Author: Media Point

Општината Чешиново-Облешево рај за штрковите: Приказната за најголемото гнездо во Македонија, а можеби и во Европа Општината Чешиново-Облешево, во која, поради водата и оризовите површини, живеат многу штркови, кои со векови се нераскинливо поврзани со човекот, од 2013 година е дел од Мрежата на европски села на штркот и прави повеќе интересни проекти поврзани со оваа преселна птица, а годинава е завршен еко-етно паркот околу некогашниот Задружен дом во Чешиново, на чиј покрив е официјално најголемото штрково гнездо во Македонија, а, според чешиновци, можеби и во Европа Пишува: Љупчо Шатевски Штркот, кој кај народот е омилена птица за која има…

ПОВЕЌЕ ...

Во шестото коло од нашата квалификациска група за Европското првенство во фудбал во 2020 година, синоќа македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Летонија ја совлада домашната репресентација со 2-0 (2-0). Првиот гол, по асистенција на Елмас, го даде Пандев во 14. минута, а три минути подоцна, со удар од работ на шеснаесетникот, Барди го постигна конечниот резултат. Нашата селекција во текот на мечот имаше уште неколку одлични шанси, а неколкупати кон нашиот гол сериозно се заканија и Летонците. По одигрувањето на шестото коло во нашата група, Полска има 13 бодови, Словенија – 11, Австрија – десет, Македонија и Израел по…

ПОВЕЌЕ ...

Во Штип и регионот веќе функционира првото Авио такси.  Веќе достапната услуга за сите заинтерсирани ја изведуват професионални пилоти од кои , како на пример Раде  Илиевски, со над 12 000 часови летање. Огромното искуство тој  го дели со неговите синови  исто така одлични  пилоти  но на услуга се става на  бизнис секторт, туризмот   но и на љубопитните. Има ли можност оваа бизнис услуга доволно да се развие и кај нас ? Кај нас постои можност и има потреба од такво нешто , претежно за оние дестинации кои не се достапни. На пример Атина, Подгорица, Белград“ изјави Раде Иваносвки- пилот…

ПОВЕЌЕ ...

Во Скопје денеска ќе биде означен почеток на националната кампања „Гласно против гласини” поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на кампањата е да се подигне свеста за штетното влијание од ширење „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество. Во кампањата учествуваат жени и девојки чии инспиративни приказни ќе бидат дел од активностите што ќе се одвиваат на социјалните медиуми, како и на настани и дебати од  јавен карактер, се со цел да се допре до засегнатите страни и едукативно да се влијае врз директните учесници во ваквата општествена појава. На настанот е…

ПОВЕЌЕ ...

Секојдневните обврски и преполната агенда која луѓето честопати ја имаат доведува до расеаност, па и до заборавеност. За да бидете поконцентрирани и да не заборавете, експертите советуваат да правите вежби кои нема да Ви одземат време, а ќе придонесат за подобра концентрација и меморија. Читајте гласно Кога читате книга, пробајте тоа да го правите гласно. Зборувањето и слушањето во исто време му помага на мозокот полесно да ги прима информациите. Разбудете се и помирисајте ванила. Иако прва асоцијација за будење ни е кафето, ванилата може да биде одлична промена. Ако секоја недела мирисате нова арома, ќе ја разбиете рутината и…

ПОВЕЌЕ ...

Екипи на Македонија пат го завршија асфалтирањето  на регионалниот пат Виница –  Делчево преку с.Бигла , поставувајќи ги последните  2.100 метри асфалт. Со ова  оваа делница од виничка страна е комплетно завршена во вкупна должина од 8.600 метри. Минатаат година беа завршени 6,5 км од овој регионален пат од манастирот “Св.Спас “ до пропустот кај село Трстија, за што ЈП за Државни патишта обезбеди  62 милиони денари.

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост Киселичка Пештера, лоцирана во близина на делчевското село Киселица. Пештерата е од класата таканаречени суви пештери. Изобилува со сталагмити и сталактити, но е и дом на  доста лилјаци, птици, инсекти. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка смисла е доста „млада“, не постара од 20-40 илјади години.

ПОВЕЌЕ ...

Заврши третото коло од Втората фудбалска лига – Исток. Еве ги резултатите по двојки: Питу Гули 0–6 Брегалница Беласица 2-1 Каменица Саса Осогово 0-1 Тиквеш Кожув Гевгелија 2-1 Победа Плачковица 1-1 Кит Го По завршувањето на третото коло табелата изгледа вака 1. Брегалница 9 бодови (подобра гол разлика) 2. Беласица 9 бод 3. Тиквеш 7 4. Кожув Гевгелија 5 5. Каменица Саса 3 6. Победа 3 7. Питу Гули 3 8. Кит Го Пехчево 2 9. Плачковица 1 10. Осогово 0

ПОВЕЌЕ ...

Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне претежно во планиските региони ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во Скопје 31, Охрид, Крива Паланка и Берово 26, Маврово 23, Битола 28, Кавадарци 32, Дојран 33 Целзиусови степени. Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец и со услови за краткотрајна нестабилност попладне на западот. Дневните температури ќе бидат во Скопје 31, Маврово 23, Охрид 26, Крива Паланка 28, Берово 25, Битолаа…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05.09.2019 година – Штитениците при Центарот за лица со посебни потреби денес спроведоа нова екоакција под мотото „Ако ние можеме да собереме, Вие можете да не фрлате“. Во акцијата, заедно со воспитно згрижувачкиот тим, учествуваа 10 штитеници кои од фрлено ѓубре и отпад го чистеа теренот околу помошните спортски терени и одводните канали од отворената атмосферска канализација во Македонска Каменица. Со оваа акција, како што е и насловена „Ако ние можеме да собереме, Вие можете да не фрлате“ лицата со посебни потреби од Центарот во Македонска Каменица сакаат на граѓаните на општина Македонска Каменица да им ја укажат…

ПОВЕЌЕ ...