Author: Media Point

Македонска Каменица, 29.11.2019 година – Општина Македонска Каменица распиша тендер за замена на столарија и санација на трибини на училишна спортска сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Отворената поседноставена постапка трае до 12.12.2019 година. Според претходно утврдена динамика, градежните работи треба да бидат извршени за време на зимскиот распуст на учениците, со што нема да се попречува наставата која тековно ќе се одвива во спортската сала. Реконструкцијата на надворешнта столарија, трибините и поврзувањето на спортската сала се проекти во континуитет со кои се подобруваат условите за работа и настава. Учениците, спортистите и младите од Македонска Каменица…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица заврши реализацијата на проектот „И старите знаат и старите можат“ кој имаше за цел зголемување на медиумската писменост кај старите лица во општините Македонска Каменица и Виница.   Согласно истражувањето на Граѓанските организации „Надеж Норе“ од Македонска Каменица и „ИНИ“ од Виница, кои го реализираа проектот, како што информираше координаторот Марија Ситновска дојдено е до заклучоци дека медиумската писменост и социјалната инклузија на старите лица на социјалните мрежи и интернет просторот е мала.   -За таа цел во претходните 6 месеци, преку реализација на 6 работилници и обуки, во рамките на овој проект, се работеше на подобрување…

ПОВЕЌЕ ...

Булинг – го има насекаде, но тешко се спречува Живот Стефанија Тенекеџиева „Меѓуврсничкото насилство постои во училиштата и последниве години во голема мера се менуваат формите. Ние, барем според она што е мое искуство, треба многу да следиме за да можеме да го препознаеме. На пример, случајот јас што го имав во училиште беше слика пратена на социјална мрежа, којашто за неколку секунди искружила меѓу учениците од класот. Тоа ми беше единствен доказ во постапката што ја водев, бидејќи едно од девојчињата ја сочувало сликата. Taa e препратена на сите ученици од класот. Детето соблечено во соблекувална по долна облека,…

ПОВЕЌЕ ...

За оваа намена во Буџетот за 2020 година се обезбедени 2,4 милијарди денари и овие средства ќе се уплаќаат како придонеси во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес конференција го презентираа новиот Закон за субвенционирање на придонеси за раст на плати којшто стартуваше од неодамна. Министерката Царовска ги повика компаниите да ја искористат оваа мерка за којашто рече дека директно ги поттикнува и подржува работодавачите да ги зголемат платите на работниците. -Зголемувањето на платите директно ќе влијае на подобрување…

ПОВЕЌЕ ...

10 туристички дестинации што се прославија благодарение на Instagram Социјалните мрежи целосно го променија начинот на кој ги документираме нашите патувања. Истовремено, тие имаат и огромно влијание врз туризмот и популарноста на одредени атракции. Всушност, голем број дестинации за кои мнозинството немаше слушнато, станаа најпосакувани токму поради социјалните мрежи. А, Instagram дефинитивно ја има најголемата заслуга за тоа. Од полуостровот Јукатан, па сè до малите француски гратчиња, ова се дестинациите што се прославија благодарение на Instagram.

ПОВЕЌЕ ...

28.11.2019 година – Денес, во Велес се одржа обука на која учествуваа млади членови на еколошките друштва од земјава. Младите екологисти од Здравец 2002 – Македонска Каменица земаа учество на оваа обука за примена на концептот за зелена економија. Обуката беше водена од кооридинатори и претставници на еколошки друштва од земјава и интернационални обучувачи на тема: „Зелена економија и улога на ГО во примената на концептот за зелена економија во МСП во Македонија“.

ПОВЕЌЕ ...

Истражувањата покажуваат дека осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство врз децата За да се стави крај на насилството, владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година. Во светот милиони деца живеат во страв од физички, емоционално и сексуално насилство. Регионот на Западен Балкан не е исклучок, каде што и покрај сè поголемото политичко внимание и одговор во политиките и услугите, насилството врз децата и натаму е широко распространето, не се пријавува и екстремно им штети на децата. За да се…

ПОВЕЌЕ ...

Урнебесно видео: Свиња против грчки новинар Грчкиот новинар Лазос Мантикос известувал од поплавено подрачје недалеку од Атина, но во кадарот му влета непоканет гостин – свиња, која не сакаше да го остави на мир. За работата да биде уште полоша, но и посмешна, се’ се случувало во текот на јавување во живо во емисијата „Добро утро, Грција“, па колегите на Мантикос не можеа да се смират од смеење. Директното јавување морало да биде прекинато бидејќи несреќниот репортер никако не можел да се ослободи од упорната свиња, која веројатно избегала од блиската фарма.

ПОВЕЌЕ ...

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик. Пријавениот, на 26.11.2019 на социјалната мрежа Facebook објавил статус, со кој го сторил делото.

ПОВЕЌЕ ...

Од година во година финскиот образовен систем е број еден во светот. Образованието игра клучна улога во човечкиот, социјалниот и економскиот развој. Се смета за основно човечко право, а го подобрува квалитетот на живеење и мирот. Но, луѓето во неразвиените земји немаат пристап до квалитетно образование, додека во развиените земји луѓето имаат повисоко ниво на писменост и подобро образование. Со самото тоа им се помага на граѓаните од одредени земји подоцна да добијат подобро платени работи и со тоа поквалитетен живот. Финска редовно се наоѓа на врвот по квалитетот на образовниот систем. Што може Македонија да научи од Финска, на…

ПОВЕЌЕ ...