Author: Media Point

Синиша Михајловиќ на прес-конференција во Болоња потврди дека боледува од леукемија, но најави дека ќе продолжи да работи како тренер на фудбалскиот клуб додека се лекува. 50-годишната легенда на српскиот фудбал не се појави на тренинг-кампот пред стартот на сезоната. Ја организирав оваа прес-конференција бидејќи сакав прво вестите да им ги соопштам на играчите, но и на сите вас. За жал, не сите го почитуваа моето барање за приватност за да продадат неколку стотина повеќе весници го уништија пријателството кое траеше со години. Имам леукемија, но ја почитувам болеста. Едвај чекам да одам во болница и да почнам со борбата.…

ПОВЕЌЕ ...

Кристијан Анастасовски потпиша за РК Охрид (ФОТО) Како што најави 24Ракомет пред два дена, нов кружен напаѓач на составот на Охрид ќе биде Кристијан Анастасовски, кој до лани беше член на Работнички. „Гладијаторите“ со ангажманот на Анастасовски ги заокружија играчите кои ќе дејствуваат на линијата од шест метри. Охрид претходно го продолжи договорот со Иван Тасески, а под договор е Кристијан Димитриески, кој ќе игра за кадетската репрезентација. Претходно охриѓани ги потпишаа Никола Даниловски и Јагош Брауновиќ и го затворија голманското прашање. Останува уште да бидат ангажирани уште два бека и составот ќе биде комплетиран. Беше објавено и дека помошник…

ПОВЕЌЕ ...

2017 та година беше најлоша година според бројот на родени Македонци – само 11.260, но по се изгледа тоа не беше дното. Според податоците излезени минатиот месец, бројот на родени Македонци во Република Македонија во минатата 2018 година бил само 10.862. Овој податок значи дека никогаш помалку Македонци, не се родиле во една година во историјата на Македонија! – покажува анализата која во соработка ја изработија „Конзерватив МК“ и „Економски Лидер“. Уделот на етничките Македонци во вкупниот број на родени во Македонија, минатата година бил историски најниски 50.9%. Ова значи дека на Македонија и се заканува права демографска катастрофа. Особно затоа што…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13. Јули 2019 година – Денес во просториите на шаховскиот клуб “Каменица – Саса” во Македонска Каменица се одржа симултан натпревар помеѓу членовите на клубот со шаховскиот велемајстор д-р Габриела Коскоска. Настанот го отвори градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која ги поздрави присутните шахисти, го изрази своето задоволство од големиот интерес за денешниот настан, издвојувајќи го големиот интерес на младите шахисти од Македонска Каменица. Понатаму на настанот свој збор имаше шаховскиот велемајстор д-р Габриела Коскоска, која што пред присутните зборуваше за своите почетоци, своите позначајни натпревари, како и за убавините во животот кои и ги овозможила…

ПОВЕЌЕ ...

Сарафско маало во село Саса доби објект за потребите на месната заедница Македонска Каменица, 12. Јули 2019 година – Денес во Сарафско маало официјалното беше предаден во употреба првиот од шесте објекти, кои општина Македонска Каменица ги изгради за потребите на месните заедници. На настанот организиран по повод големиот христијански празник – Петровден,  покрај големиот број посетители од локалното население, присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, директори на институции и претставници од локалната самоуправа. Во своето обраќање пред присутните сограѓани, градоначалничката Стаменкова најпрвин им ја честитав славата по повод денешниот христијанскиот празник Петровден. Изрази задоволство што жителите на на оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.07.2019 година – Кошаркарската репрезентацијата М14 жени ќе учествува на Меѓународниот кошаркарски турнир во Словенија. За учеството на турнирот ќе се одигра во периодот од 15-18 Август 2019 година, репрезентацијата започне со подготвителни тренизни во период од 15-20 Јули (прва фаза). Помеѓу повиканите кошаркарки до 14 години се најде и Зорица Караѓозова од Македонска Каменица, која е стандарден дел од тимот на каменички ЖКК Баскет Кам. Тренинзите ќе се одржат во Скопје – Спортска сала Ново Лисиче. Истите започнуваат на 15.07.2019 година (Понеделник) во 10:00 часот. Еве го целосниот состав на тимот од М14 кошаркарската репрезентација: Ања Даниловска –…

ПОВЕЌЕ ...

После откажувањето на Дојранско Езеро и на Тиверија, кои поради финансиски проблеми побарале да не играат во второлигашката конкуренција, Каменица Саса останува второлигаш. Ова го потврдија и од самиот клуб, дека идната сезона повторно ќе играат во Втората лига, и покрај тоа што тие испаднаа.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 11. 07. 2019 година – Сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани целосно е прекинат поради нови камени одрони кај означената критична точка „Саваро“, во близина на село Истибања. Според информации кои ги добивме од „Македонија пат“ патот останува затворен поради безбедносни причини, а сообраќајот ќе биде пренасочен по споредни и алтернативни патишта. Државен инспектор за сообраќај и патишта, служби од ЈП ДП вршат увид на место од настанот. Веќе од утре започнуваат градежни активности за целосна санација на теренот. Сообраќајот во наредните денови, додека трае санацијата на критичната точка кај м.в „Саваро“ за лесни и полулесни…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 11. 07.2019 година – Општина Македонска Каменица соопшти дека денес беше реализирана акција за заловување на кучињата скитници во централното градско подрачје. Заловени се 9 кучиња скитници од страна на ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово – компанијата која на основа на претходно склучен договор за услуги треба да ја спроведува законската постапка за нивно соодветно третирање. Од општината најавуваат дека ќе има уште неколку акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во општина Македонска Каменица. Кучињата денес беа заловувани на неколку локации во градот и во неколку населени места.

ПОВЕЌЕ ...

Селекција на кандидатите за полициски службеници Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Центарот за обука во Идризово, каде е во тек селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници на последниот објавен оглас од минатиот месец. На огласот за прием на 600 извршители на работното место – полицаец, согласно пропишаните нормативни критериуми и направените административни проверки по однос на бараната документација, се пријавија вкупно  2.391 кандидат, од кои 1.940 мажи и 451 жени. Сите тие, практично од завчера, во рок од осум дена ќе ги минат задолжителните и стандардизирани физички проверки, по што ќе се продолжи со следните…

ПОВЕЌЕ ...