Author: Media Point
Македонска Каменица, 07.12.2019 година – Општина Македонска Каменица спроведува отворена постапка за реконструкција на електричното осветлување на градскиот кеј на Каменичка Река. Од општината известуваат дека Јавниот оглас за прибирање на понуди започна вчера, на 06.12.2019 година, а ќе трае до 23.12.2019 година, заклучно ссо 12 часот. По изградбата на кејот и каскадното и партерно уредување на коритото на Каменичка Река, ова е нов проект на општина Македонска Каменица за целосно уредување и разубавување на овој дел од градот. Оваа рекнструкција на електричното осветлување го опфаќа целиот уреден дел на кејот. Во наредниот период на градскиот кеј дополнително ќе бидат…
Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо и студено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до 11 степени, а дневната температура од шест до шест до 12 степени. Во Каменица ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до шест степени. Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе се задржи магливо…
Со апел за еднаквост и инклузија во сите сфери на општественото живееење при посетата на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица на нашите пријателчиња им подаривме скромни поклони. Во насока на еднаквост и општествена инклузија, Фудбалскиот Клуб Каменица Саса ги отвара вратите од клубот за нашите пријателчиња од Дневниот Центар во Македонска Каменица за нивна вклученост, а сите спортски работници во ФК Каменица Саса ги отвараат своите срца за пријателство и дружење. ДА БИДЕМЕ ЕДНАКВИ ВО СЕ ! Со почит, ФК Каменица Саса
Утре, 05.12.2019 година, со почеток од 19:00 часот во Дом на култура во Македонска Каменица ќе се одржи театарската претстава „Од кол на кол“. Станува збор за комедија на театарот при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. Влезниците со цена од 100 денари може да се купат од Билетарата во Домот на култура во Македонска Каменица.
Во оваа натпреварувачка сезона 2019/2020 година, вкупно седум екипи во женското издание на М-18 лигата се борат за титулата на најдобар во нашата земја. И барем засега, по четири одиграни кола, пријатно изненадување се младите кошаркарки на КАМ Баскет. Екипата од Македонска Каменица се наоѓа пред главните конкуренти, Бадел 1862 односно Вардар. Имаат максимален број на победи, што е најава за интересно натпреварување во оваа највозрасна категорија во женската младинска кошарка. Потврда плус за тоа е и победата на гостувањето кај Струга 2009 (63:50). *Во М-16 конкуренцијата, изненадувачки добар почеток има екипата на Пробаскет Академија, која има најмногу освоени бодови,…
„Фејсбук“ почна да тестира нова алатка што треба да ни овозможи префрлување на фотографии и видеа од платформата на други сервиси како „Гугл фотос“. Алатката иницијално е пуштена во Ирска и ќе биде достапна низ светот во текот на првата половина од 2020 година. – Повеќе од една деценија им овозможуваме на луѓето да ги преземаат нивните информации од „Фејсбук“. Алатката за трансфер на фотографиите е базирана на код развиен низ нашето учество во проектот за трансфер на податоци – изјави Стив Сатерфилд, директор за приватност и јавни политики на „Фејсбук“. Овој проект вклучува учесници како „Епл“, „Гугл“, „Мајкрософт“, „Твитер“…
Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис. Целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион…
Македонска Каменица, 03.12.2019 година – Свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ од Македонска Каменица ги известува православните верници од регионот дека утре, 04.12.2019 година во 08:00 часот, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица во Светиот храм“ ќе се служи Света архиерејска златоустна литургија со која ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Оние кои имаат благослов можат да се причестат, додека децата до 7 години можете да ги причестите без претходна подготовка, односно без да постат! Христос помеѓу нас!
Македонска Каменица, 03.12.2019 година – По повод 3 -ти декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, денес во просториите на Дневниот центар во Македонска Каменица се одржа пригодна културно уметничка програма. Во програмата учестуваа штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во соработка со ученици од ООУ ,,Кирил и Методиј” и ученици од СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар”. Во општина Македонска Каменица секоја година се одбележува овој Меѓународен ден на лица со посебни потреби со пригодна културно-уметничка програма, модни ревии, огранизирани тематски работилници. Лицата со посебни потреби секоја година, покрај силната финансиска поддршка која ја добиваат преку…
Македонска Каменица, 02.12.2019 година – Во пресрет на 3 -ти декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, денес во просториите на Дневниот центар во Македонска Каменица беше реализирана работилница под мотото ,,Погледни ме од срце”. Вработените и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во соработка со ученици од ООУ ,,Кирил и Методиј” под менторство на наставничката Маја Бошначка Величковска и директорката на училиштето Марина В. Стојановска, како и ученици од СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар” под менторство на професорката Данче Донева изработија разни цртежи, колажи и модни креации од разновидни материјали. Општина Македонска Каменица секоја година…
