Author: kamenica.mk marketing
На државниот натпревар по хемија кој се оддржа на 6-ти мај, Мери Соколовска, ученичка во 9-то одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на наставничката Сунчица Ѓоргиева, го освои високото трето место. Натпреварот се оддржа на Природно-математичкиот факултет – Институт за хемија во Скопје и во многу силна конкуренција Мери постигна успех со кој ќе се гордее целото училиште. Задоволна од успехот е и наставничката Сунчица Ѓоргиева која порача дека и во иднина ќе се натпреваруваат и ќе се борат за највисок пласман на државните натпревари и дека во континуитет се работи со учениците за нивен поголем интерес…
Kнижните банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај нема да важат и со нив не ќе може да се плаќа. Од Народна банка информираат дека наместо книжните, во промет ќе бидат пуштени пластични пари, а кованите 10 и 50 денари и понатаму ќе важат. „Доколку граѓаните поседуваат и на 15 мај книжни пари, нив ќе можат бесплатно да ги заменат за други банкноти или ковани пари. Од 15 мај годинава до 15 мај следната година, замената ќе може да се врши во деловните банки а по 15 мај следната година замената ќе се врши исклучиво во Народната банка“,…
На 13-тата седница на извршниот-штрајкувачкиот одбор на Синдикалната организација при САСА МЕСО-ССМ, која се оддржа на 28-ми април е разгледувана понудата од менаџерскиот тим на Рудник „Саса“ за покачување на платата од 5.500 денари. Извршниот-штрајкувачкиот одбор на истата седница донесе одлука да се свика целото синдикално членство и да бидат поканети сите работници во Рудникот и заеднички да одлучат дали понудата ќе биде прифатена или не. Вработените ќе се соберат на 2-ри мај 2018 година, во 17.00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица. Во прилог е и Соопштението кое Синдикалната организација при САСА МЕСО-ССМ го објави на својата…
Денес, во Македонска Каменица со низа свечености и пригодна програма беа одбележани 17 години од трагичната смрт на херојот Миле Јаневски Џингар, а воедно беше одбележан и патрониот празник на средното училиште. Миле Јаневски трагично го загуби животот кај Вејце, заедно со уште седум припадници на единицата „Волци“, во воениот конфликт во 2001 година. Денес, на спомен обележјата во Македонска Каменица кои се поставени во негова чест, цвеќе положија роднини, колеги, пријатели и локални раководители и функционери. Во училишниот двор на Средното училиште се оддржа пригодна програма, а се игра и меморијален турнир во мал фудбал. Во својот говор, градоначалникот…
Вчера, во официјална работна посета на општина Македонска Каменица беа амбасадорот на Република Србија во Република Македонија г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и конзулот во Амбасадата на Република Србија г-ѓа Љиљана Танасијевиќ. На средбата со градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова се разговараше на неколку теми, а посебен акцент беше ставен на можноста за реконструкција на Спомен костурницата во село Цера и изградба на Инфо-центар, како и поддршка за збратимување на општина Македонска Каменица со општини од Република Србија. По средбата градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова изјави дека верува во продлабочување на соработката со општините од Република…
Патувајте за 24-ти Мај со ТА Либеро Травел во Сандански по супер цена. Дозволете си одмор, релаксација и прошетка во природните убавини и изобилството на геотермални, минерелни и лековити извори на Сандански, кои го прават атрактивна туристичка дестинација, посебно за бањскиот туризам ПОНУДАТА СОДРЖИ: ➡️ 2 ноќевања со појадок ➡️ факултатива во спа центар Свети Врач по супер цена од 3100 денари. Патувањето ќе се реализира во периодот од 25.05.-27.05.2018. Поаѓање од: Виница, Кочани и Штип, а резервации на следниве телефонски броеви: 072/272-800; 078/372-800; 033/272-800 Повеќе за понудата побарајте на следниов ЛИНК.
Вчера, порталот „Струмица Денес“ објави видео снимено во центарот на Струмица, на кое се гледа како неколкумина измачуваат коњ со преголем товар. Според очевидци, коњот неколку пати паѓал на улица, но бил приморуван да ја влече коњската кола претоварена со дрва. Вакво измачување на животни веќе не е ретка појава и уште повеќе загрижува што и покрај реакциите на јавноста, надлежните органи не прават речиси ништо. https://www.youtube.com/watch?time_continue=71&v=gXflob-nRnY
НАГРАДНА ИГРА – “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ ОРГАНИЗАТОР ЕЛКОЛЕКТ ДОО увоз извоз од Скопје, Друштво за управување со отпад, во соработка со ЈП Камена река М.Камена и општина М.Каменица е организатор на наградната игра “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА Времетраењето на наградната игра “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ е во периодот 10.04.2018 година – 30.05.2018 година на територијата на општина Македонска Каменица. Извлекувањето на добитниците ќе биде на 31.05.2018 година во просториите на ЈП Камена река М.Каменица со почеток во 10 часот Право на учество во оваа наградна игра има секое полнолетно лице кое за времетраењето…
Денес, во Салата за состаноци во Домот на култура во Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова ја потпиша „Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници“. „Денес Македонска Каменица станува дел од една силна и извонредна европска иницијатива за рамноправност помеѓу мажите и жените. И покрај сите досегашни напори, силна посветеност и макотрпна работа на маркантни личности, во секојдневниот живот сеуште не постои потполна еднаквост помеѓу половите. Ми претставува огромна чест што оваа Повелба ќе биде потпишана и од наша страна со што ќе станеме дел од големото европско семејство на локални заедници кои ќе преземаат конкретни акции…
Општина Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани, ученици и студенти, дека Конкурсот за доделување стипендии завршува заклучно со 17-ти април. По овој рок, воопшто нема да се примаат документи кои се однесуваат на Конкурсот. Сите ученици и студенти треба да ги достават следниве документи: Потребни документи : На конкурсот се поднесува пријава кон која се приложуваат следните документи: За ученици; -Потврда за започната учебна година за ученици; -Копија од свидетелство за завршено седмо или осмо одделение основно образование; -Копија од свидетелство за завршена прва, втора или трета година средно образование; За студенти; -Потврда за редовно запишан…
