе работи на изградба на новото хидројаловиште кое ќе чини 7 милиони евра, а ќе овозможи непречена работа во следните 10 години.

ПОВЕЌЕ ...

Македонските матуранти се во завршни подготовки за матурските вечери. Некои девојки во обид да изгледаат што поблескаво за матурска, нарачуваат фустани на интернет. Еве што нарачала, а што добила една македонска матурантка. 🙂

ПОВЕЌЕ ...

На 23-ти мај, со почеток од 20.00 часот, во новиот Дом на култура во Македонска Каменица, ќе биде изведена театарската претстава „Љубовен маратон“ на театарот при НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип. Претставата е комедија од Нил Сајмон, во режија на Никола Ристов, а ќе настапат Виктор Арев, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова и др. Влезниците за претставата се 30 денари. Организатор на настанот е КИЦ „Романса“, со поддршка од општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...