Вчера, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се оддржа шестото издание на традиционалнта пензионерска манифестација „Бабина баница“. На покана на каменичкото Здружение на пензионери, илјадници гости од сите краеви на Македонија го посетија „Еленец“ на еднодневно дружење и уживање во културно-уметничката програма, природните убавини и манастирот „Покров на Пресвета Богородица“. Победници во натпреварувачкиот дел – подготовка на баница под вршник, беа домаќините, екипата на Здружението на пензионери од Македонска Каменица.
Само лошите временски услови беа причина да не биде соборен минатогодишниот рекорд по број на посетители и „Еленец“ да не блесне со сета своја убавина.
Здружението на граѓани „Еленец Цера“ подготви традиционален македонски ручек кој се продаваше по симболична цена од 50 денари. Манифестацијата е организирана од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, потпомогната од општина Македонска Каменица и градоначалникот д-р Дарко Митевски. .
фото: Драган Костовски


