Author: Media Point
Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот. Се бара и да се укинат празници за да нема…
Македонскиот репрезентативец, Влатко Стојановски, ја одигра најдобрата партија во дресот на Ним, партија која ја круниса со деби-погодок на еден официјален натпревар на францускиот прволигаш. Во рамките од третото коло од Лига Купот на Франција, поранешниот член на Ренова доби шанса за настап од првата минута, а истата ја искористи со погодок за печат на победата на својот нов тим над Ленс. Стојановски погоди од пенал во 87. минута од натпреварот за конечни 3-0. Претходно, во подготвителниот период 22-годишниот напаѓач запиша два гола во дресот на Ним. Стојановски се пресели во Франција од редовите на Ренова за сума од 1,5 милиони евра. Тоа е…
Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Јавноста дополнително ќе биде известена за условите што треба да ги исполнат сите заинтересирани граѓани. Ова е една од сетот мерки насочени кон намалување на аерозагадувањето. За неа ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“ кој ќе се примени и за мерката за печки на пелети. – За овие мерки важи принципот „прв дојден, прв услужен“ и затоа апелирам до граѓаните навремено да аплицираат до Министерството за економија – истакна Бектеши. За најавените субвенции за набавка на возила,…
Македонска Каменица, 29.10.2019 година – Општина Македонска Каменица во рамки на усвоената Програма за развој и работа за 2019 година, започна со изградба на улицата Даме Груев. Оваа улица со должина од 650 метри е од огромно значење за жителите од оваа населба, бидејќи за прв пат добиваат пристапен пат до своите домови. За изградба на улицата Даме Груев, каде моментално се вршат градежни работи за пробивање на трасата, општина Македонска Каменица издвои 11.167.005,00 денари. Во проектот за изградба на улицата покрај коловозниот дел со ширина од 5,5 метри, предвидени се и две тротоарни патеки со стандардна ширина од 1,5…
На 28.10.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле И.А.(30) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Чаир, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 28.10.2019 во 04.10 часот на Граничниот премин Делчево, на влез во Р.С.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа-лична карта“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ бил приведен Ц.Т.(41) од Р.Романија, по што бил предаден во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. …
Времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 степени. Во Македонска Каменица сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени. Во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.
Македонска Каменица, 29.10.2019 година – Во Среда, на 30-ти Октомври на Градскиот стадион во Македонска Каменица “петлињата” на ФК Каменица Саса го играат вториот натпревар од двомечот од 1/4 финалето на Купот на Македонија со екипата на ФК “Њу Старс” – Скопје. Минатата недела во Скопје, нашите надежи беа мининално поразени со 4:3 и покрај водството од 1:3. Во среда сите погледи се свртени кон нашите надежи, а сите патишта водат кон Градскиот Стадион во Македонска Каменица, – изјавуваат од ФК Каменица САСА За пласман во полуфиналето нашите надежи треба да надоместат еден гол негатива од првиот натпревар. Ги…
Социјалната мрежа Facebook воведува нов дел за новости “News Tab” на својата мобилна апликација каде ќе се прикажуваат наслови на вести кои ги бираат новинари, а на издавачите ќе им се плаќа за користење на нивниот материјал. Оваа социјална мрежа долго време беше во спор со издавачите на вести кои се жалат дека Facebook има придобивки од споделувањето на нивните написи без да платат за нив. Ова е потенцијално голем чекор за платформата, долго обележана со потешкотии да ги искорени дезинформациите и неподготвеноста да склучува договори со издавачите, пренесува AP. Во делот за вести ќе бидат содржани наслови од Wall…
МВР Билтен – Извадок на дел од дневни настани 28.10.2019 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 23.01.2017 пријавениот, во својство на директор во основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, склучил договор за јавни набавки на услуга во износ од 350.000 денари со правно лице од Македонска Каменица, иако не ги исполнувало условите за добивање на две релации за превоз на ученици, каде било предвидено да има вработено возач за секоја релација посебно, со што овозможил…
Според истражувањето на НВО Ини и најголемата регионална телевизија ТВ Стар од Штип, дури 50 % од општините во регионот, тендерите ги кријат од јавноста. За она на кое ги трошет народните пари, информации дури и на нивните официјални општински страници, не можат да се најдат. Ова е констатација која произлегува од деталната анализа за јавните набавки реализирани во текот на минатата година, а која ја направила невладината Ини: Она што загрижува е тоа што одредени општини ненавремено ги објавуваат плановите за тендерски постапки на веб-страните. Инсистираме условите да бидат транспарентни за сите“ изјави Зоран Биковски, НВО Ини Најлошо планирање …
