Author: Media Point

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Кочани Македонска Каменица за тешки товарни возила е во прекин. Според информации на возачи кои чекаат да го продолжат патот кон М.Каменица, на коловозот се наоѓа превртен камион ДАФ, поради што е оневозможено тешки товарни возила да се движат по патот. -Се пропуштаат само автомобилк додека според она што може да се забележи се чека влечна служба за да се отстрани камионот и сообраќајот да продолжи со нормален интензитет, јавуваат возачи. Засега нема имформации за повредени лица ниту за причината за превртувањето на приколката на камионот. Поради влажниот коловоз од подружницата на Македонија…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска ја посети општина Македонска Каменица   Македонска Каменица, 19.12.2019 година – ЕУ амбасадорот се сретна со градоначалничката Соња Стаменкова и одржа јавна дебата со учениците од средното училиште „Миле Јаневски – Џингар“ на тема „Визијата на младите за ЕУ“. Серијата дебати со млади беше организирана во соработка со невладината организација Младински образовен форум (МОФ) која води 15 младински клубови во осум општини ширум земјата. Пред почетокот на расправата со учениците, Жбогар оствари кратка работна средба со директорот на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Круме Стојановски. Посетата беше искористена и за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18.12.2019 година – Вработените и учениците при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица започнаа со Новогодиншното украсување на школскиот двор и внатрешноста на училиштето. Новогодишната еуфорија е веќе присутна како помеѓу учениците,така и помеѓу вработените во училиштето. Ова што можете да го видите на сликите е изработено со кративноста на учениците, а водени под импресија од претстојните Новогодишни и Божиќни празници. Реализацијата на оваа активност на учениците е под водство на професорката по текстилни предмети Данче Донева Гоцевска, – се вели во кратката објава на социјалните медиуми Целосната фотогалерија со кративни декорации од учениците можете да ја…

ПОВЕЌЕ ...

Со почеток од 19:00 часот во петок, на 20.12.2019 година, во Домот на Култура во Македонска Каменица гостува театарската претстава „Како да се ограби Банка“. Станува збор за комедија од авторот Сами Фејд, во режија на Катица Џишева Дупарова, а во изведба на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ од Гевгелија. Влезниците за театарската претстава веќе се пуштени во продажба. Истите можете да ги добиете во билетарницата на Дом на култура по цена од 100 денари. Бројот на карти е ограничен.

ПОВЕЌЕ ...

Православните верници утре го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере … Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменцица, 17.12.2019 година – ФК Каменица САСА на својот Twitter налог ја најави најновата програма на клубот. Станува збор за инклузија на лица со попреченост и телесен хендикеп во фудбалската игра под мотото #ФудбалЗаСите. „Сите сме исти“ и „Исто се радуваме на убавиот гол и фудбалски потег“ се постулатите на програмата која на почетокот треба на лицата со попреченост и телесен хендикеп да им обезбеди постојани тренинзи. Предвидени се и натпревари со други екипи на лица со попреченост и телесен хендикеп, за што од ФК Каменица САСА веќе имаат упатено и покани. Како што се наведува во објавата на…

ПОВЕЌЕ ...

Средното општинско училиште во Македонска Каменица “Миле Јаневски Џингар” продолжува да ги подобрува условите за поквалитетна настава. Преку реализираните проекти во соработка помеѓу училиштето, Општината и општествено одговорната компанија од нашиот град Рудникот САСА, покрај квалитетниот спортски и образовен развој на своите ученици им обезбеди и современа кабинетска настава за рударските смерови во училиштето. Исто така, вредни за спомнување се и големиот број на поволности и стипендии кои Рудник САСА им ги овозможува на заинтересираните ученици и студенти за изучување на рударските науки. За потребите на училиштето и Пингпонгарскиот клуб “САСА” од страна на Рудник САСА е набавена опрема за…

ПОВЕЌЕ ...

Нашиот сограѓанин Бошко Стаменковски се враќа со три златни медали Москва, Русија. Стаменковски изминатиот викенд учествуваше на Светскиот куп во Бенч прес, каде беше единствениот македонски претставник. Медалите, како што информира Стаменковски, се освоени во три дисциплини во силна конкуренција. -На овој натпревар најпрвин имавме мерење на 14 декември, додека натпреварите се одржа на 15 декември. Првиот златен медал го освоив во дисциплината за дигање тегови за натпреварувачи до 75 килограми со подигнати 132,5 килограми, златен медал освоив и во дигање тегови со повеќе повторувања во која имав 33 повторувања за подигната иста тежина и исто така со подигнати…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16.12.2019 година – Македонска Каменица продолжува со изградбата на локалните пристапни патишта во повеќето селски средини од Општината. Од општината изјавуваат дека веќе е завршено асфалтирањето на првите 1000 метри во селата Луковица и Тодоровци од вкупно предвидените 2730 метри. Денес започна изградбата на нов локален пристапен пат во село Цера, со должина од 340 метри. Склучениот Договор предвидува изградба на асфалтни патишта со вкупна површина од 8236 квадратни метри асфалт, за кои приближно се издвоени 12,9 милиони денари. Истовремено, во централното градско подрачје на Македонска Каменица интензивно се работи на подготовките за продолжување на улица “8-ми Септември”,…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Снег врне на П.Шапка, Стража, Пресека и во Маврово. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПОВЕЌЕ ...