Author: Media Point
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени. Висината на снежната покривка во 7 часот во Маврово била 12 сантиметри, а на Попова Шапка 2 сантиметри. Утринава најстудено е во Берово, каде се измерени -10 степени, -8 во Маврово, Скопје – Петровец, -7 се измерени во Крива Паланка, Демир Капија, Тетово, Битола, Штип.
Вчера на улицата Ѓорче Петров во Делчево патничко возило со штипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(46) од Делчево удрило во пешак А.С.(55) од Делчево. По незгодата, како што информираат од полицијата, пешакот бил пренесен во здравствената установа „Гоце Делчев“ во Делчево, каде од лекар биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.
ИНТЕРВЈУ СО ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ: МИНАТАТА ГОДИНА МИ ДОНЕСЕ ТРАНСФЕР ВО ФРАНЦИЈА, ВО ОВАА САКАМ ПЛАСМАН НА ЕП! Влатко Стојановски зад себе ја остави успешната, за него, година на професионален план. Направи трансфер во Франција, има можност да биде дел од Топ 5 во Европа, а стигна и до репрезентативниот дрес каде што на своето деби успеа да постигне гол во Виена против Австрија. Стојановски игра за Ним. Можеби француската лига не е толку атрактивна како Шпанија или Англија, но секако и тука има добри тимови и играчи, пред се се мисли на ПСЖ, Монако, Лион… ВО ФУДБАЛОТ НЕ СЕ ЗНАЕ…
Македонска Каменица, 02.01.2020 година – На 31.12.2019 во 15.40 часот на ул.„Димитар Осоговски“ во Виница полициски службеници го лишиле од слобода Л.И.(66) од Виница, постапувајќи по претходна пријава за постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години“. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Izvor: mms.mk
Рудник САСА обезбеди новогодишен бонус за вработените, пакетчиња за сите деца, како и пакети за социјално ранливите категории граѓани Македонска Каменица, 31.12.2019 – Рудникот САСА и оваа година обезбеди новогодишни подароци за различни групи на граѓани од општината Македонска Каменица и за сите свои вработени. Покрај редовните настани што ги организира рудникот САСА во текот на целата година, на настаните во пресрет на Новогодишните празници се обиде на социјално ранливите категории на граѓани да им овозможи да ја почувствуваат топлината и радоста, , a најмалите да им овозможи дополнително да ја почувствуваат празничната магија вообичаени за овој период од годината.…
Македонска Каменица, 31.12.2019 година – Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и во соработка со општина Македонска Каменица учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници. Покрај доделените социјални пакети за 65 лица од ранливи категории, на заедничко дружење со градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и менаџментот на САСА беа доделени и новогодишни подароци и пакетчиња на лицата со посебни потреби. Дополнително, општината и САСА како општествено одговорна компанија им додели новогодишни пакетчиња на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица. „Среќни сме што и…
Македонска Каменица, 30.12.2019 година – Денеска во Детската градинка Бамби во Македонска Каменица, беше прикажана театарската претстава „Новогодишната желба на Дедо Мраз“ подготвена од воспитувачките и негувателките под будното око на директорката Снежана Златановска. Гости на претставата покрај дечињата на „Бамби“ беа и претставници на локалната самоуправа со градоначалничката Соња Стаменкова, претставници од Рудник Саса, директорот на ЈП Камена Река, како и членови на управниот одбор на градинката и родители. Со оваа претстава на најубав можен начин вработените во ОЈУДГ „Бамби“ на дечињата им ја честитаа Новата година. Во градинката утре како завршна активност ќе бидат доделени и новогодишните пакетчиња.…
Времето во текот на ноќта и утрово е умерено до значително облачно, во северозападните делови со слаб локален снег. Дува слаб, а на повеќе места и умерен ветер од северен правец. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 7 часот најниска температура од -9 е измерена во Маврово. Во Крушево -8, Лазарополе -7, Крива Паланка и Берово -6, четири степени под нулата се измерени во Охрид, Претор, Македонска Каменица и Виница, -3 во Струмица, -2 во Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 во Битола, Тетово и Куманово, нула степени во Скопје и Дојран и 2 степена во Гевгелија. Најмногу снег (7…
(текстот е преземен од официјалната интернет страница на општина Македонска Каменица) Советот на општина Македонска Каменица на денешната 28-ма Седница на Совет на општина Македонска Каменица, со 6 гласа „ЗА“ и 5 гласа „ПРОТИВ“ го Усвои Буџетот на општината за 2020-та година како и Одлуката за извршување на Буџетот. Македонска Каменица, 27.12.2019 година – Вкупниот буџет е проектиран на 298.824.750,00 денари, а основниот буџет изнесува 209.635.750,00 денари. Најголемите капитални приходи се планирани по основ на експлоатација на минерални суровини во висина од 123.000.000,00 денари.Билансот на капиталните расходи на кои им се дава приоритет се во висина од 103.850,00 денари.…
Македонска Каменица, 25.12.2019 година (текстот во целост е преземен од официјалната интернет страница на општина Македонска Каменица) – Претставници на Здружението на пензионери и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова започнаа со традиционалната активност на посета на домовите на изнемоштените и болни пензионери. При посетата на домовите, на 90 лица пензионери кои се ограничени со можноста за движење и присуство на останатите настани и манифестации организирани од Здружението на пензионери и општина Македонска Каменица им доделуваат солидарни пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена. „Здружението на пензионери е една од најактивните организации во нашата општина и доста…
