Author: kamenica.mk marketing
Македонска Каменица, 09.03.2018 – Денес, Спортско риболовното друштво „Шаран“ изврши порибување на езерото Калиманци со 600 кг риба – крап. Рибите се набавени од Репро Центар „Пелагонија“ од Жабени, Битола. На порибувањето покрај членовите на СРД „Шаран“ присуствуваа и генералниот директор на Рудник „Саса“, г-дин Нил Стевенсон и градоначалникот на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова. Оваа активност на каменичкото спортско риболовно друштво традиционално е поддржана од Рудник „Саса“ и за таа намена годинава најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица одвои 150.000 денари. Во понеделник (12.03.2018) во езерото ќе бидат пуштени дополнителни 600 кг кои пак ќе бидат обезбедени со…
Македонска Каменица, 09.03.2018 – Со измени во Правилникот за стипендирање на ученици и студенти, општина Македонска Каменица ќе го зголеми бројот на стипендирани ученици и студенти, а ќе се зголеми и износот на стипендиите. Согласно предложените измени кои ќе бидат доставени до Советот на ЕЛС Македонска Каменица веќе на мартовската Седница, предвидено е да се доделуваат 20 стипендии (6 за ученици во основно, 8 за ученици во средно и 6 за студенти). Ќе бидат стипендирани ученици од Македонска Каменица кои учат во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ (осмо и девето одделение) и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ (втора, трета и…
Соња Стаменкова – градоначалник на општина Македонска Каменица, со скромен подарок им го честиташе Меѓународниот ден на жената – 8-ми Март на припадничките на понежниот пол во Македонска Каменица. Општината обезбеди цвеќиња за работничките во текстилните фабрики, за вработените во јавните установи и претпријатија, за жените-пензионери. „Денес им посветуваме внимание на припадничките на понежниот пол и со скромен подарок го одбележуваме денот кој е симбол на борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност за мажите. Во наредниот период уште посилно ќе се залагаме за поголема инклузивност на жените во сите општествени сфери. Денешниот празник-Меѓународниот ден на жената ни…
Скопје, 06.03.2018 – Пред претставници на Владата, Собранието, локалнатa управа, бизнисот, академската заедница и другите општествени сегменти во Македонија, членовите на Бордот на директори на Централ Азија Металс (Central Asia Metals, AIM: CAML), новиот сопственик на рудникот САСА, ја претставија својата визија за идниот одржлив развој на најголемиот рударски коплекс во земјата. – Импресионирани сме од досегашните достигнувања на рудникот САСА, од неговиот потенцијал за понатамошен развој, како и од посветеноста, искуството и знаењето на вработените, што е уште еден показател за квалитетот на техничкото образование и експертизата во областа на рударството во Македонија, рече во своето обраќање претседателот на…
Денес, во Домот на културата во Македонска Каменица беше прикажана детската театарска претстава „Пинокио“. Претставата беше во организација на КИЦ „Романса“ со поддршка на општина Македонска Каменица, а во реализација на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица. „Пинокио“ беше наменет за дечињата од прво до петто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Режијата и сценографијата на детската претстава „Пинокио“ е на Драгана Таневска, драматургијата е на Ацо Гогов, а за костимите се погрижи Ванчо Василев. Улогите во оваа извонредна претстава ги толкуваат Ванчо Василев, Анкица Бенинова, Коста Ангов, Ванчо Крстевски, Стојан Велков Трн, Игор Тодоров и Јулија Милкова. Детската претстава…
„Асгард 2015“, asgard.mk и kamenica.mk ги избраа најдобрите лого дизајни за музичкиот фестивал True Sound of Kamenica. На конкурсот кој траеше до 28-ми февруари, пристигнаа повеќе од 90 решенија за ново лого на фестивалот. Најдоброто лого го изработи автор потпишан како Nomaduzz и тоа ќе се користи во иднина на сите фестивалски промотивни материјали. Второнаграденото лого е дело на Анче Стаменов. Третата награда во изборот за најдобро TSOK лого ќе се додели за решението на Христијан Тасов. Сите наградени автори треба да ги испратат логоата и во векторски формат, по што ќе им бидат доделени наградите. Авторот на првонаграденото лого ќе добие 6.000 денари, второпласираниот 3.000,…
Заради мултиплицирање на бројот на културни настани во Македонска Каменица, а и заради поттикнување на творештвото на млади и самостојни уметници (сликари, фотографи, скулптори, музичари, графити уметници, афористичари, сатиричари, писатели, поети и сл), www.asgard.mk формира фонд за поддршка на независни локални културни проекти. За 2018 година веќе се обезбедени 60.000 денари, а овој износ дополнително ќе се зголемува во зависност од приходите од настаните кои се во организација на АСГАРД 2015 од Македонска Каменица. Најголем дел од локалните музичари ќе бидат ангажирани и ќе настапуваат токму на овие настани, а самостојните уметници ќе бидат поддржани преку откуп на нивни дела…
Популарната француска иницијатива Europ’Raid по вторпат ја стави Македонска Каменица на својата мапа. Учесниците на најголемата европска рели авантура и во текот на 2018 година ќе ноќеваат на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица. На патот низ 20 европски земји, за дваесетина дена, единствената локација за ноќевање на 750 млади Французи во Македонија ќе биде малата рударска општина. Французите кои патуваат низ Европа со возила од марката „Пежо 205“ ќе организираат и солидарна акција, а за годинава се предвидени донации за основното училиште и за локалните спортски клубови во Македонска Каменица. Претставниците на Europ’Raid организацијата денес беа примени…
Шоуто „Two Mothers Brothers vol.2“ е неверојатен микс од музика и стенд ап, кое преку фантастичната изведба на двајцата охридски актери ќе ја насмее публиката до солзи. Овој кабаре спектакл ќе се оддржи на 3 април, од 20.00 часот. Локацијата ќе биде дополнително соопштена. Влезниците за овој настан ќе се продаваат по симболична цена од 60 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви март. asgard.mk и kamenica.mk одлучија целиот приход да биде дониран во хуманитарни цели, односно за семејство во село Дулица, кое во пожар го загуби својот дом. Приходите од сите настани кои се во организација на…
Општина Македонска Каменица спроведена јавна набавка и потпиша договор за „Набавка и испорака на расаден материјал од декоративни зимзелени и листопадни дрвја и грмушки за свои потреби“. Според договорот ТД „Флорогарден“ ДООЕЛ од Струмица треба да набави вкупно: 175 садници декоративни четинари – (разни видови на Туја, Смрека, Смрча, Тиса, Хамаеципарис, Елка, и неколку видови на Чемпреси); 124 садници декоративни листопадни дрвја – (Јавор, Бреза, Каталпа, Липа, Врба, Магнолија, Платан и Багрем); 95 садници зимзелени грмушки и четинари погодни за жива ограда – (Берберис, Котонастер, Жива ограда, Бршлен, Спиреа, Смрека ( пузавец) како и неколку садници на Јапонска дуња). Вкупната…
