Author: Media Point
Постои општо верување дека понеделник е најлош ден. Доволно е некој да го спомне во текот на викендот и тоа автоматски ќе ни го влоши расположението. Зошто е тоа така? Па, понеделник е ден кога треба да одиме на работа или училиште. Ова значи дека треба да стануваме рано, да се туркаме во градскиот превоз со други (не)среќни луѓе или да патуваме со часови на работа поради метеж во сообраќајот, а кога ќе дојдеме на работа мора да се соочиме колегите и шефот. Звучи страшно, нели? Сепак, постојат добри причини зошто вторникот е многу полош ден од понеделник. Понеделник, исто…
Денес претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има магла и ниска облачност додека во текот на денов ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, кон крајот на денов и навечер повторно ќе има повремен локален дожд. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува по интензитет. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени. Веќе утре уште рано наутро и во претпладневните часови нов бран на врнежи ќе ја зафати нашата државава и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2)…
Д-р Крсте Петков Мисирков бил роден во Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874. Тој бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век. По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно…
Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес Офанзивецот на француски Ним, нашиот сограѓанин Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес. „Секој фудбалер е среќен кога ќе дебитира во националниот тим, задоволството кај мене е уште поголемо со оглед на постигнатиот гол. Но тоа е задачата на напаѓачите. Одигравме квалитетно второ полувреме во кое потврдивме дека може да се надигруваме и со најдобрите селекции во групата“…
Ова сигурно е еден од најдобрите поени кои се забележани во пинг – понгот.
Европскиот првак Вардар го очекува натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите на гостински терен против полскиот Келце. По ремито на средбата минатата сабота денеска ќе се направи обид да се дојде до подобар резултат, но јасно е дека ќе биде максимално тешко бидејќи Келце на домашен терен ќе биде сосема поинаков ривал. Натпреварот се игра во салата „Легионово“, започнува од 18:00 часот, а можете да го гледате на следниот ЛИНК.
Македонска Каменица, 14.11.2019 година – По подолго време, Македонска Каменица конечно ќе добие интернист. Од оваа година, една од специјализциите кои му се одобрени на делчевскиот Здравствен дом, е предвидена за потребите на каменичкото население: „За интерна медицина одбравме докторка од Македонска Каменица бидејќи многу е запоставена Каменица и се потрудивме малку од малку да ги задоволиме потребите бидејќи ја знаеме старосната граница на населението“ изјави д-р Марија Глигорова, дир. на Здравствен дом – Делчево Ова е прва специјализација што ќе ја добие Македонска Каменица по пауза од повеќе од 10-тина години. Дополнително, за наредната година, Здравствениот дом од Делчево…
Македонска Каменица, 14.11.2019 година – Во Домот на култура во Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ денес беа прикажани детските филмови „Џиновската крушка“ и „Кариран Нинџа“. Станува збор за филмови кои ги опфаќаат интересите на различни возрасни групи ученици, па така филмот за „Џиновската крушка“ го следеа ученици до 4-то одд., додека „Карираниот нинџа“ го следеа учениците од 5-то до 9-то одделение. „Можеме да се пофалиме дека општина Македонска Каменица е една од ретките општини кои поседуваат и користат модерна дигитална кино опрема, обезбедена преку прекуграничната соработка на Македонска Каменица и општина…
Бројот на лица со дијабетес во светот продолжува да расте. Споредено со 2017 година кога се публикувани последните резултати од осмото издание на Дијабетес атласот, бројот на лица со дијабетес од 425 милиони е пораснат на 463 милиони, односно, зголемен е за 38 милиони, според најновото деветто издание на Меѓународната федерација за дијабетес (International Diabetes Federation – IDF). Ова зголемување на бројот на лица со дијабетес е еднакво на бројот на жители во една голема европска држава како Полска или повеќе од двојно повеќе од бројот на жители во земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина…
Македонска Каменица, 14.11.2019 година – Одрони од утрово го отежнуваат сообраќајот на патниот правец Македонска-Каменица-Кочани. Одроните се наоѓат на 100-150 метри пред таканаречениот каменолом во близина на местото „Драките“. Од Македонија пат истакнаа дека екипи се на терен и ги расчистуваат одроните. Поради влажните коловози апелираат на внимателно возење.
