кamenica.mk е еден од најчитаните интернет портали во Источна Македонија и портал кој е високо рангиран на државно ниво.
Во досегашното свое работење kamenica.mk се профилираше како портал кој не обработува партиско-политички теми. Во пресрет на локалните избори кои ќе се оддржат на 15-ти октомври 2017 година, определбата на порталот останува иста. kamenica.mk ќе известува за позначајните активности, се разбира без партиски призвук и единствено што ќе биде дозволено во делот на политички маркетинг е поставување на банери на интернет порталот.
Поставувањето на банери за политичките партии ќе биде возможно во периодот од 25-ти септември до 13-ти октомври, а цената на нивен закуп ќе биде утврдена најдоцна до петок (22-ри септември 2017 година).
kamenica.mk на сите кандидати за советници и на кандидатите за градоначалници им посакува успешна кампања, фер политичка битка и успех во политичката кариера.
