На иницијатива на општина Македонска Каменица, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица, во петок (29-ти декември 2017), ќе се оддржи хуманитарен новогодишен базар.
Овој базар е по повод Новогодишните и Божиќните празници, а ќе се оддржи во училишниот двор на средното училиште и ќе започне од 10.00 часот. Сите новогодишни украси ќе се продаваат по симболични цени и покрај граѓаните, ќе бидат вклучени и локалните фирми, установи и институции.
Сите соберени средства ќе бидат донирани за лицата со посебни потреби од Македонска Каменица.
