Author: Media Point

(Интервјуто е во целост преземено од интернет порталот Vrabotuvanje.com) Почнувајки од само 3 вработени, денес сме горди на тимот од над 40 вработени. Многу е важно да верувате во сопствената визија и истата да ја градите со чисто срце и искрена енергија. Тогаш некако и универзумот ви помага. Креирана од лична приказна, а создадена со цел транспарентност, поголем избор и поголема достапност на работните места за сите работобаратели Вработување.ком е основана 2003 година на 6 јуни во тоа време прво како онлајн портал, а потоа и како приватна агенција за посредување при вработување за денес да стане најпосетуван портал за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02.07.2019 година – Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски денеска го реализираше трансферот од соништата, потпишувајќи договор со францускиот прволигаш Ним. Стојановски беше најдобар стрелец во македонското првенство минатата сезона, бројните прекрасни погодоци беа доволна препорака за бројни понуди на негова адреса, па Стојановски на крајот се реши за преселба во Ним, во трансфер вреден вкупно 1,5 милиони евра. А француската авантура на Македонецот не можеше да биде подобра ако се земе во предвид распоредот за новата сезона, кој вели дека Ним во првото коло му гостува на шампионот ПСЖ. Пред Стојановски е период на напорни тренинзи со новиот тим,…

ПОВЕЌЕ ...

Чачак, 02. 07.2019 година – Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и градоначалници од Источниот и Североисточниот регион на Македонија, помеѓу кои и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова беа примени од Милун Тодоровиќ, градоначалник на Чачак, Република Србија. Цел на посетата е запознавање со искуствата на Чачак во воспоставувањето на регионалниот центар за управување со комуналниот отпад и примена на истите при имплементирањето на системите во овие региони од нашата земја. Посетата и разговорите околу искуствата на Чачак, како општина која го поседува најголемиот систем за примарна селекција на комунален  отпад во соседна Србија…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02.07.2019 година – Според пишувањата на познатиот спортски информативен сервис Екипа.Мк најдобриот стрелец во македонскиот шампионат изминатава сезона Влатко Стојановски кариерата ја продолжува во францускиот прволигаш Ним. 22-годишниот офанзивец одличната сезона во дресот на Ренова ја круниса со трансфер во една од Топ 5 лигите во Европа, денеска и официјално потпишувајќи тригодишен договор со Ним. Целокупниот трансфер е реализиран за вкупна сума од 1,5 милион евра. Прочитајте повеќе: „Де Пласт Монт“ гради модерен производствен погон во Македонска Каменица Стојановски претходно во својата кариера настапуваше и за Металург во македонскиот шампионат, а има играно и за хрватските Сплит и…

ПОВЕЌЕ ...

Motel Restoran PARK Panorama е место на кое летово ќе се одржи на најнесекојдневната забава на отворено! Забавата се случува Сабота, 06. Јули година. Огранизаторите на Open Air Summer Techno Party , упатуваат кратка порака со која ги покануваат младите од регионот да бидат дел од ова несекојдневно доживување:  Дечки, ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на една несекојдневна журка на отворено, со добар ритам, прекрасна природа и амбиент. На ова место постои верување дека е „долина на среќата“: кој се напие пиво на ова место цела недела му била среќна, а ако се опие ќе му…

ПОВЕЌЕ ...

Свеж, готвен или цеден, доматот е одлична намирница која покрај останатото, може да ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми. Имено, оваа диета е строга затоа што со секој оброк треба да консумирате домати, и тоа во поголемо количество од вообичаено. Можете да јадете свежи и готвени домати (пире и сок). Причината е тоа што свежиот домат е богат со витамин Ц кој најчесто исчезнува при термичката обработка. Но, готвените домати содржат состојки кои се одлични во борбата против слободните радикали. Па доколку сакате за краток период да намалите некој килограм, пробајте ја оваа одлична диета. Прв ден Појадок: …

ПОВЕЌЕ ...

Змија се проголта самата себе. Еве зошто го прават тоа Снимка од кралска змија која се јаде самата себе започна да се шири на социјалните мрежи.Порталот „IFL Science“ објаснува дека тоа се случува затоа што змиите се животни со студена крв и дека не можат да ја регулираат топлината на своето тело, па им е потребен надворешен извор на топлина (сончеви зраци или лампа во случај змијата да ја чувате како миленик). Но, ако стане премногу топло и не можат да се разладат, стануваат збунети и дезориентирани, а бидејќи така им се забрзува метаболзимот, започнуваат да чувствуваат глад. Ако…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Според податоците од УХМР, температурите ќе се движат од 17 до 39 степени. Слично време ќе има и во Македонска Каменица, со температира до 36 степени. УВ индексот ќе ја достигне вредноста 9!

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01. Јули 2019 година – Општина Македонска Каменица започна со одржување на редовните состаноци за изработка на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) и Локален економски развој (ЛЕР). Работната група за изработка на Локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Македонска Каменица, го одржа вториот работен состанок. Покрај воведното обраќање на Координаторот на проектот, на состанокот беа утврдени приоритетните проблеми во рамки на работните групи во областа на јавната свест, земјоделието, биодиверзитетот, воздухот и водата за пиење. Исто така, на состанокот за изработка на ЛЕАП, Работните групи ја утврдија и заедничката визија на засегнати чинители.…

ПОВЕЌЕ ...

Цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ  од утре ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати. Динамиката на намалувањето на цените е согласно со Договорот потпишан на Вториот дигитален самит за Западен Балкан, како предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија. Истражувањето на  Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) спроведено од 24 до 31 минатиот месец покажува дека скоро петтина од испитаниците кои знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг, со којшто од 2014 година беа намалени…

ПОВЕЌЕ ...