Author: Media Point
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 Објавен на: 04.10.2019 Отворен до: 18.11.2019 Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финасиската помош на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за „Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД) („Сл. весник на РМ“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси точка 11 од Програмата за…
Македонска Каменица, 01. ноември 2019 – Училишната заедница при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица, по повод Ноќта на вештерките организира кино проекција на филм во Домот на култура . „Halloween movie Night“ започнува во 21:00 часот, влезот е 30 денари. Дел од собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цени. Содржината на филмот е наменета за лица постари од 13 години.
Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот. Се бара и да се укинат празници за да нема…
Македонскиот репрезентативец, Влатко Стојановски, ја одигра најдобрата партија во дресот на Ним, партија која ја круниса со деби-погодок на еден официјален натпревар на францускиот прволигаш. Во рамките од третото коло од Лига Купот на Франција, поранешниот член на Ренова доби шанса за настап од првата минута, а истата ја искористи со погодок за печат на победата на својот нов тим над Ленс. Стојановски погоди од пенал во 87. минута од натпреварот за конечни 3-0. Претходно, во подготвителниот период 22-годишниот напаѓач запиша два гола во дресот на Ним. Стојановски се пресели во Франција од редовите на Ренова за сума од 1,5 милиони евра. Тоа е…
Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Јавноста дополнително ќе биде известена за условите што треба да ги исполнат сите заинтересирани граѓани. Ова е една од сетот мерки насочени кон намалување на аерозагадувањето. За неа ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“ кој ќе се примени и за мерката за печки на пелети. – За овие мерки важи принципот „прв дојден, прв услужен“ и затоа апелирам до граѓаните навремено да аплицираат до Министерството за економија – истакна Бектеши. За најавените субвенции за набавка на возила,…
Македонска Каменица, 29.10.2019 година – Општина Македонска Каменица во рамки на усвоената Програма за развој и работа за 2019 година, започна со изградба на улицата Даме Груев. Оваа улица со должина од 650 метри е од огромно значење за жителите од оваа населба, бидејќи за прв пат добиваат пристапен пат до своите домови. За изградба на улицата Даме Груев, каде моментално се вршат градежни работи за пробивање на трасата, општина Македонска Каменица издвои 11.167.005,00 денари. Во проектот за изградба на улицата покрај коловозниот дел со ширина од 5,5 метри, предвидени се и две тротоарни патеки со стандардна ширина од 1,5…
На 28.10.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле И.А.(30) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Чаир, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 28.10.2019 во 04.10 часот на Граничниот премин Делчево, на влез во Р.С.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа-лична карта“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ бил приведен Ц.Т.(41) од Р.Романија, по што бил предаден во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. …
Времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 степени. Во Македонска Каменица сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени. Во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.
Македонска Каменица, 29.10.2019 година – Во Среда, на 30-ти Октомври на Градскиот стадион во Македонска Каменица “петлињата” на ФК Каменица Саса го играат вториот натпревар од двомечот од 1/4 финалето на Купот на Македонија со екипата на ФК “Њу Старс” – Скопје. Минатата недела во Скопје, нашите надежи беа мининално поразени со 4:3 и покрај водството од 1:3. Во среда сите погледи се свртени кон нашите надежи, а сите патишта водат кон Градскиот Стадион во Македонска Каменица, – изјавуваат од ФК Каменица САСА За пласман во полуфиналето нашите надежи треба да надоместат еден гол негатива од првиот натпревар. Ги…
Социјалната мрежа Facebook воведува нов дел за новости “News Tab” на својата мобилна апликација каде ќе се прикажуваат наслови на вести кои ги бираат новинари, а на издавачите ќе им се плаќа за користење на нивниот материјал. Оваа социјална мрежа долго време беше во спор со издавачите на вести кои се жалат дека Facebook има придобивки од споделувањето на нивните написи без да платат за нив. Ова е потенцијално голем чекор за платформата, долго обележана со потешкотии да ги искорени дезинформациите и неподготвеноста да склучува договори со издавачите, пренесува AP. Во делот за вести ќе бидат содржани наслови од Wall…
