Author: Media Point

Македонска Каменица, 03.09.2019 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Габриела Стоименовска денеска ги паралелките со првачиња во училиштето Тие им го честитаа тргнувањето на училиште на првачињата и посакаа успешен почеток на новата учебна година. На 42 првачиња, Стаменкова и Стоименовска им подарија училишен прибор обезбеден општина Македонска Каменица. Останатите ученици во повисоките одделенија ќе добијат подароци во текот на утрешниот училишен ден.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.09.2019 година – ФК Каменица Саса со 4 : 1 славеше над ФК „Питу Гули“. Вистинско уживање на навивачите на првата првенствена утакмица на домашен терен. Брзото водство и првиот гол на Горан Здравков во 9′ минута, екипата на Каменица Саса ја навести победата. Капитенот Зоран Златковски постигна два гола во 30′ и 54′, а по примениот гол во 80′ од гостинскиот тим, победата ја бетонираше Христијан Ѕурѕу во 87′. Голот за гостинскиот тим го постигна Бобан Здравевски. Изминатиот викенд се одигра Второто коло од Втората фудбалска лига – исток. Фаворитот Брегалница со високи 5-0 го порази Осогово…

ПОВЕЌЕ ...

Крадци влегле во спортска обложувалница во Кочани, физички го нападнале вработениот, но откако не успеале да ги земат парите, побегнале.Полицијата успеала да фати еден од разбојниците. На 01.09.2019 во 09.10 часот во Полициската станица Кочани,осумнаесет годишниот  М.А. од Кочани пријавил дека,  додека бил на работа во спортска обложувалница во Кочани, две лица влегле во обложувалницата и физички го нападнале и се обиделе да одземат пари, но откако не успеале побегнале. По преземени мерки, а во врска со настанот, во 20.40 часот од слобода бил лишен триесет и осумгодишниот З.В. од Штип. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 31,8 денари за килограм. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,61 отсто, кај дизелот има намалување во просек за околу 0,07 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,05 отсто и кај мазутот намалувањево просек за околу 3,09 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,43 денари и е за 0,033 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02.09.2019 година – Дистрибутери на светилки, инсталатерски и фирми за одржување, како и која било друга компанија што има соодветна експертиза или допирна точка со јавното улично осветлување, може да се пријави за реализација на ЕСКО проектот финансиран од Регионалната програма за енергетска ефикасност (РЕЕП). Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, проектот предвидува поставување енергетски-ефикасно јавно улично осветлување во општините. Засега интерес покажале околу 20 општини, но со имплементацијата на ЕСКО проектот за почеток ќе бидат опфатени пет-пилот единици на локалната самоуправа: Валанадово, Македонска Каменица, Радовиш, Василево и Чешиново – Облешево. -Целта…

ПОВЕЌЕ ...

По вежбање се што треба да направите е да го опоравите телото,  тоа ништо не го прави подобро од вода. Ниеден пијалок не ве опоравува како водата, па затоа нека биде до вас и пред и по тренинг. Така побрзо ќе слабеете и ќе ги тонирате мускулите. Корисно е да пиете вода и наутро наместо кафе, телото подобро се буди. Ќе ви помогне за детоксикација на телото и да ги исфрлите сите отрови, за слабеење, хидратација и сјај на кожата.

ПОВЕЌЕ ...

Утрово во 03.30 часот било пријавено дека во Виница на булеварот „Маршал Тито“ настанал пожар во силос во фабрика. Од екипи на Територијалните противпожарни единици Виница и Кочани се преземаат мерки за гаснење на пожарот. Полицијата информира дека нема повредени лица.

ПОВЕЌЕ ...

Маж пронајден починат во опожарено возило Четириесет и деветгодишен маж од Кочани, со иницијали Т.К. бил пронајден починат во опожарено патничко моторно возило. МВР јави дека извршен е увид и телото по наредба на јавен обвинител на починатиот било предадено на обдукција.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.08.2019 година – Денес, во канцеларијата на ПЕ на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците од Македонска Каменица. Со оваа мерка се опфатени околу 1200 земјоделсци општините Македонска Каменица и Делчево. Во овие два региона, според евиденцијата на Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Делчево има вкупно 3200 активни земјоделски регистри, на кои, како што информираше раководителот на секторот земјоделие, Илија Каранфиловски, примарна дејност им е земјоделството. – Како региони кои се под наша надлежност, во каменичкиот и делчевскиот регион заедно имаме 3500 регистри од…

ПОВЕЌЕ ...

Нови 10 стипендии за студенти по рударство, геологија и заштита на животна средина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Факултет за природни и технички науки Македонска Каменица – Рудникот за олово и цинк САСА и годинава ќе стипендира студенти од насоките поврзани со развојот на рударството на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Рудникот обезбедува вкупно 10 стипендии за студентите запишани на прва година во учебната 2019/2020 година и тоа, пет стипендии на студиската група Рударство и пет на групите Геологија и Инженерство за заштита на животна средина. Годишните стипендии се зголемени во однос…

ПОВЕЌЕ ...