Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 17 часот на патниот правец Кочани – Штип. Во несреќата учествувале два мотоцикли и автомобил, при што загинало едно лице, објави порталот sky.mk.
Според неофицијални информации на порталот, починатото лице е од Свети Николе на возраст од 39 години. Уште еден моторџија е со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Штип.
Несреќата се случила во близина на Џонсон Контролс.
