Author: Media Point
Епидемија на заразна жолтица во Кочани прогласи Центарот за јавно здравје, откако бројката на заболени се искачи на повеќе од 20. Најголемиот број заболени се ученици од две основни училишта од градот. Дел од пациентите со полесни симптоми се пуштени на домашно лекување, додека посериозните случаи се лекуваат во Клиничката болница во Штип. Во моментов, овде се сместени 10 пациенти. Од нив 9 се од 5-11 години, а еден е 30 годишен. Досега овде биле лекувани и друго 8 пациенти. Првите случаи на забоолени од хепатит А се регистрирани на крајот од септември , кога болеста е потврдена кај шест…
Македонска Каменица, 22.10.2019 година – Осумнаесет општини од Источниот и Североисточниот плански регион ќе формираат заедничко јавно претпријатие за управување со комуналниот отпад, прво од таков вид во државата. Договор за основање на претпријатието постигнаа Регионалните одбори за управување со отпад и Општина Свети Николе, како дел од проектот за воспоставување интегриран регионален систем за управување со отпад. Се работи за активности што се реализираат во партнерство на Министерството за животна средина и просторно планирање и општините од двата региона, со финансиска поддршка од ИПА-програмата на Европската Унија. – На работна средба го договоривме учеството и начинот на управувањето со…
Македонска Каменица, 21.10.2019 година – Надворешната кацеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.А.(20) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба на наркотични дроги“.Во Кочани, на паркинг-простор од брана „Градче“, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин.
Метеоролошкиот сервис „AccuWeather“ објави долгорочна прогноза за претстојната зима. Додека за подрачјата на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни бури уште на почетокот на зимата, изгледа дека на Балканот зимата ќе биде блага, без силни температурни осцилации, а ќе нема ни многу врнежи. Блага, мирна зима на Балканот Додека во поголемиот дел од Европа ќе има многу бури, снег и продори на студени бранови, на Балканскиот Полуостров се очекува прилично мирна зима. – Ќе има бури, но тие нема да бидат толку изразени како минатата година – прогнозира метеорологот Џејсон Николс. Наместо тоа, спорадични бури ќе…
Македонска Каменица, 18.10.2019 година – Општина Македонска Каменица е прогласена за најдобра општина за создавање на добар амбиент за развој на проетприемаштвото во Средна и Југоисточна Европа според “Глобал Локал”. Наградата беше доделена во рамките на официјалната програма на Светскиот конгрес на претприемачи што се одржа во Скопје под покровителство на Владата на РСМ. Со ова се потврдуваат постојаните напори на општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, за поттикнување на развојот на претприемаштвото, преку организирање на Форуми со бизнис заедницата во регионот и пошироко. На Гала вечерта на Глобал Локал која вчера се одржа во Скопје, престижната…
Македонска Каменица, 16.10.2019 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, по повод Светскиот ден на храната организираше настан под мотото #СветБезГлад. Водени од идејата дека „Свет без глад до 2030 година е возможен”, учениците заедно со своите наставници и родители приготвија разновидна храна, давајќи свој придонес преку собраните средства, кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Од 1945 година на 16 октомври секоја година го славиме Светскиот ден на храната. Во општина Македонска Каменица во организација на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, заедно со учениците, нивните наставници, родители и гости, денес го одбележуваме Светскиот ден на храната…
Македонска Каменица, 16.10.2019 година – Општина Македонска Каменица со Здружението на бизнис жени – Бизнис поврзување преку Б2Б средби, Ве покануваат на организираниот настан Мини саем за жени претприемачи. Настанот ќе се одржи во Домот на култура, на 19. Октомври 2019 година, со почеток од 11 часот. Во рамките на настанот присутните ќе се запознаат работата и перспективите на општина Македонска Каменица, како и со мисијата и активностите на Здружението на бизнис жени, Екологијата и придобивките од заштитените подрачја на териротијата на нашата општина, а ќе бидат споделени и информации и совети за пристап до финансии. При тоа се предвидени…
Македонска Каменица, 15.10.2019 година – Со почетокот од грејната сезона, Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, денес свечено беше пуштен во употреба новиот систем за парно греење. Оваа инвестиција која ќе ги задоволува потребите за греење на околу 700 ученици во двете училишта во општина Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ чини 5.800.000,00 денари. „Продолжуваме со подобрувањето на условите за образование во основните и средните училишта во општина Македонска Каменица. Со поставувањето на системот за парно греење во основното училиште, решаваме еден децениски проблем, ќе обезбедуваме подобрено греење…
dav Македонска Каменица, 14.10.2019 година – Традиционалниот собир на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец“ во село Цера кој трае со години и денес по повод христијанскиот празник “Покров на Пресвета Богородица” ги собра верниците кај манастирот кој го носи името на мајката Божја и се слави секоја година на 14 октомври. Како што велат организаторите овој собир е еден од најстарите и традиционалните во село Цера. -Самиот собир е во организација на жителите од селото, но и здружението на граѓани “Еленец“ од село Цера. Општина Македонска Каменица активно учествува во спроведувањето на програмските активности, така и оваа година има предвидено богата…
Македонска Каменица, 14.10.2019 година – На 17 Октомври со почеток од 19:00 часот во Домот на култура ќе се прикажува македонскиот документарен филм „Медена земја“. Од општинската установа КИЦ „Романса“ Македонска Каменица изјавуваат дека „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ е еден од најнаградуваните македонски документарни филмови. Со победа во три категории на почетокот на годинава триумфрираше на престижниот филмски фестивал „САНДЕС“. „Медена земја“ е годишен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди. Бројот на влезници е ограничен. Картите можат да се купат од просториите на Дом на култура по цена од 100 денари.
