Author: Media Point
Се потврди, цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можност да заштедат,порачуваат од СДСМ. Се потврдија најавите на надлежните институции и Владата дека со либерализацијата цената на струјата нема да поскапи како што лажно обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ. Цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можности да заштедат. Со враќањето на евтината тарифа на струја околу 11 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните, со тоа што плаќаат помали сметки само со оваа мерка. Со либерализацијата на струјата, бенефит ќе имаат 20-30% од компаниите, коишто досега мораа да купуваат струја од околу 140 евра, а сега по околу…
Вратете се на основите со овие класични вежби со сопствената тежина. За обликувани раце, цврст грб и дефинирани гради, совладајте ги овие 25 типови на склекови и нека станат дел од вашиот редовен тренинг.
За секој професионалец би било идеално доколку работи по струката за која завршил соодветно образование. Меѓутоа, реалноста е дека многумина се наоѓаат на позиции на кои никогаш не се замислувале себеси. За да истражиме колкав дел од Македонците се занимаваат со професија која соодветствува со завршеното образование, објавивме анкета Дали работите според струка? која траеше од 27. декември 2018 до 16. јануари 2019 и во која беа опфатени 845 испитаници (посетители на www.vrabotuvanje.com.mk). Резултатите покажаа дека дури 72% од испитаниците не работат по својата струка. Нема кој да не вработи. Јас сакам по струка да работам, вели еден. И после 25 години од дипломирањето…
Врсничко насилство е облик на агресивно однесување што трае подолго време, се повторува и е насочено кон исто лице. За да го спречиме ваквото однесување, најпрво треба да ја подигнеме свеста околу него. Останати значења на врсничко насилство: намерно, свесно негативно постапување со намера другиот да се повреди, со намера да се предизвика заплашеност со секогаш присутна несразмерност на силата, насилникот секогаш има поголема сила од жртвата, однесување што со ништо не може да се оправда. Врсничко насилство не е: еднократен инцидент што нема да се повтори, пријателска расправија, расправија или несогласување, случај или по грешка ненамерно нанесување болка, пријателско…
New York Times направи „онлајн“ апликација со кој можете да ја видите споредбената затопленост на вашето место на раѓање денес и во годината кога сте се родиле. Треба само да ги внесете името на градот и годината на раѓање. Да, податоците најверојатно ќе ве запрепастат и можеби на сите нам ќе ни помогнат побрзо и поконкретно да сфатиме што сме направиле заедно за оваа наша планета во толку кратко време. Сепак, уште полоша од споредбата „некогаш и денес“ е резултатот кој го дава апликацијата за предвидувањата за тоа какви можат да бидат годините кои следат во поглед на затоплувањето. Кратко…
Денес во Скопје ќе се одржат две јавни демонстрации на вредности, соодветни за групите што се одлучија тие вредности јавно да ги промовираат. Имено, едната е долгонајавуваната Парада на гордоста, а другиот настан е за промоција на традиционалните вредности на општеството. Дали треба и овие два настана да влезат во матрицата на протест и контрапротест или, пак, граѓаните треба најспокојно, зрело, трезвено и свесно да ги прифатат како реалност, не долевајќи масло на огнот и прифаќајќи ги оние вредности за кои сметаат дека им се поблиски и свои? Начините на одржување протест и контрапротест во македонското општество е производ на…
За да докаже дека постарите возила може да издржат огромни дестинации, Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов од Стојаково одлучија да возат 23.000 километри до Пекинг и со „реното“ да стигнат до Кинескиот ѕид. (Фото: СДК.МК) Возачкиот тандем Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов од Стојаково, кои лани реставрираа возило „рено 4“ старо 40 години и со него патуваа до Франција и назад, тргнуваат за Кина откако пакистанските власти не им гарантираа безбедност за планираната дестинација до Мумбај, Индија преку нивната држава, за да ја возат патеката на Мајка Тереза. За да докаже дека постарите возила може да издржат огромни дестинации, оваа двојка…
МТСП: Јунската плата за вработените во градинките повисока за 16 % Растат платите за сите вработени во градинките. Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 % се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули. Градинката е место каде штовзапочнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Токму затоа, ние продолжуаме да инвестираме во нови…
Македонска Каменица, 28.06.2019 година – 18 годишниот каменичанец Дамјан Стоименовски ученик во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје, полека влегува во музичките води со преработка на познати нумери од балкански изведувачи. Покрај посветеноста на одличниот успех во училиштето, веќе неколку години пеењето претставува негова секојдневна преокупација. Големата желба за успех ја потврдува со учеството на повеќе државни и балкански продукциски натпреварувања, каде има освоено едно прво и едно второ место. Дамјан Стоименовски, најавува дека наскоро ќе следуваат неколку нови проекти. Дел ќе бидат преработки на македонските хит песни, а во скора иднина можеме да ја очекуваме и неговата…
КАФЕТО ВЛИЈАЕ НА ПРОЦЕСОТ НА СЛАБЕЕЊЕ Според истражувањето, конзумацијата на кафе може да влијае на процесот на губење на телесна тежина. Научниците од Универзитетот во Нотингем направиле истражување за кафето, а според резултатите кои ги добиле кафето може да помогне во стимулирањето на кафените масни резерви, познати како кафено масно ткиво. Тие играат клучна улога во брзината на согорувањето на калориите. Постојат 2 вида на масни клетки, кафени и бели. Тие имаат различни улоги во нашиот метаболизам. Кафените масни клетки согоруваат калории за да произведат топлина, додека белите складираат калории. „Кафените масни клетки делуваат на поинаков начин од останатите масни…
