Author: Media Point
ИСТОРИСКИ ФАКТИ ЗА ПИЈАНЕЧКАТА РЕПУБЛИКА Во јануари 1878 година, незадоволен од насетуваниот епилог за Македонија од Руско-турската војна, во Пијанец влегол војводата Дедо Иљо Малешевски со 150 соборци, кому подоцна му се придружила и четата на Димитар Беровски, по што се создала Пијанечката Република, за која малку се знае, со востаничка власт, селски старешини, совет на народни првенци, полициски стражи, опстоила до крајот на март, период во кој населението во Пијанец живеело слободен живот Пишува: Љупчо Шатевски Веднаш по Руско-турската војска, повеќе од два месеца, од јануари до крајот на март 1878 година, населението во Пијанец живеело слободен живот во…
Понекогаш ви се чини како да пробавте сè, но килограмите не исчезнуваат, тоа е затоа што не успеавте да го постигнете калорискиот дефицит, кој е предуслов за ефикасно топење на маснотиите. Во постигнување на дефицит на калории, може да ви помогне вашето секојдневно планирање на оброци. Планирајте го секој оброк така што ќе се состои од здрава храна, на телото му се потребни потребните хранливи материи, но и да содржи помалку калории отколку што навистина му е потребно на организмот. Покрај тоа, на дневно ниво, планирањето на оброците ќе ви заштеди дополнително време. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат…
Во пресрет на Денот на независноста 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност денеска со мултимедијален настан „Државотворниот печат“ одбележа 75 години од Првото заседание на АСНОМ Заседанието на кое се темели современата држава го „оживеаја“ ученици од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ кои перформансот го изведоа пред дел од постојаната музејска поставка што ги прикажува членовите на Президиумот. „Да е жива нашата мила федерална држава“ – се слушнаа зборовите на Панко Брашнаров, најстариот делегат на тој историски настан од 2 август 1944 во манастирот „Прохор Пчињски“. Покрај перформанс, настанот опфати и филм посветен на АСНОМ и македонската држава во повоениот…
Бошко Стаменковски утре патува на меѓународниот стритворкаут турнир во Пула, Хрватска кој ќе се одржи на 7 септември.Стаменковски ќе настапи во четири дисциплини, пропаѓања, пропаѓања со 48 кг., склекови и седнувања со 60 кг. Турнирот се одржува по седдми пат , а учество ќе земат натпреварувачи од целиот балкан.
Локализиран е пожарот што вчера попладне го зафати атарот на селата Мачево, Будинарци и Владимирово. Раководителот на подружницата „Малешево” на „Македонски шуми”, Владо Клинчарски изјави дека пожарот е изгаснат околу еден часот по полноќ. – Во пожарот кај месноста „Габеро” опожарени се 15-16 хектари шумско земјиште со зафатени поединечни шумски стебла од млад црн бор и смрека, како и необработливи пасишта со стара трева. Иако во близината на пожарот имаше колиби, за среќа нема жртви и материјална штета, бидејќи не се дозволи тој да се приближи до објектите, изјави Клинчарски. Во гаснењето на пожарот се вклучило и месното население од…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, со ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец, попладне вдолж Повардарието ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 33 Целзиусови степени: Скопје 28, Маврово и Охрид 26, Крива Паланка и Берово 27, Битола 30, Кавадарци 32, Дојран 33. Временската прогноза за утре е сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика намалување на дневните температури: Скопје…
Социјалната мрежа Facebook размислува да го скрие својот бројач, објави TechCrunch. Списанието забележува дека тестовите за оваа функција веќе започнале на Instagram во седум земји, вклучувајќи ги Канада и Бразил. Наместо вкупниот број лајкови, на корисниците им се прикажани само неколку имиња на заеднички пријатели, на кои им се допаднала објавата. „Идејата е да се спречи споредбата што потрошувачите ја прават со другите луѓе и евентуално да се чувствуваат непријатно ако нивните натписи не добиваат толку лајкови како другите. Исто така, може да ги запре корисниците да бришат постови за кои сметаат дека не добиваат доволни допаѓања“, се вели во…
По 3.186 денари по работник ќе добијат газдите од Владата, ако ја зголемат платата за 100 евра како што предвидува новата мерка за субвенционирање на зголемување на платите во приватниот сектор. Владата, како што најави, премиерот Зоран Заев планира со ребалансот на Буџетот да обезбеди 40 милиони евра за покривање на оваа мерка. Работодавачите се задоволни што едно нивно барање од лани за субвенционирање на придонесите ќе се реализира. Работниците се задоволни што ќе можат да добијат повисоки плати. Според она што досега е познато, Владата ќе ги покрие придонесите за износот за кој се зголемува платата до износ од…
Од октомври документи ќе можат да се вадат во електронска форма Од почетокот на октомври, ќе почне да функционира новиот национален портал за електронски услуги кој ќе им овозможи на граѓаните, освен со постојната постапка, документите да ги добијат на електронски начин, односно само со неколку кликови, со што ќе се отстранат бирократските процедури, шетањата од еден на друг шалтер и чекањето во долги редови, пишува „Порталб.мк“. Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги врши последните подготовки со цел во првиот дел од октомври да стане функционален електронскиот национален портал за граѓаните. „На почетокот од октомври се очекува порталот…
Секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинство, како и Конвенцијата за правата на детето, се пропишува во Законот за основното образование во врска со правата и обврските на учениците и заштитата на нивниот интегритет. Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него. Во законот, исто така, се уредува и прашањето за спречување насилство врз учениците. Директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг…
