Author: kamenica.mk marketing

Три, засега се уште непознати и недостапни лица за Полицијата, утринава околу 8.30 ч. извршиле вооружен грабеж во Златарница во срцето на Старата прилепска чаршија. Во моментот на грабежот, во Златарницата била само сопственичката која штотуку го отворила дуќанот и од сефот го вадела златото. Неофицијално, напаѓачите, наидувајќи на заклучена врата од внатрешната страна, испукале два куршуми, со едниот кршејќи го стаклото од вратата, а со другиот ја провалиле бравата, велат очевидци од соседните дуќани, кои не сакаа да зборуваат во камера, бидејќи, како што појаснија и самите, и тие добиле закани по животот кога се обиделе да го спречат…

ПОВЕЌЕ ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица кои нападнале шест полициски службеници затоа што повикале пајак служба да острани неправилно паркирано возило,  сопственост на еден од обвинетите. Обвинети се татко и неговите два сина, кои на панаѓур во населба Шуто Оризари, заедно нападнале и телесно повредиле шестмина униформирани полициски службеници од ПС Чаир. Полицајците заради нормално одвивање на сообраќајот, повикале пајак-служба која пристигнала и пристапила кон отстранување на автомобилот „фолксваген пасат“, сопственост на еден од обвинетите. Тој влегол во возилото, го стартувал и тргнал напред, при што удрил во оштетените полицајци, нанесувајќи им телесни повреди, информираат од ЈОРМ.…

ПОВЕЌЕ ...

Едно истражување спроведено на Универзитетот Инсбрук во Австрија покажало дека луѓето што претпочитаат црно кафе, без шеќер, млеко и други додатоци е возможно да се психопати. Според испитувањето на Кристина Сагиоглу и Тобајас Гритмејер колку повеќе еден човек ужива во горко црно кафе, толку и самиот тој е помрачен и со изразени злонамерни особини. Така, ако имате некој близок што кафето го пие црно и без зрно шеќер, бидете внимателни, веројатноста дека е психопат е огромна.

ПОВЕЌЕ ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обрти вечерва на нацијата после повеќенеделните протести, кои беа проследени и со насилство, а американска агенција АП го поставува прашањето дали е предоцна за тоа. АП понатака наведува дека демонстрациите се организирани против власта на Макрон и дека после долгата тишина која го насобра бесот на граѓаните многу демонстранти сакаат од претседателот да слушнат само едно: Давам оставка! Сепак наместо тоа, се очекува Макрон да објави низа мерки во врска со намалувањето на даноците, што би довело до зголемување на куповна моќ на населението, кое му забележува дека ги фавозирира богатите.

ПОВЕЌЕ ...

Иако владата на претседателот Емануел Макрон се откажа од најавениот данок на горива, протестите на движењето „Жолти елеци“ не престануваат. Тие бараат пониски даноци, зголемување на минималните плати и пензии.  „Во вчерашните протести учествува околу 136.000 лица. Полицијата приведе повеќе од 1.700 демонстранти. Повредени се најмалку 120 лица како и 20 припадници на полицијата. Полицијата се судри со демонстрантите и во Лион, Тулуз; Марсеј, Бордо.“ изјави Кристоф Кастане – министер за внатрешни работи на Франција. Во исто време, протести се одржуваат во Брисел, Белгија, а полицијата ја блокираше целата зона во којашто се наоѓаат европските институции, забранувајќи ги приодот во оваа зона…

ПОВЕЌЕ ...

Една од најуспешните компании во Македонија, Амфенол Технолоџи има потреба од нови оператори. Од Амфенол Технолоџи Македонија ги нудат следните услови: Атрактивна плата Мотивирачка работна средина Финансиски награди за посебни остварувања Ефикасна комуникација со претпоставени Најдобри можности за напредување Обуки за континуирано усовршување Локален превоз и храна Бидете дел од успешниот тим на Амфенол! Аплицирајте на job@amphenol.mk или во просториите на нашата фабрика.

ПОВЕЌЕ ...

Фановите во САД, особено експертите блиски до НБА екипите, не знаеја што да очекуваат кога Лука Дончиќ се пријави на овогодишниот драфт. Словенецот беше избран како трет пик од Атланта, но веднаш беше преселен во Далас, каде испишува историски бројки во најсилната лига во светот. Неговиот учинок во победата над Бостон му послужи да го надмине Кевин Дурант, кој важи за еден од најдобрите новајлии кои лигата некогаш ги видела. Тинејџерот од Љубљана на сите 18 натпревари оствари двоцифрен број на поени со што прескокна еден од најдобрите шутери, кој во свое време слични бројки запиша на 17 меча. Адаптацијата…

ПОВЕЌЕ ...

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС (за невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности може да бидат финансирани од буџетот на општина Македонска Каменица) Општина Македонска Каменица започна со подготовка на буџетот за 2019 година. Од таа причина ги повикуваме сите невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности можат да бидат финансирани од општинскиот буџет, да достават кратка програма со финансиска конструкција, со цел навремено предвидување и правилно распоредување на финансиските средства. Сите заинтересирани субјекти, кратката програма и финансиската конструкција треба да ги достават најдоцна до 05.12.2018,…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на Р.М” бр.5/02), а согласно член 5 од Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основно и средно образование и на студенти запишани во државните училишта и државните универзитети од општина Македонска Каменица бр.08-603/1 од 13.03.2018 година. Градоначалникот на општина Македонска Каменица распишува: К  О  Н  К  У  Р  С за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2018/2019год. Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2018/2019 година ќе додели 20 стипендии за ученици во…

ПОВЕЌЕ ...

Libero Travel ве води на спектакуларен дочек на Новата 2019 година во Будва. Покрај факултативното патување во Дубровник, една од најголемите причини за избор на оваа дестинација за новогодишната ноќ е концертот на неповторливиот балкански музички мајстор Дино Мерлин. Комплетната програма за ова патување побарајте ја на следниов ЛИНК. Сите останати понуди на Libero Travel погледнете ги на http://liberotravel.com.mk. Кога ви се патува, изборот е единствен – Libero Travel.

ПОВЕЌЕ ...