Author: Media Point
На магистралниот пат Превалец – с.Истибања, виничко, на место викано „Гара“, атар на с.Истибања, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(22) од Македонска Каменица, изгубило контрола и излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките А.А.(19) од с.Моштица, општина Македонска Каменица, В.С.(19) од Македонска Каменица и С.А.(19) од Македонска Каменица, додека Ј.П.(18) од Македонска Каменица се здобила со телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница, соопшти МВР. Извор: Kanal5.com.mk
Австриските ски центри објавија огласи работници за новата ски сезона, каде платите може да достигна до 100 евра на ден. Готвачи, келнери, рецепционери и собари се најбараните професии кои им недостигаат на ски центрите. Се работи за сезонска работа, од 15 ноември, односно од 1 декември до Велигден, во зависност од работодавачот и неговите потреби, додека пак работното време е шест дена неделно, од 48 до 52 работни часови. Стипе Ерцег, сопственик на ресторан од Хвар кој лично работел во австриските ски центри, вели дека се работи за сезонски работни места, а сместување и храна се обезбедени и додава дека на сезонските работници им се…
Македонска Каменица, 28.10.2019 година – ЖКК Баскет Кам одигра одлични натпревари во рамки на второто коло од Првата македонска лига на Македонија во женска конкуренција. Каменичките девојки славеа со 71:34 на гостувањето во Гостивар против ЖКК Гостивар. Рутинирана победа на почетокот од сезоната против силниот ЖКК Гостивар значи одлична игра и борба на ЖКК Баскет Кам за врвот на табелата. Младинската екипа на ЖКК Баскет Кам со одлична игра во текот на целиот натпревар како и сениорките славеше со 51:26 за дополнително славје на каменичките девојки. „Задоволни сме од играта и пожртвуваноста на сите поединци на теренот. Екипата е поискусна,…
Македонска Каменица, 28.10.2019 година – Во сабота, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра натпревар од десетото коло од Втората фудбалска лига на Македонија помеѓу екипите на ФК Каменица САСА и ФК Победа од Прилеп. Натпреварот започна со целосна доминација на домаќините, што создаде неколку изгледни шанси за гол во гостинската мрежа. Сепак, на одмор екипите отидоа со нерешен резултат. Во второто полувреме, домаќините продолжија со силниот притисок. Постојаната игра пред гостинскиот гол созададе шанса за гол во 60 минута која Ненад Нешовски ја искористи и ФК Каменица Саса го отвори резултатот. Со четвртиот постигнат гол сезонава Ненад Нешовски…
Бошко Стаменковски неброен број пати ја презентирал и афирмирал Македонија и родната Македонска Каменица во светски рамки. Стаменковски има бројни успеси во Пауерлифтинг и Бенч прес со освоени први места на европски и светски првенства и неколку рекорди. Македонскиот успешен спортист во Македонска Каменица во рок од 1 час успеа да направи 2525 склека што е светски рекорд и повторно се позиционира во елитната спортска историја. Ваков тип на спортисти Македонија треба да ги подржува и негува поради нивниот придонес кон нашата татковина кои тие ја придонесувааат.
Македонска Каменица, 26.10.2019 година – Учениците при двете општински училишта и дечињата од детската градинка „Бамби“ во Македонсска Каменица го означија почетокот на есенската акција на засадување декоративни садници. Акцијата „Засади Дрво“ вчера и денес се одвиваше во дворовите од училиштата, односно детската градинка „Бамби“ каде дечињата и учениците помогнати од наставниците и вработените во установите засадија вкупно 56 дрвца. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со учество и на останатите установи и институции во општина Македонска Каменица, со цел ополнително разубавување на централното градско подрачје со нови декоративни листопадни и зимзелени дрвја. Во денешната акција „Засади Дрво“ учествуваше…
Фото: Стигна Голф 8 На Интернет се појавија првите официјални фотографии од новиот европски бестселер, автомобил од германскиот гигант Фолксваген. Еден од најзначајните модели во историјата на Фолксваген ја дочека својата 8 генерација за време во 45 годишното постоење. Германскиот автомобилски гигант продолжува со формулата која веќе неколку децении му носи резултати, а на Голф му ја обезбедува лидерската позиција во Европа. Фолксваген го продолжува трендот на еволутивен дизајн на овој автомобил со погонско – механичка модернизација и примена на најновите технолошки достигнувања. На интернет се појавија фотографии в очи на светската премиера на Голф 8, овие фотки не откриваат…
Каменичанецот Бошко Стаменковски изминатиот викенд учествуваше на Бенч прес турнирот „Трофеј Београда“ во Србија. Стаменковски го освои првото место на турнирот подигнувајќи 135 кг. на бенч преса. Тој настапи во категоријата Ветерани -74кг. Натпреварот беше под организација на Пауерлифтинг федерацијата на Србија.
Епидемија на заразна жолтица во Кочани прогласи Центарот за јавно здравје, откако бројката на заболени се искачи на повеќе од 20. Најголемиот број заболени се ученици од две основни училишта од градот. Дел од пациентите со полесни симптоми се пуштени на домашно лекување, додека посериозните случаи се лекуваат во Клиничката болница во Штип. Во моментов, овде се сместени 10 пациенти. Од нив 9 се од 5-11 години, а еден е 30 годишен. Досега овде биле лекувани и друго 8 пациенти. Првите случаи на забоолени од хепатит А се регистрирани на крајот од септември , кога болеста е потврдена кај шест…
Македонска Каменица, 22.10.2019 година – Осумнаесет општини од Источниот и Североисточниот плански регион ќе формираат заедничко јавно претпријатие за управување со комуналниот отпад, прво од таков вид во државата. Договор за основање на претпријатието постигнаа Регионалните одбори за управување со отпад и Општина Свети Николе, како дел од проектот за воспоставување интегриран регионален систем за управување со отпад. Се работи за активности што се реализираат во партнерство на Министерството за животна средина и просторно планирање и општините од двата региона, со финансиска поддршка од ИПА-програмата на Европската Унија. – На работна средба го договоривме учеството и начинот на управувањето со…
