Author: kamenica.mk marketing
Една од најуспешните фирми во Македонска Каменица – Де Пласт Монт уште еднаш покажа силна општествена одговорност. Фирмата набави нова спортска опрема за дечињата од ФК Каменица САСА. Набавени се нови маички и бермуди за најмалите категории во клубот, а сопственикот на фирмата вели дека поддршката за спортските клубови ќе продолжи и во иднина. Инаку, „Де Пласт Монт“ е прва каменичка фирма која после долги години гради сопствен погон во Македонска Каменица, а очекувањата се дека истиот ќе започне со работа во текот на 2020 година. Следете не на Instagram и Facebook, или станете наш subscriber на Youtube.
Каменичкиот рудник САСА продолжува со сериозни инвестиции во локалната заедница, како и со поддршка на сите спортски клубови. Одличните настапи на ЖФК Каменица Саса во досегашниот дел од натпреварувачката сезона во Првата македонска женска фудбалска лига беше награден со нова спортска опрема за клубот. Девојките кои атакуваат на првата шампионска титула добија нови тренерки, маички, ранци и нови дресови за натпревари. Од клубот изразија огромна благодарност за целокупната досегашна поддршка, додека пак од раководството на Рудникот истакнуваат дека инвестициите во локалната заедница ќе продолжат и дека веќе се планираат средства за поддршка и за наредната 2020 година. „Подобрувањето на квалитетот…
Веројатно многумина се прашуваат што се случува со шампионот Вардар. Три гостински порази во последните четири меча и само едно домашно реми со Келце. Згора на се, поразите не се мали, туку еден од десет голови и два од девет. Веспрем, Келце и последниот на листата е Мешков Брест. Ако за Веспрем и Келце, може да се каже дека се дел од европскиот крем, тогаш поразот од Мешков не смее никако да се прости. Без идеја, без стил, без инвентивност во нападот, вардарци го загубија вториот дел со неверојатни 19-9! Промената на тренерската клупа наместо да донесе нови моменти, донесе…
На 30-ти ноември во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија, ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Рејдиохед“. Станува збор за маестрален проект под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – група која од своето постоење до денес, изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот, група која донесе прогресивен, иновативен, моќен звук. И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на ЗЏМ, ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од…
46 милиони евра брзи кредити се поделени за три месеци, што е за 58% повеќе од лани и 170% за две години, анализира специјализираниот портал Индекс 7. Во денари, во последните три години пласманот на овие кредити бил следниот: 2017-та 1,3 милијарди денари, 2018 2,4 милијарди денари и 2019 3,2 милијарди денари или околу 53 милиони евра. Дека бизнисот со брзите кредити е во фаза на цветање потврдува и фактот што од само три на почетокот, сега во овој бизнис има дури 24 вакви друштва. Колку е паметно, или колку човек треба да е во неволја за да се бараат…
Вчера, женската екипа на „Баскет кам“ одигра натпревар од четвртото коло во Македонската прва лига. На гостински терен во Крива Паланка беше совладана истоимената екипа, а кончениот резултат гласеше 57:66. Тоа беше четврта победа за каменичкиот состав од исто толку натпревари, а најдобра кај победничкиот тим беше сениорската репрезентативка Кате Поп Димитрова со 28 постигнати поени. Со оваа нова победа „Баскет Кам“ е лидер на првенствената табела и сериозно се зголемени и амбициите на клубот, односно се очекува сигурен пласман на завршниот прволигашки Final Four турнир. Одличен почеток на сезоната имаат и останатите екипи на „Баскет Кам“. Екипата која се…
Стаменкова: Преку моето транспарентно работење се борам против лажните вести и дезинформации „Мојата филозофија е отворен пристап кон луѓето, разговарање и кажување на вистината“ November 16, 2019 ИНФО, ИСТОК Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во разговор за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за начинот на спроведување на транспарентни и одговорни политики во општината, како граѓаните се информираат за активностите на Општината и за односот меѓу локалната и централната власт. „Она што најмногу го забавува развојот на Општината е недостатокот на стратешки документи. Како прва и основна задача си дадовме за цел да ги изготвиме стратешките документи. Во тек е подготовка…
На 7-ми декември, во СЦ Борис Трајковски, на три фестивалски бини, ќе се случи Таксират Фестивал #21. Во наредните неколку дена ќе Ви ги претставиме сите изведувачи кои ќе настапат на овогодинешното Таксират издание. Први на нашата листа се „нескршливите момци од Дорчол“ – BEOGRADSKI SINDIKAT Станува збор за состав кој никого не остава рамнодушен. Или го обожавате или не. За среќа, денес повеќе се оние првите. Секогаш кога ќе издадат нова песна со силна порака, младите масовно ја шират по социјалните медиуми (нивните видеа имаат милиони прегледи), додека постарите велат „фала Богу барем овие размислуваат со својата глава“. Темите во…
Пасворд Продукција која е организатор на популарните Д Фестивал и Таксират Фестивал, го најави интимниот концерт на Ману Чао во Скопје. Концертот на кој ќе присуствуваат само 800 фанови ќе се одржи на 24-ти октомври во Денсинг салата на МКЦ. Заедно со Ману Чао (глас и гитара) ќе настапат и Лучано Фалико (гитара) и Мауро Манчебо (бонго). Ова трио во интимна атмосфера и акустична варијанта ќе ги сподели нивните нови и постари песни: Seeds of Freedom, La Vida Tombola, Sibérie, Mala Vida… Билетите по цена од 600 денари се веќе пуштени во продажба на следниов линк bit.ly/2mVUSmb, а во Македонска Каменица…
На 27-ми и 28-ми август ќе се одржи единаесетото издание на најголемата културна манифестација во Македонска Каменица – Каменичко Културно Лето. Веќе традиционално, манифестацијата се одржува на Градскиот плоштад, на крајот на летото, од причина што на 28-ми август се прославува и Денот на општина Македонска Каменица и Ден на рударите. Десетина дена пред манифестацијата познати се сите изведувачи кои ќе настапат на ККЛ2019, и покрај македонските Анета и група Молика, 2 БОНА и локалниот бенд Риплеј, потврдени се и настапите на српските музички ѕвезди Наташа Беквалац, група Галија и Тропико бенд. За време на Каменичко Културно Лето се очекува…
