Author: kamenica.mk marketing
22. декември 2017 каменица.мк Денес се оддржа втората акција на „Сообраќајната училишна единица“ во Македонска Каменица. Акцијата станува се попопуларна и евидентно е дака има влијание врз сообраќајната свест кај возачите во нашата општина. Инаку, основната цел на „Сообраќајната училишна единица“ е преку делење на промотивни материјали (флаери, брошури, фрешери) да поттикне повисока култура кај учесниците во сообраќајот и таа ќе се одвива и во наредниот период. Денешната акција беше поддржана и од Соња Стаменкова-градоначалник на општина Македонска Каменица.
Утре (22.12.2017), во училипниот двор, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ ќе се оддржи хуманитарен новогодишен базар. На новогодишниот базар ќе бидат изложени новогодишни украси изработени од учениците во средното училиште и децата со посебни потреби од Македонска Каменица. Украсите ќе се продаваат по промотивни цени, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Ваков базар ќе се оддржи и наредниот петок (29.12.2017), а во него учество ќе земат и ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“. Настаните се организираат со поддршка од општина Македонска Каменица. Организаторите ги покануваат сите граѓани активно да се вклучат и да…
Вчера, во Македонска Каменица се оддржа информативна средба за промоција на иницијативата „Мрдни со прст“. Оваа иницијатива, преку НВО КХАМ Делчево, ќе се реализира во шест општини од Источна Македонија и тоа: Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово, Виница и Кочани. Целта на „Мрдни со прст“ е да се подигне јавната свест за различните можности за општествено промени и на овој повик ќе може да аплицираат граѓански организации од Македонска Каменица. Значајно за нашата општина е што ќе бидат доделени околу 75.000 денари за реализација на два проекта, но од првенствено значење е тоа што ќе бидат опфатени повеќе целни групи,…
Денес, во Македонска Каменица, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ започна да функционира „Училишна сообраќајна единица“. Реализирана е првата од низа акции чија првенствена цел е да се подобри сообраќајната свест и да се унапреди сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот во Македонска Каменица. Учесниците во акцијата имаат советодавна улога и преку промотивни материјали се обидоа да делуваат за почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие акции е да се подигне културата и етиката кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, но и да се поттикне локалното население активно да…
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА МАЖИ – ХРВАТСКА, ЗАГРЕБ – 2018 (Со посета на Италија) СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА ! ! ! ПРОГРАМА: 1 ДЕН. 13.01.2018 Состанок на група 00 : 00. Тргнување во 00 : 30 кон Загреб. Патување преку Kуманово и граничниот премин Табановцe со редовни гранични формалности и попатни паузи. Патувањето продолжува преку Р. Србија и Р.Хрватска. Пристигнување околу 14 : 00 и сместување во хотел. Тргнување кон спортската сала во 16 : 00. Гледање на натпреварите: 17 : 30 Германија – Црна Гора . 19 : 30 Македонија – Словенија . По натпреварот враќање во хотел. Ноќевање. 2…
„За сите што ни се во срцата, а не се со нас… И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува! Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме“ – напиша Каролина на нејзината официјална фејсбук страна по повод објавувањето на првиот сингл од новиот албум кој ќе излезе наскоро. https://www.youtube.com/watch?v=3yI_WqJJrnM
Општина Македонска Каменица, по повод Новогодишните и Божиќните празници, организира традиционален коктел за сите локални жители. Коктелот ќе се оддржи во петок (29-ти декември 2017 година), во Ресторан „Саса“, со почеток од 16.30 часот. На традиционалниот предновогодишен коктел, покрај официјалниот дел, ќе има и музичка програма во рамки на која ќе настапи локалниот бенд Риплеј. Генерален покровител на настанот е Рудник „Саса“ Македонска Каменица. Официјалниот фејсбук настан е на следниов ЛИНК.
Општина Македонска Каменица започнува со спроведување на акции за зголемување на сообраќајната свест и подобрување на сообраќајната култура. Во наредниот период ќе започнат да функционираат т.н. „Сообраќајни патроли“ кои ќе бидат составени од вработени во општинската администрација, припадници на МВР и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Патролите ќе имаат советодавна улога и преку промотивни материјали ќе се обидат да делуваат за почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие акции е да се подигне културата и етиката кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, но и да се поттикне локалното население активно да се вклучи во општествените процеси…
На денешен ден, на 14-ти декември 1996 година е конституиран првиот Совет на општина Македонска Каменица. На овој ден започнува функционирањето на Македонска Каменица како самостојна општина и создавање на локални установи и институции. Денес, Македонска Каменица слави 21-ви роденден и цврсто чекори кон светла и прогресивна иднина.
Општина Македонска Каменица со низа мерки ќе ја подобрува наплатата на данок на имот и фирмарина, од физички и правни лица кои ги немаат подмирено своите обврски во изминатиот период. Најпрвин ќе биде извршено ажурирање на податоците на даночните обврзници, по што ќе се започне со доставување на решенија за наплата на заостанатите долгови. Опомените за наплата ќе бидат последниот чекор, со што ќе се избегне непопуларната мерка за блокади на сметки на физичките и правните лица во деловните банки. Според податоците од општинската администрација, наплатата на данокот на имот и фирмарината во Македонска Каменица, во последните три години се…
