Author: Media Point
Во САД денеска се одбележува 18 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа околу 3.000 лица. Нападите се слулија кога терористи грабнаа четири авиона од кои два удрија во кулите близначки – Светскиот трговски центар на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се урна во рурален дел на Пенсилванија бидејќи патниците покажале отпор.
Македонска Каменица, 11. 09.2019 година – На 5 септември во Стопанската комора се одржа работилница на која ќе беа презентирани техничката и тендерската документација за јавното улично осветлување изготевни од страна на пилот-општините. Основните начела на ЕСКО моделот, договорот за енергетски услуги што согласно подзаконските акти што се подготвуваат ќе мора да се потпише меѓу давателот и корисникот. Како и постапка за јавно-приватно партнерство за објавување на тендерската документација од страна на општините. Техничка и тендерска документација за јавно улично осветлување покрај четирите останати општини учесници на работилницата, во Стопанската комора беше презентирана од претставници на општина Македонска Каменица.…
Кратење по 15 проценти од плата во рок од шест месеци е вкупната казна која од страна на неготинската гимназија е изречена на професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на својот син, кој во тоа време бил на екскурзија надвор од државата. Како што потврдија за МИА од училиштето, дисциплинската комисија формирана за овој случај и составена од тројца членови и нивни заменици, сите професори, одлучила професорот да се казни со одземање на 15 отсто од плата во рок од три месеци. „Но, тоа беше одлука на Комисијата која одлучуваше врз основа на расположливите податоци само за…
Денеска според верскиот календар се одбележува св, Јован Крстител, празник кој секоја година се одбележува на 11. септември. Во народниот говор се овој празник среќава под различни имиња и тоа: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни тpаги и во традицијата на македонскиот народ. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на кpвта на светителот.
Инвестирани 1,3 милијарди денари во општините, најавени нови 78 милиони за патишта Седумдесет и осум општини во земјава, меѓу кои и општина Македонска Каменица, ги подобрија условите за граѓаните преку реализација на 135 подпроекти во вредност од 1,3 милијарди денари. Средствата, обезбедени од ЕУ ИПА, државниот буџет во партнерство со светска банка, се искористени во 98 проценти, ова беше посочено на денешниот завршен настан на проектот на кој беше најавено дека се разговара и за ново финансирање од 78 милиони евра наменети за патишта.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува до крајот на годинава општините да ги завршат проектите со кои доцнат за изградба на водоводна и канализациска инфраструктура, а што беше причина планираните пари за таа намена од кредитот од Европската инвестициска банка да бидат префрлени за користење во наредната година со предложениот ребаланс на Буџетот. Одговарајќи на новинарски прашања ресорниот министер денеска изјави дека е жално што во 21 век се уште се зборува за изградба на водоводи и канализации за кои, како што вели, процентот на изградба е многу мал. Истакнува дека единствена алатка е да продолжат разговорите со…
Земјоделците од кочанскиот регион денеска повторно излегоа на протест и во селото Облешево со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат кон Штип. Беше истакнато барањето до Владата да го исполни ветувањето за исплата на субвенциите за предадената оризова арпа од минатогодишната реколта. – За две недели ќе почне новата жетва на оризот, а ние се уште не сме ја добиле ветената субвенција од пет денари за килограм арпа за минатогодишните количини што ги предадовме кај откупувачите. Во декември, додека траше рокот за субвенционирање, откупната цена беше околу 13 денари за килограм арпа, а потоа скокна и…
Жителите на трите најзагадени градови во државата, Скопје, Битола и Тетово, ќе бидат „привилигирани” да ги заменат печките на дрва бесплатно со инвертер клими. Владата пред речиси две недели најави субвенции за инвертер клими, а засега не е познато кој ќе ја финансира оваа мерка и колку домаќинства ќе бидат опфатени со истата. До стартот на грејната сезона има уште еден месец, но екологистите скептични велат дека со мерките за загадувањето повторно се доцни. „Целта ни е да вратиме дел од исклучените 14.000 домаќинства во системот на БЕГ. Таму каде што не е возможно тоа, каде граѓаните се греат на…
Африканската чума им пресуди на „селските“ прасиња. Од денес сите одат во кланица. Кланичарите денеска во Агенцијата за храна и ветеринарство ги потпишаа договорите според кои ќе треба да ги откупат сите 20.000 прасиња во селските домаќинства, односно оние кои не се одгледуваат организирано и контролирано во фармите: „Колењето ќе се врши во регистрирани кланични капацитети каде што истите ќе бидат обештетени односно ќе им се плати 3.000 денари надомест. Се работи за активност која мора да се спроведе, овде нема категории туку број на грла кој ги има сопственикот“ изјави д-р Крсто Митев, лекар по ветеринарна медицина Ова е…
Поранешниот македонски репрезентативец, Ацо Стојков стави потпис на договор со Осогово Ацо Стојков кој беше во потрага по нов клуб, го засили Осогово. Тој треба да главниот фудбалер на кочанскиот тим за остварување на целта, да се остане во втората фудбалска лига. По трите порази на стартот на сезоната, раководството на Осогово мораше да реагира и донесе играч кој треба да го внесе потребното искуство во тимот кое недостасуваше. Следниот натпревар на Осогово е во недела кога му гостуваат на Кит-Го во Пехчево.
