Author: Media Point

Македонска Каменица, 13.11.2019 година – Општина Македонска Каменица преку Агенцијата за поддршка на руралниот развој обезбеди средства за изработка на урбанистички планови во селата Луковица, Моштица и Саса. Со обезбедените средства во висина од 6.348.480,00 денари, со вклучен ДДВ, и изработката на урбанистичките планови во овие рурални населени места, општина Македонска Каменица ги подобрува условите за живот во селските средини. Рокот за изработка на овој проект е 540 денови или 18 месеци од потпишувањето на Договорот за оваа услуга за која општина Македонска Каменица, почнувајќи од 12.11.2019 година, преку Јавен оглас бара најповолен изведувач. Содржината на Јавниот оглас тука

ПОВЕЌЕ ...

Претежно облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина ќе се преместуваат кон исток каде што ќе се пообилни и ќе завршуваат. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура во Дојран и во Гевгелија ќе достигне со 19 степени, во Штип – 18, Македонска Каменица и Скопје – 17, Битола – 16, Охрид – 15… Утре времето треба да биде променливо облачно со повремен локален дожд и максимална температура од 14 до 20 степени, а в петок и в сабота се очекува сончево време со умерена облачност и со температури од 16…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 11.11.2019 година – По светската премиера на филмскиот фестивал во Рим и проекциите во Скопје, Охрид, Штип и Битола, филмот „Врба“ ќе се прикажува и во Македонска Каменица. На задоволство на каменичката и публиката од регионот, прокецијата на најновото филмско остварување на Милчо Манчевски, ќе се одржи во четврток на 14. Неомври 2019 година во Домот на култура со почеток од 19:00 часот. Во актерската екипа се: Петар Мирчевски, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристески Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ… Директор на фотографија…

ПОВЕЌЕ ...

Падна договор: Наставниците ќе имаат зголемување на платите од 1 јануари Падна договор меѓу СОНК и министерството за образование. Зголемување на платите за 10% ќе има од 1 јануари 2020, а не од април, како што нудеше Владата. Министерот за образование, Арбр Адеми по денешниот состанок рече дека со ова се враќа дигнитетот на професорската дејност. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека конечно нивното барање е прифатено, но и дека следат нови рунди преговори во иднина за нови прашања кои, како што рече се отворија во текот на „овој мачен и теѓок период на преговори“. СОНК вчера одлучи да…

ПОВЕЌЕ ...

Дистрибутери на светилки, инсталатерски и фирми за одржување, како и која било друга компанија што има соодветна експертиза или допирна точка со јавното улично осветлување, може да се пријави за реализација на ЕСКО проектот финансиран од Регионалната програма за енергетска ефикасност (РЕЕП). Во таа насока, општина Македонска Каменица денес започна спроведување на отворена тендерска постапка за избор на најповолен изведувач на ЕСКО проектот. Понудите може да се достават најдоцна до 18.12.2019 година до 12:00 часот, додека крајниот рок за поставување прашања е 10.12.2019 година до 15:30 часот, односно, краен рок за одговор на истите е 12.12.2019 година до 15:30 часот. Општина Македонска Каменица…

ПОВЕЌЕ ...

По многуте концерти за деветиот студиски албум „Извор“, Каролина Гочева го заокружи својот последен музички проект, а оттогаш новитетите поврзани со неа, барем оние што ги објавува во јавност, се однесуваат само на моден план. Каролина Гочева освен во музиката, стана се поактивна со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е. Постојано остварува нови соработки со познати модни брендови кои ги има и на македонскиот пазар, а за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи. ФОТО:КАРОЛИНА ГОЧЕВА/ИНСТАГРАМ/АНИ И ДИМИ Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја…

ПОВЕЌЕ ...

13 лекари од Општата болница во Кочани се испратени на специјализација во различни области за да го реши проблемот со недостиг од стручен медицински персонал. Усовршувањето на лекарите се реализира во соработка со Министерството за здравство, при што приоритет имаат одделенијата за хирургија, гинекологија и за интерни болести. – Со оглед што пред извесен период добивме четири педијатри за детското и тројца специјалисти за нервното, задоволени се потребите од лекари за овие одделенија. Во меѓувреме на специјализација испративме по тројца лекари за гинекологија и интерни болести, двајца за хирургија, а останатите се за ушни болести, рентгенологија, педијатрија, ортопедија и еден…

ПОВЕЌЕ ...

Една 54-годишна жена, која во Бугарија на друга жена за 100 евра ѝ ја продала ќерката, одговара пред судот во Германија, откако била обвинета дека во 2006 година тогаш 15-годишна тинејџерка ја довела во Дортмунд и ја принудувала на проституција. Цело време само плачев – изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето во Дортмунд. Во обвинението е наведено дека обвинетата, која е исто така Бугарка, ја упатила жртвата во сексуалната пракса, за потоа да ја принудува на проституција во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи ѝ награди.

ПОВЕЌЕ ...

Две лица се тешко повредени откако се судриле камион и автомобил на патот Каменица – Кочани. Во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот В.С. од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.С. од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило, 67-годишната Ј.С. по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот…

ПОВЕЌЕ ...

Над 80 години, нема возење автомобил. Ако досега имаше дилеми што ќе донесат измените во Законот за безбедност во сообраќајот, од Министерството за внатрешни работи за Фактор ги расчистуваат нејаснотиите. Овие законски измени, според МВР, веќе се во собраниска процедура. Со досегашниот закон возачка дозвола се издава на возачи само до 70 години, а потоа само со лекарско уверение. Тоа обично се продолжува на три години, или зависно од здравствената состојба на возачот. Со овие измени, исто така, Законот за безбедност на сообраќајот треба да се усогласи со Законот за прекршоци, донесен во мај годинава. Одреден е горен лимит на…

ПОВЕЌЕ ...