Author: Media Point

Македонска Каменица, 14.10.2019 година – Пингпонгарскиот клуб “Саса” од Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани љубители на пинг понгот дека започнува со упис на нови членови во клубот. Продолжениот рок за упис на нови членови се должи на градежните работи за комплетно преуредување на просториите на клубот. Членови на клубот можат да бидат сите граѓани на општина Македонска Каменица постари од 7 години. ППК “Саса” веќе е дел од Пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија. Сезонава се натпреварува во Втората пингпонгарска лига на Македонија. ППК „Саса“ од спонзорот на клубот годинава доби нова опрема за трениниг и натпреварување, како и…

ПОВЕЌЕ ...

Сончево време со температура до 30 степени Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени, соопшти УХМР. Во Македонска Каменица сончево и топло време, со температура до 29 степени. Според метеоролозите, во следните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 11.10.2019 година – Почитувајќи ја историјата и нејзините придобивки градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, со своја делегација положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ во нашиот град. На одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ, свежо цвеќе положија претседателот и членови на Советот на општната, претставници од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ЈП „Камена Река“, КИЦ „Романса“, како и претставници на дел од Општинските организации на политичките партии во Македонска Каменица. Оваа година, ученици при СОУ „Миле Јаневски…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалничката Стаменкова по повод денешниот празник 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ, упати честитка до граѓаните на Македонска Каменица. „На 11 октомври 1941 година нашите предци ја започнаа битката за слобода, а подоцна, преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност. Низ антифашистичката борба Македонија и нејзините граѓани од различни верска и етничка припадност дадоа свој придонес во победата над фашизмот“, наведува Стаменкова во честитката. Додава и дека „со својата храброст и одлучност, борците во антифашистичката борба го трасирале патот кон слобода, еднаквост и напредок“. „Заложбата на нашите предци за слобода и независност, денес е заложба…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.10. 2019 година – Денес, во Домот на култура во Македонска Каменица, учениците при ООУ „Св Кирил и Методиј“ приредија пригодна културно уметничка програма по повод утрешниот празник 11 Октомври – Ден на востанието на Македонскиот народ На приредбата преку читање на реферати, рецитирање на тематски литературни творби и изведба на хорски музички точки беше истакнат значајот на 11 Октомври како почеток на антифашистичкото востание и народноослободителната борба на македонскиот народ. Во Домот на култура при изведбата на културно уметничката програма присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, како и раководители и претставници на локалната самоуправа,…

ПОВЕЌЕ ...

„Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето“. Градоначалничката Соња Стаменкова денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈОУДГ „Бамби“.…

ПОВЕЌЕ ...

Зградите 1 и 2 во студентскиот дом „Стив Наумов“ наскоро ќе добијат темелно реновирање. Во тек е јавниот повик за изработка на техничка документација за санација и замена на дотраените материјали. Според повикот, техничката документација треба да има планиран лифт во двете згради, решение за замена на подовите, прозорите, вратите, реконструкција на тоалетите, репарација на крововите, поставување на видео надзор како и вградување на системи за против пожарна заштита. Подетално, почнувајќи од внатрешната реконструкција во двете згради планирана е замена на подовите во ходниците. Односно планирано е да се заврши постојниот под од терацо плочки, а на места каде…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.10.2019 година – Денес, во Македонска Каменица со прогодна програма беше одбележана Светската недела на детето. Во Домот на култура, во организација на КИЦ Романса за дечиња до 6-то одделение во два термини беше прикажана детската театарска претстава „Ловечка сказна“. Во публиката, при двете прикажувања на детската театарска претстава беа ученицие од 1-во до 6-то одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.10.2019 година – Денес започнаа градежните работи за изградба на локален пат до Врбачко маало во село Косевица. Oпштина Македонска Каменица преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој обезбеди 18.000.000,00 денари за реализација на повеќе проекти во селските средини. Преку оваа програма општина Македонска Каменица ќе искористи финансиски средства во износ од 12.000.000,00 денари за изградба на локални асфалтни патишта во село Косевица, и тоа до маало Бошњаци, Врбаци и Пашите. Вкупната должина која ќе ги поврзе овие рурални средини во село Косевица со…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08.10.2019 година – Започна реконструкцијата на спортската сала во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Моментално се отстранува стариот и дотраен под од Спортската сала, по што ќе започне поставувањето на новиот ултра модерен и стандардизиран под за ваков вид на повеќенаменски училишни спортски објекти. Со најниска понудена цена од 3.090.000,00 денари на е-аукцијата Друштво за производство, трговија и услуги ГИВ ГРУП ДОО увоз-извоз Скопје е избран за најповолен изведувач. Предвидениот рок за изведба на градежните активности е 5 месеци од денот на потпишување на Договорот за реконструкција и санација. Со ова, општина Македонска Каменица…

ПОВЕЌЕ ...