Author: Media Point

Македонска Каменица, 17. 09 2019 година – Општина Македонска Каменица ќе ја одбележи „Европската недела на мобилност 2019“, со што на граѓаните ќе им понуди низа активности и содржини посветени на алтернативното и одржливо движење. На 20. Септември со почеток во 10:30 часот, под мотото „Ден без автомобили“ ќе биде организирана разновидна едукативна програма од дечињата во детската градинка „Бамби“ и учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Општина Македонска Каменица и ЕД „Здравец“ ги покануваат граѓаните да земат учество во програмата со многубројни активности што се поврзани со одржливата мобилност, со кои…

ПОВЕЌЕ ...

Државниот студентски Центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните хола во двата блока во Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Проектот е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.…

ПОВЕЌЕ ...

Родителите сè повеќе се ангажираат да ги активираат децата околу домашните обврски, но има и такви што сметаат дека тоа е родителска работа и дека цел живот ќе се занимаваат со задолженијата во домот. Искуствата во секој дом се различни, а и начинот на ангажирање на децата. Анкетиравме родители за тоа колку им помагаат децата во домот и како реагираат кога од нив ќе се побара помош. Одговорите и психолошките совети прочитајте ги на Деца.мк.

ПОВЕЌЕ ...

Шопската салата е традиционално јадење од балканската кујна, најмногу во Србија, Бугарија, Македонија и Чешка. Оваа комбинација од домати, краставица, пиперки, кромид и сирење е вистински специјалитет, но дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува нејзиното име? Некои историчари сметаат дека името на салатата потекнува од Шопите. Овој народ е потомок на едно од осумте племиња Печенези. Шопите живееле во областа Шоплук, која според некои географи ја опфаќа цела западна Бугарија, источниот и североисточниот дел на Македонија, дел од југоисточна Србија и многу мал дел од денешна Грција. Овој предел денес го населуваат Бугари, Срби и Македонци. Шопите имале навистина оригинален и карактеристичен фолклор,…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалерите на ФК Каменица Саса одиграа одлично во натпреварот од 4-то коло до ВМФЛ-Исток и го клекнаа на колена лидерот на табелата ФК Брегалница Штип. Пред повеќе од 700 присутни на Градскиот Стадион во Македонска Каменица, фудбалерите на ФК Каменица Саса влегоа силно мотивирани во натпреварот со “Штипјани” и го одиграа можеби најдобриот натпревар во сезоната. Првата шанса на натпреварот сепак ја имаше Брегалница Штип, која од слободен удар се обиде да го отвори резултатот. Прецизниот удар на гостите успеа да го скроти Дејан Силјановски со прекрасна парада. Во 32-та минута од натпреварот ФК Каменица Саса поведе со голот на…

ПОВЕЌЕ ...

Откако ќе блокирате нечиј број, таа личност повеќе нема да може да заѕвони на вашиот број. Ако се обиде да ве побара, вашиот мобилен телефон нема да ѕвони. Ако ви испрати смс порака, нема да ја добиете- ниту пак ќе биде некаде сочувана. Сè додека бројот е блокиран, нема да знаете дали личноста сака да ве побара или да ви испрати порака. Важно е да го знаете ова затоа што тие повици или пораки нема да бидат сочувани никаде, така што нема да може да ги видите на никаков начин. Кога ќе ја тргнете забраната, вашиот телефон ќе почне да…

ПОВЕЌЕ ...

Вкупно педесет планинари од Крива Паланка, Скопје, Македонска Каменица, Пробиштип и Прилеп учествуваа на традиционалната акција за искачување на врвот Руен на Осоговските Планини, во организација на планинарско-спортски клуб „Калин Камен 2015” од Крива Паланка. Акцијата, што се одржа во неделата, почна од стартната точка кај машинската зграда над рудниците „Тораница“. – Патеката е средно тешка, со денивелација од 700 метри искачување и исто толку симнување. Трасата е долга околу девет километри во еден правец, а искачувањето траеше околу три часа. Покрај самата патека има извор од каде пиевме и уживавме во убавините на Осоговието во прекрасното сончево време. По пристигнување…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. 09. 2019 – На патеката долга 6,4 километри кон планинскиот туристички центар Пониква, на 15 септември се возеше ридско-брзинската трка „Кочани 2019“, како дел од Државниот шампионат во автомобилизам. На натпреварот, чиј организатор беше АКК „Custom car RT“ од Скопје, во сите четири класи учествуваа 25 возачи од Македонија и гости од Бугарија, а трката ја завршија 18 возила. Трката ја отвори градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев која истакна дека радува фактот што продолжува возобновената традиција од лани, патеката кон Пониква да остане во календарот на натпреварите, што придонесува за промоција на овој спорт во регионот,…

ПОВЕЌЕ ...

Со лична карта како документ во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието во Македонска Каменица, канцеларија број 60 од страна на ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Делчево ќе продолжи доделувањето на Зелените картички за нафта за земјоделците од Македонска Каменица. Доделувањето ќе се врши со почеток од 08:30 часот, во петок на 20. септември 2019 година. Сите земјоделци кои имаат поднесено единствено барање во Агенцијата за финансиска подрашка во земјоделството и руралниот развој  за 2018 година да ја посетат канцеларијата и да си ги  подигнат картичките.

ПОВЕЌЕ ...

Угледното списание „Сајенс алерт“ објави статија за континент настанат пред повеќе од 100 милиони години кој се простирал на денешниот простор од Алпите до Иран. Тој изгубен континент научниците го нарекле Голема Адрија бидејќи пред да потоне по големите тектонски поместувања, претежно се простирал на просторот на денешна Јужна Европа. Со други зборови, изгубениот континент се наоѓа длабоко под Балканот. Голема Адрија, според експертите, се формирала пред 240 милиони години, кога се одвоила од јужниот суперконтинент Гондвана, кој тогаш на куп ги држел денешни Африка, Јужна Америка, Антарктикот, Австралија… Тој праисториски континент опфаќал подрачја на триесетина денешни земји, од Шпанија…

ПОВЕЌЕ ...