Author: Media Point
По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година. Наставата ќе продолжат да ја следат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20 000 првачиња. Во Македонска Каменица настава во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе следат 505 ученици, додека настава во гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ ќе посетуваат 150 ученици. Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука.
Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија каде утринската температура е само нула степени. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринава во Маврово и Крива Паланка се измерени -11 степени, во Македонска Каменица и Крушево -10 степени, во Лазарополе -9, во Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Петровец кај Скопје -8, во Битола, Виница и Струмица -7, во Демир Капија и Зајчев Рид во Скопје -5 и во Куманово -3 степени. За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе…
ЈАВЕН ПОВИК ДО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Европски квиз на пари 2020, МБА МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ЈАВЕН ПОВИК до основните и средните училишта во Република Северна Македонија Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на пари. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години. Европскиот квиз на пари се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари…
Општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие „Камена Река“ ги продолжуваат активностите од проектот за замена на старите и поставување на нови автобуски постојки. Изминатиов период беа поставени нови автобуски постојки во село Тодоровци и село Моштица (Павлиш Дол). Во текот на наредниот период, според потребите на граѓаните, вакви типски автобуски постојки ќе бидат поставени во сите селски средини и приградски населби од Општината. а
Традицијата на фрлање на чесниот Крст во речните корита, не ги одмина и Македонците во Италија. Иселениците од регионот Пиемонте, денес чесниот Крст го фрлаа во втората по големина река Тенаро, каде најсреќен беше Далибор Стаменковски. Како што информираа иселеници од оваа област, на чинот на фрлањето на крстот присуствуваа дел од иселениците од Источна Македонија кои се и најбројни во областа Пиемонте. -Бог се јави, навистина се јави, нека е за многу години денешниот празник. И овде во Италија не ја забораваме традицијата за Водици. Над педесетина пријавени денес учествуваа на чинот на фрлање на крстот во реката Тенаро,…
Македонска Каменица, 19.01.2019 година – Традиционално, Светиот крст за Водици, во Македонска Каменица се спушта во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Гоце Атанасовски од Македонска Каменица. Стотици граѓани од Македонска Каменица го проследија овој чин, а на најсреќниот, градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова му додели златник и пригодни подароци.
Некако во сенка на останатите фаворити во својата второлигашка конкуренција Исток, тимот на САСА од Македонска Каменица не само што ги реализираше своите замисли, цели и амбиции во есенскиог дел од сезоната, туку на пролет планира истите да бидат зголемени и надградени. Во таа насока, тренерот Мите Митев одлучи да направи извесни рокади во ростерот и на местото на оние кои си заминаа да доведени се неколку новитети. Па така, во преостанатиот дел од сезоната, нападот на САСА ќе го предводи досегашниот член на Работнички, напаѓачот Марио Станковски кому престојот во Каменица, ќе му послужи за еден вид фудбалска рехабилитација…
Во шпанската Сегунда Б, Сан Фернандо со 1-3 го победи Рекреативо на гости. Уште не почнат мечот, после една тики-така подобра и од онаа на Пеп Гвариола, Франсис Ферон го отвори резултатот.
Над подрачјето на Македонија имаме стациониран и добро наместен и стабилен антициклон кој е со зголемено поле на висок воздушен притисок што придонесува да имаме токму онакви временски прилики какви што имавме изминатиов период па така и денес. Според метео прогнозистичките параметри (модели) за жал ваквата временска состојба ќе не послужи се некаде до околу 23 / 1, а тоа секако подразбира дека до тој датум ќе продолжи да имаме генерално стабилно и суво време без никакви врнежи. Многу потопло со подолги сончеви периоди ќе можете да уживате низ планините и повисоките планински предели, додека котлините во добар дел од…
Општина Македонска Каменица објави Јавен повик до спортските клубови и спортските училишни работници за избор на Спортист на годината за 2019 година на општина Македонска Каменица. Јавниот повик објавен од Комисијата за спорт на општина Македонска Каменица ви го пренесуваме во целост: ЈАВЕН ПОВИК ДО СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ И СПОРТСКИ УЧИЛИШНИ РАБОТНИЦИ ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Општина Македонска Каменица организира Избор на спортист на годината за 2019 година. Од таа причина Комисијата за спорт формирана од Совет на општина Македонска Каменица ги повикува спотските клубови и спортските училишни работници од…
