Author: kamenica.mk marketing
Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ се организатори на традиционалната средба со иселениците од Македонија – „Ден на дијаспора“. Овој настан ќе се оддржи на 12-ти август, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица. На настанот се очекуваат повеќе од 1500 македонски иселеници, претставници на Здруженија на иселениците во странство, како и владини претставници. Покрај официјалниот дел, на „Еленец“ ќе има и културна програма во рамки на која ќе настапи македонската музичка ѕвезда Марјан Коцев и локалниот Актив бенд. По тој повод, општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ ги известуваат сите заинтересирани угостители дека ќе може бесплатно да…
Општина Македонска Каменица во соработка со Културно-информативен центар „Романса“, Јавното претпријатие „Камена Река“ и Здружението на граѓани „Еленец Цера“ од село Цера ја организира традиционалната средба со иселениците – „Ден на дијаспора“. Оваа средба предизвикува се поголем интерес и годинава се очекува рекорден број на посетители да го посетат Еленец. Веќе е потврдено присуството на неколку министри од Владата на РМ, градоначалници од Источно-плански регион, претставници на Здруженија на Македонците во странство и претставници на приватни фирми кои имаат интерес за инвестиции во Македонска Каменица. „Општина Македонска Каменица заедно со уште неколку други институции и здруженија на граѓани, интензивно се…
Македонска Каменица е во завршна фаза на подготовка на финалето на најголемата културна манифестација во Источна Македонија – „Каменичко Културно Лето“. Традиционално, најголемите музички спектакли се случуваат во деновите пред и за 28-ми август, кој се прославува како Ден на општината и Ден на рударите. Веќе се објавени две од музичкити имиња кои ќе настапат на годинешната манифестација, која ќе трае од 26-ти до 28-ми август. Станува збор за српскиот мегапопуларен бенд С.А.Р.С. и атрактивната хрватска поп ѕвезда Јелена Розга. https://www.youtube.com/watch?v=AYzEKQas55o Покрај нив, во наредните неколку дена ќе бидат објавени и македонските музички ѕвезди кои ќе настапат на „Каменичко Културно…
„Каменичко Културно Лето 2018“ и оваа година им дава можност на сите локални млади и талентирани бендови и диџеи за учество на најголемата културна манифестација во Источна Македонија, која ќе се оддржи од 26-29 август. Сите заинтересирани може да аплицираат за учество на манифестацијата на фејсбук фан страницата на Каменичко Културно Лето 2018: https://www.facebook.com/kamenica.kkl/ или на следниов email: pr@makedonskakamenica.gov.mk Со сите музичари од Македонска Каменица чии апликации ќе бидат прифатени, ќе бидат склучени и договори за настап на „Каменичко Културно Лето 2018“. Повикот ќе трае до 16.07.2018 година.
Еден од најурбаните локали во Источна Македонија, делчевското Sky Cafe ќе слави пет години постоење. Роденденската забава ќе се оддржи на 4-ти јули, а за незаборавна журка ќе се погрижат бендот Random Park и диџеите Mario Eddie, Blendimore и 5rovski. Sky Cafe веќе е подготвено и за летната сезона и потврдени се настапите на многу бендови и диџеи кои ќе ја движат културната сцена во Делчево.
Денес, во општинската Сала за состаноци беа примени учениците кои добија стипендија од општина Македонска Каменица. На денешниот прием кај градоначалничката Соња Стаменкова тие ги потпишаа и договорите за стипендија и по комплетното завршување на постапката, стипендиите ќе бидат исплатени. „Чест ми е што денес сме домаќини на сите овие особено талентирани ученици кои ќе бидат стипендирани од општина Македонска Каменица, особено поради фактот што го зголемивме и бројот и износот на месечните стипендии. Верувам дека нашата поддршка ќе им биде од огромна корист и дека сите тие ќе продолжат по истиот пат и нивните успеси во образовниот процес ќе…
Општина Македонска Каменица денес организираше прием за спортистите кои во изминатиот период постигнаа значајни успеси и достојно го презентираа нашиот град. На приемот присуствуваа кошаркарките на КК „Баскет Кам“, младите ракометарчиња од „Астра спорт“, малата гимнастичарка Елвира Јангеловска, Бошко Стаменковски, Марио Ристов и Анастасија Стојковска. „ Македонска Каменица може да биде горда на сите Вас, кои годинава достојно не претставувте и постигнавте значајни резултати. Јас и целата општинска администрација Ви на огромните успеси. Вашите успеси се одлична промоција на нашата општина и дополнителен мотив и стимул за сите останати спортисти. Ќе се заложиме сите овие постигнувања и резултати да бидат соодветно…
Советот на ЕЛС Македонска Каменица на мајската седница усвои Решение за именување на членови на Совет на млади на општина Македонска Каменица. За членови на Совет на млади на општина Македонска Каменица се именувани: Бојан Стаменковски, Филип Аврамовски, Ивана Ѓоргиевска, Анетка Атанасовска и Ненад Николовски. Mандатот на членовите на Советот трае две години. Советот на млади на oпштина Македонска Каменица ќе биде советодавно тело на Советот на општина Македонска Каменица, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во општината.
Вчера, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалничката Соња Стаменкова имаше прием за учениците и наставниот кадар од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ кои имаат постигнато забележителни резултати на регионални и државни натпревари. Градоначалничката им честиташе за постигнатите успеси, вети дека вложувањата за подобрување на образовниот процес ќе продолжат и дека сите што имаат постигнато значајни резултати ќе бидат соодветно и пригодно наградени. Поинтензивни средби со учениците и наставниот кадар ќе има и во наредниот период се со цел да се подобри воспитно-образовниот процес, но и уште повеќе да се мотивираат и учениците и нивните…
Вчера, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица, се оддржа седмата по ред манифестација „Бабина Баница“. Манифестацијата беше организирана од каменичкото Здружение на пензионери, со поддршка на општина Македонска Каменица. Илјадници гости од сите краеви на Македонија, како и посетители од Србија и Бугарија може да уживаат во беспрекорните убавини на Еленец, во повеќечасовната културно-уметничка програма, како и во натпреварувачкиот дел-подготовка на баница на традиционален македонски начин. Најголем непријател на настанот беше едночасовниот пороен дожд и град, но и тоа не ги спречи посетителите да се задржат на „Еленец“. Уште сега организаторите на „Бабина Баница“ најавија дека манифестацијата…
