Author: Media Point

МВР Билтен – Извадок на дел од дневни настани 28.10.2019 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 23.01.2017 пријавениот, во својство на директор во основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, склучил договор за јавни набавки на услуга во износ од 350.000 денари со правно лице од Македонска Каменица, иако не ги исполнувало условите за добивање на две релации за превоз на ученици, каде било предвидено да има вработено возач за секоја релација посебно, со што овозможил…

ПОВЕЌЕ ...

Според истражувањето на НВО Ини и најголемата регионална телевизија ТВ Стар од Штип, дури 50 % од општините во регионот, тендерите ги кријат од јавноста. За она на кое ги трошет народните пари, информации дури и на нивните официјални општински страници, не можат да се најдат. Ова е констатација која произлегува од деталната анализа за јавните набавки реализирани во текот на минатата година, а која ја направила невладината Ини: Она што загрижува е тоа што одредени општини ненавремено ги објавуваат плановите за тендерски постапки на веб-страните. Инсистираме условите да бидат транспарентни за сите“ изјави Зоран Биковски,  НВО Ини Најлошо планирање …

ПОВЕЌЕ ...

На магистралниот пат Превалец – с.Истибања, виничко, на место викано „Гара“, атар на с.Истибања, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(22) од Македонска Каменица, изгубило контрола и излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките А.А.(19) од с.Моштица, општина Македонска Каменица, В.С.(19) од Македонска Каменица и С.А.(19) од Македонска Каменица, додека Ј.П.(18) од Македонска Каменица се здобила со телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од  Полициската станица Виница, соопшти МВР. Извор: Kanal5.com.mk

ПОВЕЌЕ ...

Австриските ски центри објавија огласи работници за новата ски сезона,  каде платите може да достигна до 100 евра на ден.  Готвачи, келнери, рецепционери и собари се најбараните професии кои им недостигаат на ски центрите.  Се работи за сезонска работа, од 15 ноември, односно од 1 декември до Велигден, во зависност од работодавачот и неговите потреби, додека пак работното време е шест дена неделно, од 48 до 52 работни часови. Стипе Ерцег, сопственик на  ресторан од Хвар кој лично работел во австриските ски центри, вели дека се работи за сезонски работни места, а сместување и храна се обезбедени  и додава дека на сезонските работници им се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.10.2019 година – ЖКК Баскет Кам одигра одлични натпревари во рамки на второто коло од Првата македонска лига на Македонија во женска конкуренција. Каменичките девојки славеа со 71:34 на гостувањето во Гостивар против ЖКК Гостивар. Рутинирана победа на почетокот од сезоната против силниот ЖКК Гостивар значи одлична игра и борба на ЖКК Баскет Кам за врвот на табелата. Младинската екипа на ЖКК Баскет Кам со одлична игра во текот на целиот натпревар како и сениорките славеше со 51:26 за дополнително славје на каменичките девојки. „Задоволни сме од играта и пожртвуваноста на сите поединци на теренот. Екипата е поискусна,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.10.2019 година – Во сабота, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра натпревар од десетото коло од Втората фудбалска лига на Македонија помеѓу екипите на ФК Каменица САСА и ФК Победа од Прилеп. Натпреварот започна со целосна доминација на домаќините, што создаде неколку изгледни шанси за гол во гостинската мрежа. Сепак, на одмор екипите отидоа со нерешен резултат. Во второто полувреме, домаќините продолжија со силниот притисок. Постојаната игра пред гостинскиот гол созададе шанса за гол во 60 минута која Ненад Нешовски ја искористи и ФК Каменица Саса го отвори резултатот. Со четвртиот постигнат гол сезонава Ненад Нешовски…

ПОВЕЌЕ ...

Бошко Стаменковски неброен број пати ја презентирал и афирмирал Македонија и родната Македонска Каменица во светски рамки. Стаменковски има бројни успеси во Пауерлифтинг и Бенч прес со освоени први места на европски и светски првенства и неколку рекорди. Македонскиот успешен спортист во Македонска Каменица во рок од 1 час успеа да направи 2525 склека што е светски рекорд и повторно се позиционира во елитната спортска историја. Ваков тип на спортисти Македонија треба да ги подржува и негува поради нивниот придонес кон нашата татковина кои тие ја придонесувааат.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.10.2019 година – Учениците при двете општински училишта и дечињата од детската градинка „Бамби“ во Македонсска Каменица го означија почетокот на есенската акција на засадување декоративни садници. Акцијата „Засади Дрво“ вчера и денес се одвиваше во дворовите од училиштата, односно детската градинка „Бамби“ каде дечињата и учениците помогнати од наставниците и вработените во установите засадија вкупно 56 дрвца. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со учество и на останатите установи и институции во општина Македонска Каменица, со цел ополнително разубавување на централното градско подрачје со нови декоративни листопадни и зимзелени дрвја. Во денешната акција „Засади Дрво“ учествуваше…

ПОВЕЌЕ ...

Фото: Стигна Голф 8 На Интернет се појавија првите официјални фотографии од новиот европски бестселер, автомобил од германскиот гигант Фолксваген. Еден од најзначајните модели во историјата на Фолксваген ја дочека својата 8 генерација за време во 45 годишното постоење. Германскиот автомобилски гигант продолжува со формулата која веќе неколку децении му носи резултати, а на Голф му ја обезбедува лидерската позиција во Европа. Фолксваген го продолжува трендот на еволутивен  дизајн на овој автомобил со погонско – механичка модернизација и примена на најновите технолошки достигнувања. На интернет се појавија фотографии в очи на светската премиера на Голф 8, овие фотки не откриваат…

ПОВЕЌЕ ...

Каменичанецот Бошко Стаменковски изминатиот викенд учествуваше на Бенч прес турнирот „Трофеј Београда“ во Србија. Стаменковски го освои првото место на турнирот подигнувајќи 135 кг. на бенч преса. Тој настапи во категоријата Ветерани -74кг. Натпреварот беше под организација на Пауерлифтинг федерацијата на Србија.

ПОВЕЌЕ ...