Author: Media Point
Две лица се тешко повредени откако се судриле камион и автомобил на патот Каменица – Кочани. Во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот В.С. од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.С. од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило, 67-годишната Ј.С. по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот…
Над 80 години, нема возење автомобил. Ако досега имаше дилеми што ќе донесат измените во Законот за безбедност во сообраќајот, од Министерството за внатрешни работи за Фактор ги расчистуваат нејаснотиите. Овие законски измени, според МВР, веќе се во собраниска процедура. Со досегашниот закон возачка дозвола се издава на возачи само до 70 години, а потоа само со лекарско уверение. Тоа обично се продолжува на три години, или зависно од здравствената состојба на возачот. Со овие измени, исто така, Законот за безбедност на сообраќајот треба да се усогласи со Законот за прекршоци, донесен во мај годинава. Одреден е горен лимит на…
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена Izvor: Meduza.Mk Пред неколку дена беа објавени барањата и изјавите на сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Според нив, осумчасовното работно време претставува проблем и пречка во функционирањето текстилните фабрики, па оттаму, сопствениците бараат подолго работно време и укинување на празниците или платените неработни денови. Со цел да се увиди баналноста и суровоста со која се поставуваат овие барањa потребно е да се овозможи видливост на самите текстилни работнички и да се слушне нивната страна на приказната, условите…
Жител на с. Блатец, Виница, доби кривична пријава поради тоа што пукал со ловечка пушка кон соседите. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Л.(75) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 10.04.2019 во с.Блатец, во дворот на семејната куќа, пријавениот со ловечка пушка „Баикал“, која ја поседувал со дозвола, испукал куршум кон соседите“, велат од МВР.
Македонска Каменица, 06.11.2019 година – Денес, пред дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица во Домот на култура на Македонска Каменица беше прикажан детскиот анимиран филм „Џиновската крушка“. Станува збор за анимиран филм со синхронизација на македонски јазик е наменет за дечињата од предучилишна возраст. Денешното прикажување на „Џиновската крушка“ во Домот на култура во нашиот град е во организација на детската градинка „Бамби“ и КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица.
Заврши рехабилитацијата на регионалниот пат во должина од 6,2 километри на делницата Берово – граничен премин Клепало. Како што информира градоначалникот Звонко Пекевски, вредноста на инвестицијата е 75,7 милиони денари. Од бугарска страна, годинава треба да се асфалтираат последните километри од Струмјани до Клепало со што ќе бидат обезбедени сите предуслови за поврзување на луѓето од двете страни на границата.
Над 150 натпреварувачи учествуваа на третиот натпревар во планинско трчање „Gratche Trail Run 2019″, што денеска се одржа на падините на Осоговските Планини, а чиј организатор е Друштвото за спортови во планина МТБ „Исток” од Кочани. Должината на патеката изнесуваше 13 километри, со вкупна висинска разлика од 660 метри, а учесниците трчаа низ прекрасните предели на браната Гратче, селата Горно и Долно Гратче, како и водопадите на Голема Река. – Трката има за цел да ги промовира убавините на браната Гратче и Осоговијата, како и да придонесе за развој на планинското трчање и спортот воопшто, односно да биде поттик за…
Македонска Каменица, 04.11.2019 година – ФК Каменица Саса ја продолжува победничката серија. Во Крушево со победата од 0:2 над екипата на Питу Гули, ја остварија и третата победа по ред, четврта во последните шест натпревари. Се играше тврд натпревар, во кој домаќините на моменти покажаа и доста груба игра. ФК Каменица Саса искористи две шанси и заслужено славеше со 0:2. Стрелец на првиот гол беше Горан Здравков од пенал во 42 минута, по остриот старт врз Ненад Нешовски. По центаршутот на Нешовски, домашниот играч Мургоски ја погоди сопствената мрежа за конечни 0:2 во 44 минута. Тоа се случуваше во 44-та…
Во текот на ноќта најмногу дожд наврна во Пожаране,Тетово, Маврово, Лазарополе, Дебар, Охрид, Крушево и Струмица. Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени. Во Македонска Каменица, претежно облачно со повремен дожд и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Меѓународно натпреварување во Бенч прес на Војводина куп, Србија каде што освен светскиот шампион Бошко Стаменковски настапи и вториот македонски натпреварувач Лазар Захариев. Двајцата остварија одличен настап со три први места и по едно трето место. Бошко Стаменковски во категоријата под 74 килограми Опен стигна до првата позиција и златниот медал, а исто така најдобар беше и во конкуренцијата во М1 под 74 килограми каде што подигна 135 килограми и го освои првото место. Вториот македонски натпреварувач, Лазар Захариев беше на високо ниво и се искачи на првото место со златен медал во категоријата до 105 килограми во конкуренција на…
