На 11-ти јуни (недела), на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица ќе се оддржи „Бабина баница 2017“, што е и најголемиот пензионерски собир во државата. 
Во изминатите неколку години илјадници пензионери од Македонија и странство го посетија Еленец, а за годинава се очекува дека нивниот број нема да биде помал од 5000. Организатор на оваа манифестација е локалното Здружение на пензионери, поддржано од општина Македонска Каменица и останатите локални фирми и институции. Традиционалниот македонски оброк кој се подготвува за „Бабина баница“ ќе го подготви Здружението на граѓани „Еленец-Цера“ и ќе се продава по симболична цена од 50 денари.
Организацијата на оваа манифестација традиционално ја поддржува и најголемиот стопански капацитет на подрачјето на Македонска Каменица – Рудник „Саса“.

